Опсада на Триполи (1821)
Опсада на Триполи | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од the Грчка војна за независност | |||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Грчки револуционери | Османлиско Царство | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Теодорос Колокотронис | Мустафа Бег | ||||||||
Сила | |||||||||
околу 10,000 - 15,000 војници | 8,000 турски и 3,000 албански војници | ||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
100 според Теодорос Колокотронис | околу 35,000 турски војници и цивили[1][2][3][4] и околу 5,000 евреи | ||||||||
1Според Џ.М.Вагстав, цивилните жртви се движат од околу 10.000 до 15.000,[5] 8,000 според Енциклопедија Американа,[6] 6,000 според Лондонската енциклопедија [7] |
|
Опсадата на Триполи или Падот на Триполи (грчки: Άλωση της Τριπολιτσάς) се водела помеѓу Грците и Османлиите и претставува дел од Грчката војна за независност во летото 1821 година. Оваа опсада е една од првите поголеми победи на грчките револуционери во борбата за независност од Османлиското Царство. Настанот е познат и како масакрот во Триполи, кој следувал откако Грците го зазеле градот врз муслиманското и еврејското население. Ова го пишува и историчарот В. Алисон Филипс, кој истакнал дека следеле страшни сцени по заземањето на градот.[8]
Заднина
[уреди | уреди извор]Триполи се наоѓа во средниот дел на Пелопонез и бил најголемиот град во јужниот дел на Грција како административен центар на Османлиската власт во Пелопонез. Во градот живееле многу богати Турци и Евреи, заедно со муслимани кои во градот нашле засолниште по започнувањето на немирите на Пелопонез.[9] Од друга страна, во минатото локалните христијански жители честопати биле малтретирани од страна на Османлиската власт. Во 1715 година, во текот на повторното освојување на Пелопонез од страна на Османлиите, било масакрирано грчкото население на овие простори. Во 1770 година следувал неуспешен обид за заземање на градот. Обидот е познат како Орловски бунт, и истиот е дел од Руско-турските војни.[10][11][12]
Големите победи на грчките револуционери во Валтетси, како и победничките судири во Долијана и Верваина означувало дека грчките револуционери имаат делотворна контрола над поголемиот дел од централниот и јужниот дел на Пелопонез.
Свесен за тоа, Теодорос Колокотронис покренал иницијатива за консолидација на неговите претходни успеси. Така, во околните населени места биле формирани војнични кампови, биле создадени неколку штабови под раководство на капретанот Анагностарас во околните села, особено во Пијана, Димицана и Стемница, каде месните жители ги помагале востаниците со храна и други производи.[13] Во турско-албанскиот табор пак, моралот билна ниско рамниште по претходните неуспешни битки. Сепак, пристигнала веста дека од север ќе пристигне засилување предводено од страна на Хурсид Паша и коњаницата на Кехагбег Мустафа, заедно со својата пешадија.
Опсада
[уреди | уреди извор]Иако опсадата траела неколку месеци, сепак напредокот на Грците бил сосема бавен и честопати револуционерите ја бугиле својата блокада на градот.[14] Сепак, условите на жителите на градот се влошувале, главно поради намалувањето на храната и чистата вода за пиење. Колокотронис започнал и преговори околу можното предавање на градот. Тој предложил посебен договор на Албанците да им биде дозволено да го напууштат градот и да се упатат во Аргос. Истото било прифатено, и на тој начин во голема мера била намалена силата на бранителите на градот. Така, на околу 2.500 Албанци им било гарантирано безбедното напуштање на градот.[15]
Грчките водачи биле во постојани контакти и со Турците. Тоа најмногу се должело на фактот да Османлиите не добијат голема поддршка од северните делови на земјата. Сепак, на 23 септември револуционерите успеале да влезат во градот.[16]
Во следните денови, целото нехристијанско население во Триполи било убиено, вклучувајќи ги и евреите. Грчкиот командант Никитарас, чиј псевдоним бил Turkofagos одбил да учествува во овие злосторства.[17][18]
Значење
[уреди | уреди извор]Освојувањето на градот Триполи имал голема важност за грчките револуционери и нивната војна за независност од Османлиското Царство. Всушност, по оваа битка скоро целиот Пелопонез бил ослободен. Од друга страна пак, случувањата по освојувањето на градот биле критикувани од страна на видни личности од Грчката војна за независност како Димитрос Ипсилантис[19] и Александрос Маврокордатос[20] со кое бил означен почетокот на разделбата на грчките револуционери помеѓу т.н. воена фракција и интелектуалните ментори на востанието (политичка фракција), кое довело до внатрешен конфликт и граѓанска војна во рамките на истата борба за независност.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ McCarthy, Justin (1996). Death and Exile: The Ethnic Cleansing of Ottoman Muslims, 1821–1922. Darwin Press, Incorporated
- ↑ Cité par Hercules Millas, « History Textbooks in Greece and Turkey », History Workshop, n°31, 1991.
- ↑ W. Alison Phillips, The War of Greek Independence, 1821 to 1833, p. 61.
- ↑ Bouboulina Museum, Spetses Greece (Publisher: Greek Island Spetses; Accessed: 2007-04-18).
- ↑ J. M. Wagstaff, War and Settlement Desertion in the Morea, 1685-1830, Transactions of the Institute of British Geographers, New Series, Vol. 3, No. 3, Settlement and Conflict in the Mediterranean World. (1978), p. 301.
- ↑ Thomas Gamaliel Bradford, Encyclopedia Americana, Desilver, Thomas, & Co Encyclopedias and dictionaries, (1835), p. 20.
- ↑ Thomas Curtis, The London encyclopaedia, or Universal Dictionary of Science, Art, Literature and Practical Mechanicsm, (1839) p. 646.
- ↑ Phillips, p. 59.
- ↑ St. Clair, p. 45.
- ↑ Nafziger, George F. and Mark W. Walton, Islam at war: a history, (Greenwood Publishing Group, 2003), 76.
- ↑ Brewer David, The Greek War of Independence. The Struggle for Freedom from Ottoman Oppression and the Birth of the Modern Greek Nation, The Overlook Press, New York, (2001), p.111-112 (ISBN 1-58567-395-1).
- ↑ Brunet de Presle et Alexandre Blanchet, Grèce depuis la conquête romaine jusqu’à nos jours, Firmin Didot (1860) p. 387-388
- ↑ Kolokotronis, p. 82.
- ↑ St. Clair, p. 43.
- ↑ Kolokotronis, p. 89.
- ↑ Stratiki, pp. 84-86.
- ↑ Stratiki, p. 88.
- ↑ Raybaud, Louis Maxime, Mémoires sur la Grèce pour servir à l'histoire de la guerre de l'Independance, Paris Tournachon-Molin, Libraire (1824-5), p. 459
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеStratiki, p. 83
. - ↑ Diamatouros, pp. 224-228.
Извори
[уреди | уреди извор]- Phillips, Alison W. The War of Greek Independence, 1821 to 1833. London, 1897.
- General Makriyannis, Απομνημονευματα (Memoirs). Athens, 1907
- William St. Clair. That Greece Might Still Be Free The Philhellenes in the War of Independence. London: Oxford University Press, 1972. ISBN 0-19-215194-0
- Stratiki Poti. To Athanato 1821. Ekdosis Stratiki Bros. Athens, 1990.
- Kolokotronis, Theodoros. Memoirs. Ekdosis Vergina. Athens, 2002.
- Diamantouros, Nikiforos. The beginning of the constitution of the modern state of Greece. Athens, 2002.