Масакрот на Хиос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Масакрот на Хиос
Дел од Грчката војна за независност
Eugène Delacroix - Le Massacre de Scio.jpg
Датум април - март 1822
Место Хиос, Грција
Завојувани страни
Greek Revolution flag.svg Грчкото население на островот Fictitious Ottoman flag 2.svg Османлиска империја
Команданти и водачи
Fictitious Ottoman flag 2.svg
Жртви и загуби
20.000 обесени, 50.000 заробени или малтретирани до смрт и 23.000 прогонети или побегнати

Масакрот на Хиос се однесува на колењето на десетици илјади Грци на островот Хиос од страна на османлиските војници во 1822 година[1] . Повеќе од 2.000 години, островот Хиос претставувал седиште каде поминувале голем број на трговци кои патувале преку Црно, Егејско и Средоземното Море. Па, според ова, островот бил од голема значајност за Османлиската империја.

Масакр[уреди | уреди извор]

Во март 1882 година, неколку стотици вооружени Грци од островот Самос дошле на островот Хиос. Тие започнале со уништување и рушење на џамии и напаѓање на локалното муслиманско население по кое се повлекле во една тврдина. Во меѓувреме, поголем број на жители од островот се приклучиле кон револуционерната организација.[2]Сепак мнозинство од христијанското население на островот не го подржувале или пак не се приклучиле кон акциите на револуционерите против Османлиите.[3]

По нападите и воспоставувањето на контрола над островот од страна на Османлиите, околу 20.000 Грци од островот биле обесени,[4][5][6]малтретирани, или измачувани до смрт. Околу 50.000 Грци од островот биле заробени а други 23.000 биле протерени. Само околу 2.000 Грци успеале да преживеат. Грчкиот збор σφαγή (македонски: масакр) најчесто се користи да се опишат овие настани. Неколку Грци кои преживеале во масакрот станале робови на богатите Турци и биле принудени да го прифатат исламот. Некои пак станале турски политичари. Еден од најпознатите такви случаи е Георгиос Стравелакис кој своето име го променил во Мустафа Казнадар, како и Ибрахим Паша Едем.[7].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dadrian, Vahakn N. Warrant for Genocide: Key Elements of Turko-Armenian Conflict. p. 153.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име St. Clair.
  3. Argenti, Philip P. "The Massacre of Chios" (reviewed by Paul F. Shupp). The Journal of Modern History. Vol. 5, No. 3 (Sept. 1933), p. 414.
  4. http://www.cs.wayne.edu/~zhw/csc691/tour1pic4detail.html
  5. http://www.christopherlong.co.uk/per/chiosmass2.html
  6. http://openlearn.open.ac.uk/mod/resource/view.php?id=170125
  7. Littell, Eliakim (1888). The Living age. The Living Age Co.. стр. 614. OCLC 10173561. „Edhem Pasha was a Greek by birth, pure and unadulterated, having when an infant been stolen from the island of Chios at the time of the great massacre there“