Прејди на содржината

Метју Арнолд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Метју Арнолд
Роден/а24 декември 1822
Лејлам, Мидлсекс, Англија
Починат/а15 април 1888
Ливерпул, England
ЗанимањеИнспектор на училишта
НационалностБританец
Периодвикторијански
Жанрпоезија; книжевна, социјална и верска критика
Значајни дела„Доверската плажа“, „Учениот Циганин“, „Тирза“, „Култура и анархија“, „Книжевност и догма“

Метју Арнолд (англиски Matthew Arnold; (роден на 24 декември 1714 година – починал на 15 април 1888 година) — англиски поет и критичар кој работел како училиштен инспектор. Тој бил син на Томас Арнолд, познат директор на училиштето Рагби и брат на Том Арнолд, професор по книжевност и Вилијам Делафилд Арнолд, романописец и колонијален администратор. Метју Арнолд се смета за писател – мудрец, кој ги поучува и им дава инструкции на читателите за современи социјални теми.[1]Бил и инспектор на училишта триесет и пет години и го поддржувал концептот на државно регулирано средно образование[2]

Рани години

[уреди | уреди извор]

Тој бил најстариот син на Томас Арнолд и неговата сопруга Мери Арнолд, роден на 24 декември 1822 година во Лејлам на Темза, Мидлсекс.[3] Пречесниот Џон Кебл, кој подоцна станал еден од водачите на движењето Оксфорд му бил кум на Метју. Томас Арнолд се восхитувал на химните на Кебл во „Христијанска година“, но бил повоздржан кога овој негов стар пријател станал реакционер на „Високата црква“ и бил наклонет на Рим во триесеттите години на 19 век. Во 1828 година, татко му на Арнолд бил назначен за директор на Училиштето „Рагби“ и неговото младо семејство таа година се сместило во куќата на директорот. Во 1831 година, приватен учител на Арнолд бил неговиот чичко, Џон Бакленд кај Лејлем, Мидлсекс. Во 1834 година, семејството Арнолдс се сместило во викендичка, Фокс хау, во Лејк Дистрикт. Вилијам Вордсворт им бил сосед и близок пријател. Фокс хау подоцна станал семеен дом, по прераната смрт на доктор Арнолд во 1842 година.

Во 1836 година, Арнолд се запишал на колеџот Винчестер, но во 1837 година, тој се вратил во училиштето „Рагби“, каде се запишал во петти клас. Тој се префрлил во шести клас во 1838 година и така бил под директен надзор на татко му. Напишал стих за текст за магазинот „Фокс хау“ што во периодот од 1838 до 1843 година го создале Метју и неговиот брат за задоволство на семејството. Во периодот кога бил ученик во Рагби, тој ги добил училишните награди за пишување есеј на англиски јазик и поезија на латински и на англиски јазик. Неговата поема во проза „Аларик во Рим“ била отпечатена во Рагби.

Во 1841 година, тој добил отворена стипендија за колеџот „Балиол“, Оксфорд..[3][4] За време на престојот на Оксфорд, се развило неговото пријателство со Артур Хју Клау, дипломец од Рагби, кој му бил омилен ученик на татко му. Арнолд присуствувал на проповедта на Џон Хенри Њуман во црквата Света Марија, но не се приклучил на движењето Оксфорд. Неговиот татко ненадејно починал од срцево заболување во 1842 година. Поемата на Арнолд „Кромвел“ ја добила наградата Њудигејт во 1843 година.[5] Тој дипломира следната година со многу добар успех.

Во 1845 година, по краткиот период кога предавал во Рагби, тој бил избран за член на универзитетскиот колегиум на колеџот Ориел, Оксфорд. Во 1847 година, тој станал приватен секретар на лорд Ленсдаун, претседател на Советот. Во 1849 година ја објавил својата прва книга поезија, „Заталканиот мечтател“. Во 1850 година Вордсворт починал и Арнолд ги објавил своите „Стихови за спомен“ на постариот поет во магазинот „Фрејзер“.

Брак и кариера

[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа што имал желба да се ожени, а не бил во можност да издржува семејство со плата на приватен секретар, Арнолд во 1851 година го побарал работното место и бил назначен за Инспектор на училиштата на нејзиното височество. Два месеца подоцна тој се оженил со Френсис Луси, ќерка на сер Вилијам Вајтман, член на правниот совет на кралицата. Семејството Арнолд имало шест деца: Томас (1852 – 1868), Тревенен Вилијам (1853 – 1872); Ричард Пенроуз (1855 – 1908), инспектор на фабрики; Луси Шарлот (1858 – 1934), која се омажила со Фредерик В. Витриџ од Њујорк, кого го запознала за време на американската турнеја на Арнолд кога тој држел предавања; Елеонор Мери Керолајн (1861 – 1936), омажена за (1) почесен Армин Воудхаус во 1889 година, (2) Вилијам Мејсфилд, Барон на Сандхерст, во 1909; Бејзил Френсис (1866 – 1868).

Арнолд честопати ги квалификува неговите обврски на училиштен инспектор како „заморни“, но понекогаш ги признавал придобивките од редовната работа. Поради неговата работа како инспектор, морал постојано да патува, посебно на почетокот, во поголем дел на Англија. „На почетокот Арнолд беше одговорен за инспекција на неконформистичките училишта во поголемиот дел на централна Англија. Тој помина долги заморни часови во текот на педесеттите години на 19 век по чекалните на железничките станици и хотелите од малите градови и уште подолги часови слушајќи како учениците ги рецитираат нивните лекции и родителите кои ги рецитираат нивните приговори. Но, тоа исто така значеше дека тој, меѓу првата генерација од ерата на железницата патуваше низ Англија повеќе од кој и да е писател некогаш. Иако неговите задолженија подоцна беа сведени на помала област, Арнолд го познаваше општеството на провинциска Англија подобро отколку поголемиот дел од авторите во метрополата и тогашните политичари“.[6]

Литературна кариера

[уреди | уреди извор]
Карикатура од Џејмс Тисо објавена во Vanity Fair во 1871 година

Во 1852 година Арнолд го објавил својот втор том поеми, Емпедокле на Етна и други поеми. Во 1853 година, тој ги објавил Поеми: ново издание избор од два претходни тома, од кои била изоставена Емпедокле на Етна, но биле додадени нови поеми „Сохраб и Рустум“ и „Учениот Циганин“. Во 1854 година, излегла од печат Поеми: втора серија; исто така избор, во што била вклучена нова поема, „Болдер мртов“.

Арнолд бил избран за професор по поезија на Оксфорд во 1857 година. Тој бил прв што држел предавања на англиски место на латински.[7] Повторно бил избран во 1862 година. „За преводот на Хомер“ (1861) и првичните мисли што Арнолд ќе ги преиначи во „Култура и анархија“ биле дел од плодовите од предавањата во Оксфорд. Во 1859 година, тој првпат отпатувал на континентот (по што следеле уште две патувања), по барање на парламентот за изучување на европските образовни практики. Сам ја објавил Популарно образование во Франција (1861), чиј вовед подоцна бил објавен под наслов „Демократија“ (1879).[8]

Надгробната плоча на Арнолд
Гробот на Метју Арнолд во црквата Сите Светци, Лејлам, Сари.

Во 1865 година, Арнолд објави Критички есеи: прва серија. Критички есеи: втора серија не се појави до ноември 1888 година, наскоро по неговата прерана смрт. Во 1866 година тој ја објавил Тирсис, неговата елегија за Клау, кој починала во 1861 година. Најважното дело од социјалната критика на Арнолд Култура и анархија (и едно од ретките негови дела што сė уште се печати), било објавено во 1869 година. Литература и догма, најважното дело на Арнолд од религиозната критика излегло од печат во 1873 година. Во 1883 и 1884 година, Арнолд во Соединетите Американски Држави имал низа предавања за образование, за демократија и за Ралф Валдо Емерсон.[9]Тој бил избран за странски почесен член на Американската академија за уметности и науки во 1883 година[10]

Во 1886 година, тој се пензионирал од вршење инспекција на училиштата и уште еднаш отпатувал за Америка[11]. Починал ненадејно од срцев удар во 1888 година, кога трчал да стигне трамвај што требало да го однесе до станицата во Ливерпул, каде требало да се сретне со неговата ќерка која била во посета од САД, каде се пресели откако се омажи за еден Американец.[12]

Карактерот на Арнолд

[уреди | уреди извор]
Карикатура од Пунч, 1881 година: „Признајте дека Хомер понекогаш кимнува со главата, дека поетите „пишуваат ѓубре“, Нашиот бард напишал „Балдер мртов“, а исто така и Балдер-даш"

Метју Арнолд „беше навистина прекрасно друштво“, напишал Г. В. Е. Расел во Портрети од седумдесеттите; „светски човек, сосема ослободен од светот и писател без најмала трага на дребничавост“. Позната личност во клубот Атенеум, често „ручаше надвор и беше чест гостин во куќите на село, сакаше лов и риболов, водеше живи дискусии, беше склон кон комбинација на гиздење и отменост, постојано читаше се и сешто и во паузите кога не работеше на издржување свое и на своето семејство со заморните училишни инспекции, тетратка по тетратка исполнуваше со медитации во скоро монашки тон. Во неговите пишувања, тој честопати ги збунуваше, а понекогаш и ги нервираше своите современици со очигледна противречност меѓу неговата урбана, дури и фриволна контроверзност и „голема сериозност“ на неговите критички ставови и меланхолично, скоро жално расположение што провејува во поголем дел од неговата поезија. Т. Х. Ворен го опиша како „глас што засмејува во дивината“.

„Оксфордска елегија“ од Воган Вилијамс, дело со раскажувач, со мешан хор и мал оркестар (1949), е заснован на извадок од „Учениот Циганин“ и „Тирсис“.

Арнолд понекогаш го нарекуваат третиот најважен поет од викторијанскиот период, заедно со Алфред Тенисон, првиот барон Тенисон и Роберт Браунинг.[13] Арнолд бил свесен за своето место во поезијата. Во писмо до неговата мајка од 1869 година, тој напишал:

„Моите песни во целост го претставуваат главниот развој на мислата од последната четвртина на векот и затоа најверојатно ќе дојде време кога луѓето ќе станат свесни за тоа каков е тој развој и ќе се заинтересираат за книжевното творештво што го рефлектира. Можам благо да навестам дека имам помал поетски сентимент од Тенисон, со послаб интелектуален жар и помалку сум продуктивен од Браунинг; но сепак, бидејќи во мене можеби има повеќе соединување од нив двајца отколку во кој и да е од нив посебно и редовно ја применувам таа соединување во модерниот развој, многу е веројатно да дојде моето време како што дојде нивното.“.[14]


Стефан Колини ова го смета за „исклучително искрена и доста праведна самопроценка“.

„Поезијата на Арнолд продолжува да го привлекува вниманието на учениот свет, делумно бидејќи се чини дека во неа има впечатлив доказ за неколку централни аспекти од интелектуалната историја на ЏИЏ век, особено корозијата на „верата“ со „сомнежот“. Ниту еден поет не би сакал по неколку векови на него да се навраќаат само како на историски сведок, а интелектуалното разбирање на стихот на Арнолд е посебно подложно на ваков однос“.[15]

Харолд Блум ја повторува квалификацијата што Арнолд си ја дава во неговиот вовед (како уредник на серијалот) на Модерни критички погледи томот за Арнолд:

„„Арнолд го внесе во својата поезија она што им беше потребно на Тенисон и на Браунинг (но сепак го апсорбираа), главниот развој на мислата во негово време.“ За неговата поезија Блум вели, „какви и да се неговите постигнувања како критичар во литературата, општеството или религијата, неговата работа како поет може да не ја заслужува репутацијата што опстана за него и во ЏЏ вк. Арнолд во најдобар случај е многу добар, но значително деривативен поет...како што е случај и со Тенисон, Хопкинс и Розети, доминантниот претходник на Арнолд е Китс, но ова е несреќен спој бидејќи самиот Арнолд (за разлика од другите) тврдел дека не му се восхитува многу на Китс, а истовремено ги пишувал своите елегии со дикција, метар и имажистичка постапка што срамно многу потсетуваат на Китс.“


Меѓутоа, сер Едмунд Чејмберс забележал дека при споредбата на најдобрите дела на Метју Арнолд со оние на шесте најдобри автори од негово време...повеќе дела опстанаа од Метју Арнолд отколку од нив.“ Чејмберс ја процени поетската визија на Арнолд од аспект на

„нејзината едноставност, луцидност и директност; нејзината буквалност...; умерената употреба на китнести или на претерани зборови, поради што тие сеефикасни; избегнување на инверзии и општа директност на синтаксата, што им дава целосна вредност на деликатностите на различниот ритам и поради тоа, од сите стихови што ми се познати, се најлесни за читање на глас.“.[16]


Во Ливерпул, каде починал, постои основно училиште наречено по него и истоимено средно училиште во Оксфорд и Стајнс.

Неговата литературна кариера – изоставајќи ги неговите две наградни песни – започна во 1849 година со издавањето на Залутаниот мечтател и други песни, што привлекло малку внимание – иако во неа беше можеби најчистата поетска песна на Арнолд „Заборавениот тритон“ – но наскоро била повлечена. Емпедокле на Етна и други песни (меѓу нив „Тристрам и Изолт“) објавена во 1852 година, имала слична судбина. Во 1858 година тој ја објавил својата трагедија Меропе, што, како што му пишал тој на еден пријател, повеќе било наменето, „да го инаугурира моето професорско место со достоинство отколку длабоко да го трогне човечкиот род“ и претежно забележително поради некои експерименти во необични – и неуспешни – метри.

Неговата песна „Доверската плажа“ од 1867 година прикажува кошмарен свет од кој исчезнале старите религиозни вредности. Таа понекогаш се смета за еден од првите, дури и прв пример на модерен сензибилитет. Во познатиот предговор на избор песни од Вилијам Вордсворт, Арнолд се идентификува себеси, малку иронично, како „човек на Вордсворт“. Очигледно е влијанието на Вордсворт во најдобрата поезија на Арнолд и во идеите и во дикцијата. Песната на Арнолд „Доверската плажа“ се појавува во Фаренхајт 451 на Реј Бредбери, а исто така се спомнува како значајна во Сабота од Ијан Мекеван. Таа исто така беше цитирана или спомната во голем број други контексти (вид. Доверската плажа“).

Некои сметаат дека Арнолд е мостот меѓу Романтизмот и Модернизмот. Неговата употреба на симболични пејзажи била типична за романтичната ера, додека неговиот скептичен и песимистичен стил бил типичен за современиот период. Рационалистичката тенденција на некои негови дела навреди многу читатели и била доведена во прашање неговата образовна компетентност во обработката на некои теми со кои се занимавал, но несомнено во негово време постоело инспиративно влијание. Неговите дела се одликуваат со префинетост, висока цел, искреност и мошне препознатлив стил, а поголем дел од неговата поезија имаше деликатна и суптилна убавина, иако постоеја сомнежи дали високата култура и доброто познавање на поезијата не го заземаа понекогаш местото на вистинскиот поетски жар. Хенри Џејмс напишал дека поезијата на Метју Арнолд ќе им се допадне на оние кои „сакаат несекојдневни задоволства“ и кои сакаат да чујат како поетот „зема здив“.

Расположението во поезијата на Арнолд тежнее кон жаловно размислување и се воздржува од изразување чувства. Тој сакал поезијата да биде „критика на животот истовремено филозофска“. Филозофијата на Арнолд е дека вистинската среќа доаѓа од внатре и дека луѓето треба да го бараат доброто во нив, а да бидат резигнирани при прифаќање на надворешни работи и да го избегнуваат бесцелниот метеж во светот. Меѓутоа, тој сметал дека не треба да живее со уверување дека еден ден ќе ни следува вечен благослов. Ако не сме среќни на Земјата, треба да ги промениме нашите желби наместо да мечтаеме за нешто што никогаш нема да ни се оствари. Оваа филозофија е јасно изразена во „Доверската плажа“ и во следниве стихови од „Строфи од Гранд Шартрез“

Арнолд ја вреднува природата поради мирот и постојаноста, што е различно од постојаната промена на човечките нешта. Неговите описи честопати се живописни и означени со впечатливи споредби. Но, истовремено, тој сакал придушени бои, замагленост и месечева светлина. Се смета дека ја претпочитал „придушената светлина“ на морските длабочини во „Заборавениот тритон“ наместо селскиот живот што го сакал изгубената сопруга на тритон.

Во својата поезија тој изведува теми на неговите наративни песни од разни традиционални или книжевни извори, но за романтичната меланхолија на неговите претходни песни уште повеќе е инспириран од „Оберман“ на Сенанкур. Неговите најголеми недостатоци како поет потекнуваат од немањето слух и честиот неуспех да разликува поезија од проза.

Проценувајќи ја важноста на прозните дела на Арнолд во 1988, Стефан Колини изјавува „од причини што имаат врска со нашите сопствени културни преокупации како и со заслугите на неговите дела, најдобриот дел од неговата проза влијае на нас денес, што не може да се спореди со неговата поезија.“ [17] Секако, сė уште може да има некои читатели кои слабо ја паметат „Доверската плажа“ или „Учениот Циганин“ од училишните антологии, но се изненадени кога ќе дознаат дека тој исто така пишувал и проза.[18]

Џорџ Вотсон го следи Џорџ Сентсбери при поделбата на кариерата на Арнолд како прозен писател во три фази: 1) рана книжевна критика што започнува со предговорот на изданието на неговите песни во 1853 година и завршува со првата серија на Критички есеи (1865); 2) продолжен среден период (се преклопуваат првите и третите фази), поезија карактеризирана со социјални, политички и религиозни дела (околу 1860-1875 година), враќање на книжевната критика со избор и редактирање на збирка поезија од Вордсворт и Бајрон и втора серија Критички есеи.[19] Ватсон и Сентсбери тврдат дека повеќе ја претпочитаат книжевната критика на Арнолд отколку неговата социјална или религиозна критика. Понови писатели, како Колини, покажаа поголем интерес за неговите социјални текстови, додека во текот на годините значителна метакритика се фокусираше на религиозните текстови на Арнолд. Тој не вклучува посебни напори да ги оддели неговите текстови за образованието од социјалните текстови.[20]

Книжевна критика

[уреди | уреди извор]

Работата на Арнолд како книжевен критичар започнува со „Предговор на поемите“ во 1853 година. Во него тој се обидува да го објасни својот екстремен чин на автоцензура со изземање на драмската поема „Емпедокле на Етна“. Скоро сите основни елементи во неговата критичка теорија може да се разгледуваат со акцент на важноста на темата во поезијата, на „јасноста на групирањето, строгоста на развојот, едноставноста на стилот“, што го научи од Грците и силното влијание на Гете и Вордсворт. Џорџ Вотсон го опиша предговорот на 31-годишниот Арнолд како „чудно крут и непријатен во однос на елегантноста на неговата подоцнежна проза.“[21]

Критиката започнува најпрво во текстовите на Арнолд во 1857 година кога тој првпат бил назначен на местото професор по поезија на Оксфорд, што го држел два семестара во период од пет години. Во 1861 година биле објавени неговите предавања За преводот на Хомер, по кои во 1862 година уследи Последен збор за преводот на Хомер - и двата тома се напишани со одличен стил и полни со впечатливи заклучоци и сугестивни забелешки, но засновани на мошне произволни претпоставки без добро основани заклучоци. Посебно карактеристично, како за неговите недостатоци, така и за неговите квалитети, е од една страна неубедливото застапување на англиските хексаметри и неговото создавање на книжевен апсолут во „грандиозниот стил“, а од друга страна неговата силна потреба за објективна и интелигентна критика во Англија.

Иако поезијата на Арнолд добива само мешани критики и внимание за време на неговиот живот, неговите обиди во книжевната критика биле поуспешни. Арнолд е познат по воведување на методологија на книжевна критика, некаде меѓу историскиот пристап вообичаен за повеќето критичари од тоа време и личниот есеј; тој често се префрла брзо и лесно од книжевни теми, на политички и социјални проблематики. Неговите Критички есеи (1865, 1888), до денес имаат значајно влијание врз критичарите. Во еден од неговите најпознати есеи на тема „Студија за поезијата“, Арнолд пишува дека „без поезија, нашата наука ќе изгледа некомплетна, а поголем дел од она што сега спаѓа во религија и филозофија, ќе биде заменето со поезија“. Тој смета дека најважниот критериум што се користи за процена на вредноста на една песна е „искреноста“ и „сериозноста“. Според овој стандард, „Кантербериски приказни“ на Чосер не го заслужува одобрувањето на Арнолд. Освен тоа, Арнолд сметал дека дела за кои се покажало дека се искрени и сериозни, како оние на Шекспир и на Милтон, може да се користат како основа за споредба при одредување на квалитетот на други поетски дела. Тој исто така настојувал книжевната критика да остане објективна и тврдел дека треба да се цени „предметот онаков каков што навистина е“.

Социјална критика

[уреди | уреди извор]

Од книжевна критика тој преминува на поопшта критика за духот на неговото доба. Помеѓу 1867 и 1869 година, тој го пишува делото Култура и анархија,[22][23] познато по терминот што тој го популаризирал за средната класа на англиското население од викторијанскиот период[24]: „малограѓани“ (Пхилистинес), збор кој своето модерно значење (на англиски, бидејќи употребата на германски веќе била воведена) го добил од него[25]. Култура и анархија е исто така познато по тоа што во него е популаризирана фразата „се топи од љубезност“ , кованица на Џонатан Свифт.[26]

Потребата на Арнолд за „логика и темелност на мислата“, како што забележа Џон М. Робертсон во Модерни хуманисти, бил аспект на неконзистентност за кој бил обвинет Арнолд. Малку од идеите се лично негови и тој не успеал да ги помири конфликтните влијанија кои толку силно го придвижувале. „Постојат четири личности“, тој еднаш му пишал на кардиналот Њуман, „од кои лично сум свесен дека сум научил – што е многу поразлично од тоа само силно да сум бил импресиониран – научив навики, методи, идеи кои ме водеа, кои се постојано со мене; а тие четворица се – Гете, Вордсворт, Сент-Бев и Вие“. Мора да се додаде и доктор Арнолд; фундаменталната љубов на синот кон таткото уште порано била нагласена од Свинбрн, а подоцна била потврдена од внукот на Метју Арнолд, Арнолд Витриџ. Воспитан во малограѓански дух, како отворен космополит и претставник на културата што ја напаѓа, тој до крај останал еден вид малограѓанин.

Новинарска критика

[уреди | уреди извор]

Во 1887 година Арнолд бил заслужен за кованицата „нов журнализам“, термин со кој понатаму се дефинира цел еден жанр на историја на весник, посебно печатарската империја на лорд Нортклиф на крајот од векот. Меѓутоа, во тоа време целта на иритацијата на Арнолд не е Нортклиф, туку сензационалистичкото новинарство на уредникот на Пал Маг Газет, В. Т. Стед, од почетокот во 1865 година. Како повремен дописник, тој посебно се спријателува со првиот уредник, Фредерик Гринвуд и остварува блиско познанство со вториот уредник, Џон Морли. Меѓутоа, тој остро го критикува Стед кој е склон кон сензационализам и изјавува дека под негова палка „ПМГ по кратка постапка ќе престане да биде литература, без оглед на заслугите на весникот“.[27]

Религиозна критика

[уреди | уреди извор]

Арнолдовите религиозни погледи биле необични за тоа време. Проучувачите на делата на Арнолд не се согласуваат околу природата на личните религиозни убедувања на Арнолд. Под влијание на Барух Спиноза и неговиот татко, доктор Томас Арнолд, тој ги отфрлил суеверните елементи во религијата, но сепак останал фасциниран од црковните ритуали. Се чини дека Арнолд припаѓа на една прагматична златна средина која повеќе ја засегала поезијата на религијата, нејзините доблести и вредности за општеството отколку постоењето на Бог.

Во својот предговор на Boг и Библијата во 1875 година тој напишал „ликовите во христијанскиот рај и нивните разговори не се пореални од ликовите на Богрчката планина Олимп и нивните разговори.“ Тој во Книжевност и догма исто така напишал: „зборот жбогж во повеќе случаи се користи не како научен термин или егзактно знаење, туку термин на поезија и елоквентност, термин што е исфрлен, да речеме, како нецелосно разбран предмет на свесноста на говорникот – накратко, книжевен термин, под кој луѓето подразбираат различни нешта во зависност од разликите на нивната свесност.“ Тој ја дефинира религијата како „моралност допрена од чувство“.

Меѓутоа, тој во истата книга исто така напишал, „да се премине од христијанство што се потпира на своите чуда на христијанство што се потпира на природната вистина е голема промена. Тоа може да го сторат само оние чија приврзаност кон христијанството е таква што тие не можат да се разделат од него и не можат ништо друго освен искрено да се справат со него.“

  1. Landow, George. Elegant Jeremiahs: The Sage from Carlyle to Mailer. Ithaca, New York: Cornell University Press, 1986.
  2. Judge, Harry; Toyne, Anthony, уред. (1985–1993). „Arnold, Matthew“. Oxford Illustrated Encyclopedia. 5. Oxford, UK: Oxford University Press. стр. 22. ISBN 0-19-869129-7. OCLC 11814265.
  3. 3,0 3,1 Collini, Stefan. „Arnold, Matthew“. Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/679.CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)
  4. Предлошка:Alox2
  5. Cromwell: A Prize Poem, Recited in the Theatre, Oxford; June 28, 1843 at Google Books
  6. Collini, 1988, p. 21
  7. „Professor of Poetry | Faculty of English“. Архивирано од изворникот на 23 July 2014. Посетено на 16 July 2014.
  8. Super, CPW, II, p. 330.
  9. „Literary Gossip“. The Week: A Canadian Journal of Politics, Literature, Science and Arts. 1. 1: 13. 6 December 1883.
  10. „Book of Members, 1780–2010: Chapter A“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 25 April 2011.
  11. Poems by Matthew Arnold. Introduction by A. C. Benson; illustrated by Henry Ospovat. London: John Lane. 1900.CS1-одржување: друго (link) xxxiv+375 pp.
  12. The Times (Лондон). 1 July 1901. Бр. 36495,
  13. Collini, 1988, p. 2.
  14. Bloom, 1987, pp. 1–2.
  15. Collini, 1988, p. 26.
  16. Chambers, 1933, p. 165.
  17. Collini, 1988, p. vii.
  18. Collini, 1988, p. 25.
  19. Watson, 1962, pp. 150–160. Saintsbury, 1899, p. 78 passim.
  20. Mazzeno, 1999.
  21. Watson, 1962, p. 147.
  22. Born, Daniel (1995). The Birth of Liberal Guilt in the English Novel: Charles Dickens to H.G. Wells. UNC Press Books. стр. 165.
  23. Caufield, James Walter (2016). Overcoming Matthew Arnold: Ethics in Culture and Criticism. Routledge. стр. 3–7.
  24. Malachuk, D. (2005). Perfection, the State, and Victorian Liberalism. Springer. стр. 87–88.
  25. Brendan A. Rapple (2017). Matthew Arnold and English Education: The Poet's Pioneering Advocacy in Middle Class Instruction. McFarland. стр. 98–99.
  26. The New Dictionary of Cultural Literacy, Third Edition. Sweetness and light. Houghton Mifflin Company.
  27. Gurstein, Rochelle (2016). The Repeal of Reticence: America's Cultural and Legal Struggles Over Free Speech, Obscenity, Sexual Liberation, and Modern Art. Farrar, Straus and Giroux. стр. 57–58.
Основни
  • George W. E. Russell (editor), Letters of Matthew Arnold, 1849–88, 2 vols. (London and New York: Macmillan, 1895)
    • Published seven years after their author's death these letters were heavily edited by Arnold's family.
  • Howard F. Lowry (editor), The Letters of Matthew Arnold to Arthur Hugh Clough (New York: Oxford University Press, 1932)
  • C. B. Tinker and H. F. Lowry (editors), The Poetical Works of Matthew Arnold, Oxford University Press, 1950 standard edition, OCLC 556893161
  • Kenneth Allott (editor), The Poems of Matthew Arnold (London and New York: Longman Norton, 1965) ISBN 0-393-04377-0
    • Part of the "Annotated English Poets Series," Allott includes 145 poems (with fragments and juvenilia) all fully annotated.
  • Robert H. Super (editor), The Complete Prose Works of Matthew Arnold in eleven volumes (Ann Arbor: The University of Michigan Press, 1960–1977)
  • Miriam Allott and Robert H. Super (editors), The Oxford Authors: Matthew Arnold (Oxford: Oxford university Press, 1986)
    • A strong selection from Miriam Allot, who had (silently) assisted her husband in editing the Longman Norton annotated edition of Arnold's poems, and Robert H. Super, editor of the eleven volume complete prose.
  • Stefan Collini (editor), Culture and Anarchy and other writings (Cambridge: Cambridge University Press, 1993) part of the Cambridge Texts in the History of Political Thought series.
    • Collini's introduction to this edition attempts to show that "Culture and Anarchy, first published in 1869, has left a lasting impress upon subsequent debate about the relation between politics and culture" —Introduction, p. ix.
  • Cecil Y. Lang (editor), The Letters of Matthew Arnold in six volumes (Charlottesville and London: The University Press of Virginia, 1996–2001)
биографија
  • George Saintsbury, Matthew Arnold (New York: Dodd, Mead and Company, 1899)
    • Saintsbury combines biography with critical appraisal. In his view, "Arnold's greatness lies in 'his general literary position' (p. 227). Neither the greatest poet nor the greatest critic, Arnold was able to achieve distinction in both areas, making his contributions to literature greater than those of virtually any other writer before him." Mazzeno, 1999, p. 8.
  • Herbert W. Paul, Mathew Arnold (London: Macmillan, 1902)
  • G. W. E. Russell, Matthew Arnold (New York: Charles Scribner's Sons, 1904)
  • Lionel Trilling, Matthew Arnold (New York: Norton, 1939)
    • Trilling called his study a "biography of a mind."
  • Park Honan, Matthew Arnold, a life (New York, McGraw–Hill, 1981) ISBN 0-07-029697-9
    • "Trilling's book challenged and delighted me but failed to take me close to Matthew Arnold's life. ... I decided in 1970 to write a definitive biography ... Three-quarters of the biographical data in this book, I may say, has not appeared in a previous study of Arnold." —Preface, pp. viii–ix.
  • Stefan Collini, Arnold (Oxford: Oxford University Press, 1988)
    • A good starting point for those new to Arnold's prose. "Like many late century scholars, Collini believes Arnold's chief contribution to English literature is as a critic. ... Collini insists Arnold remains a force in literary criticism because 'he characterizes in unforgettable ways' the role that literary and cultural criticism 'can and must play in modern societies'" (p. 67). Mazzeno, 1999, pp. 103–104.
  • Nicholas Murray, A Life of Matthew Arnold (London: Hodder & Stoughton; New York: St. Martin's, 1996)
    • "...focuses on the conflicts between Arnold's public and private lives. A poet himself, Murray believes Arnold was a superb poet who turned to criticism when he realised his gift for verse was fading." Mazzeno, 1999, p. 118.
  • Ian Hamilton, A Gift Imprisoned: A Poetic Life of Matthew Arnold (London: Bloomsbury, 1998)
    • "Choosing to concentrate on the development of Arnold's talents as a poet, Hamilton takes great pains to explore the biographical and literary sources of Arnold's verse." Mazzeno, 1999, p. 118.
Библиографија
  • Thomas Burnett Smart, The Bibliography of Matthew Arnold 1892, (reprinted New York: Burt Franklin, 1968, Burt Franklin Bibliography and Reference Series #159)
  • Laurence W. Mazzeno, Matthew Arnold: The Critical Legacy (Woodbridge: Camden House, 1999)
    • Not a true bibliography, nonetheless, it provides thorough coverage and intelligent commentary for the critical writings on Arnold.
  • Stephen, Leslie (1898). „Matthew Arnold“. Studies of a Biographer. 2. London: Duckworth and Co. стр. 76–122.
  • G. W. E. Russell, Portraits of the Seventies (New York: Charles Scribner's Sons, 1916)
  • Sir Edmund Chambers, "Matthew Arnold," Watson Lecture on English Poetry, 1932, in English Critical Essays: Twentieth century, Phyllis M. Jones (editor) (London: Oxford University Press, 1933)
  • T. S. Eliot, "Matthew Arnold" in The Use of Poetry and the Use of Criticism (Cambridge: Harvard University Press, 1933)
    • This is Eliot's second essay on Matthew Arnold. The title of the series consciously echoes Arnold's essay, "The Function of Criticism at the Present Time" (1864).
  • Professors Chauncey Brewster Tinker and Howard Foster Lowry, The Poetry of Matthew Arnold: A Commentary (New York: Oxford University Press, 1940) Alibris ID 8235403151
  • W. F. Connell, The Educational Thought and Influence of Matthew Arnold (London, Routledge & Kegan Paul, Ltd, 1950)
    • Mazzeno describes this as the "definitive word" on Arnold's educational thought. Mazzeno, 1999, p. 42.
  • George Watson, "Matthew Arnold" in The Literary Critics: A Study of English Descriptive Criticism (Baltimore: Penguin Books, 1962)
  • A. Dwight Culler, "Imaginative Reason: The Poetry of Matthew Arnold" (New Haven: Yale University Press, 1966).
    • Described by Stefan Collini as "the most comprehensive discussion" of the poetry in his "Arnold" Past Masters, p. 121.
  • David J. DeLaura, "Hebrew and Hellene in Victorian England: Newman, Arnold, and Pater" (Austin: University of Texas Pr, 1969).
    • This celebrated study brilliantly situates Arnold in the intellectual history of his time.
  • Northrop Frye, The Critical Path: An Essay on the Social Context of Literary Criticism (in "Daedalus", 99, 2, pp. 268–342, Spring 1970; then New York: Prentice Hall/Harvester Wheatsheaf, 1983) ISBN 0-7108-0641-8
  • Joseph Carroll, The Cultural Theory of Matthew Arnold. (Berkeley: University of California Press, 1981)
  • Ruth apRoberts, Arnold and God (Berkeley: University of California Press, 1983)
  • Harold Bloom (editor), W. H. Auden, J. Hillis Miller, Geoffrey Tillotson, G. Wilson Knight, William Robbins, William E. Buckler, Ruth apRoberts, A. Dwight Culler, and Sara Suleri, Modern Critical Views: Matthew Arnold (New York: Chelsea House Publishers, 1987)
  • David G. Riede, Matthew Arnold and the Betrayal of Language (Charlottesville: University Press of Virginia, 1988)
    • "...explores Arnold's attempts to find an authoratative language, and argues that his occasional claims for such language reveal more uneasiness than confidence in the value of 'letters.' ... Riede argues that Arnold's determined efforts to write with authority, combined with his deep-seated suspicion of his medium, result in an exciting if often agonised tension in his poetic language." –from the book flap.
  • Donald Stone, Communications with the Future: Matthew Arnold in Dialogue (Ann Arbor: University of Michigan Press, 1997)
  • Linda Ray Pratt, Matthew Arnold Revisited, (New York: Twayne Publishers, 2000) ISBN 0-8057-1698-X
  • Francesco Marroni, Miti e mondi vittoriani (Rome: Carocci, 2004)
  • Renzo D'Agnillo, The Poetry of Matthew Arnold (Rome: Aracne, 2005)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]