Кралска збирка

Кралска збирка (англиски: Royal Collection) — уметничка збирка на британското кралско семејство и една од најголемите и најважните вакви збирки во светот. Распоредена е во тринаесет кралски дворци и поранешни резиденции ширум Велика Британија. Збирката е во сопственост на кралицата како суверен, но се чува во задолжбина за нејзините наследници и целата нација.[1][2]
Содржи повеќе од 7.000 слики, 40.000 акварели и цртежи и околу 150.000 печатени графики, како и историски фотографии, таписерии, мебел, керамика, книги и други уметнички дела. Физички е распоредена на повеќе места; некои, како дворецот Хемптон Корт, се отворени за јавноста и бидејќи во нив не престојува кралското семејство, додека пак други, како Виндзорскиот замок се резиденции, но достапни за јавноста. Дел од збирката е сместена и во резиденции како Сандригем кои воопшто не се отворени за јавноста. Краличината галерија во Бакингемската палата во Лондон приредува изложби од збирката по неколку месеци во годината. Ваква галерија има и до Холирудскиот дворец во Единбург.
Се проценува дека збирката има вкупна вредност од 10 милијарди фунти.[3] Меѓутоа, други извори велат дека збирката е толку бесценета, што нејзината вредност не може да се процени.
Историја
[уреди | уреди извор]
Преостанати се мошне малку експонати од времето пред кралот Хенри VIII. Најважните дела во збирката ги набавил кралот Чарлс I, кој бил страстен колекционер на италијански слики и главен клиент на фламанскиот сликар Антонис ван Дајк и други негови современици. По неговото погубување во 1649, збирката е продадена, но голем дел од неа е повратена по обновата на монархијата во 1660, кога Холандската Република на кралот Чарлс II му го дала таканаречениот „холандски дар“. Подоцна самиот Чарлс набавил многу слики и други дела. Џорџ III, со помош од Фредерик Огаста Бернард, кон збирката додал многу голем број дела, особено графики и цртежи, а кралицата Викторија и принцот Алберт придонеле како посветени колекционери на старомајсторски слики. Многу дела од збирката се предадени на музеи, особено во времето на Џорџ III и кралицата Викторија. Џорџ III го подарил најголемиот дел од тогашната кралска библиотека на Британскиот музеј (денес Британска библиотека) каде и денес книгите се заведени како „кралски“. Клучниот дел од оваа збирка го набавил Џејмс I од сличните збирки на Хемфри Лојд, лордот Ламли и ерлот од Ерандел.[4]
Во текот на владеењето на кралицата Елизабета II (1952–), збирката е значително зголемена со добро промислени набавки, наследства и дарови од разни земји.[5] Ваквите дарови го претставуваат ликовниот фонд на земјите од Комонвелтот.
Збирка
[уреди | уреди извор]Слики, графики и цртежи
[уреди | уреди извор]Кралската збирка е една од најголемите и најважните ризници на западната ликовна уметност. Делата се со највисок квалитет и се клучни за изучувањето на нивните творци. Со историја на набавки подолга од 400 години, оваа збирка е веројатно најстарата во светот.












Англоамерикански
- Бенџамин Вест — 60 слики
Холандска школа (200+ дела)[6]
- Абрахам Блумарт — 1 слика
- Јан Бот — 1 слика
- Јан де Бреј — 1 слика
- Филип Вауверман — 5 слики
- Адријан ван де Велде — 4 слики
- Вилем ван де Велде Помладиот — 7 слики
- Јан Веникс — 1 слика:
- Јан Вермер — 1 слика
- Адријан Ван дер Верф — 1 слика
- Хуго ван дер Гус — 1 слика
- Герит Дау — 4 слики
- Мелхиор Дондекутер — 4 слики
- Алберт Кејп — 7 слики
- Николас Мас — 1 слика
- Јан Мартенс Помладиот — 1 слика
- Даниел Мејтенс — 9 слики
- Габриел Метсу — 1 слика
- Адријан ван Остаде — 5 слики
- Рембрант ван Рајн — 6 слики
- Јакоб ван Рејсдал — 1 слика
- Саломон ван Рејсдал — 1 слика
- Јан Стен — 7 слики
- Герард Терборх — 2 слики
- Хендрик Тербруген — 1 слика
- Франс Халс — 1 слика
- Јан ван дер Хејден — 2 слики
- Мартен ван Хемскерк — 2 слики
- Мајндерт Хобема — 2 слики
- Герард ван Хонтхорст — 6 слики
- Питер де Хох — 3 слики
Англиска школа
- Вилијам Бичи — 17 слики
- Томас Гејнсборо — 33 слики
- Питер Лели — 20 слики
- Едвин Лендсиер — 100 слики и цртежи
- Томас Лоренс — 50 слики
- Годфри Нелер — 15 слики
- Џошуа Рејнолдс — 20+ слики
- Џорџ Стабс — 18 слики
- Вилијам Хогарт — 3 слики
- Џон Хопнер — 7 слики
Фламанска школа
- Јан Бројгел Постариот — 1 слика
- Питер Бројгел Помладиот — 1 слика
- Маркус Герартс Помладиот — 1 сликa
- Антонис ван Дајк — 26 слики
- Денис Калварт — 1 слика
- Јос ван Клеве — 4 слики
- Питер ван Конинксло — 1 слика
- Јан Мабиз — 1 слика
- Квентин Матсејс — 1 слика
- Ханс Мемлинг — 1 слика
- Јан Провост — 1 слика
- Франс Пурбус Помладиот — 2 слики
- Петар Паул Рубенс — 13 слики, 5 цртежи
- Давид Тенирс Помладиот — 27 слики
- Франс Франкен Помладиот — 1 слика
- Франс Халс — 1 слика
Француска школа
- Симон Вуе — 1 слика
- Иполит Деларош — 3 слики
- Гаспар Диге — 3 слики
- Жан Клуе — 1 слика, 1 минијатура
- Франсоа Клуе — 3 слики
- Никола де Ларжилјер — 1 слика
- Жорж де Латур — 1 слика
- Луј Ленен — 1 слика
- Жан-Етјен Лиотар — 16 слики
- Клод Лорен — 5 слики
- Клод Моне — 1 слика
- Жан-Батист Патер — 4 слики
- Никола Пусен — најголема збирка на негови дела по онаа во Лувр
- Есташ Ле Сјер — 1 слика
Германска школа
- Франц Ксавиер Винтерхалтер — 120 слики, 20 цртежи и акварели
- Албрехт Дирер — 1 слика
- Јохан Зофани — 17 слики
- Лука Кранах Постариот — 5 слики
- Лука Кранах Помладиот — 1 слика
- Георг Пенц — 1 слика
- Ханс Холбајн Помладиот — 7 слики, 80 цртежи и 5 минијатури
Италијанска школа
- Николо дел Абате — 1 слика
- Алесандро Алори — 1 слика
- Фра Анџелико — 1 слика
- Јакопо Басано — 6 слики
- Леандро Басано — 3 слики
- Џовани Белини — 1 слика
- Џанлоренцо Бернини — 50 цртежи
- Франческо Боромини — 100 цртежи
- Бронѕино — 1 слика
- Микеланџело Буонароти — 20 цртежи
- Дучо ди Буонинсења — 1 слика
- Перин дел Вага — 2 слики
- Џорџо Вазари — 1 слика
- Палма Векјо — 2 слики
- Антонио Верио — 1 слика
- Паоло Веронезе — 3 слики
- Леонардо да Винчи — 600 цртежи, најдобра збирка на неговите цртежи во светот[7]
- Латанџио Гамбара — 8 слики
- Рафаелино дел Гарбо — 1 слика
- Гверчино — 1 слика, и најголема група на негови цртежи во светот, со 400 табаци, 200 од неговите помошници и 200 други дела
- Бернардо Дади — 1 слика
- Карло Долчи — 1 слика
- Доменикино — 1 слика, 1.700 цртежи во 34 албуми (најзастапен уметник во збирката)
- Досо Доси — 2 слики
- Франческо Ѕукарели — 27 слики
- Каналето — Над 50 слики и 140 цртежи, најголема збирка во светот
- Караваџо — 2 слики
- Полидоро да Караваџо — 9 слики
- Агостино; Анибале и Лудовико Карачи — 5 слики, над 350 цртежи
- Џовани Каријани — 2 слики
- Лука Карлеварис — 4 слики
- Чима де Конељано — 1 слика
- Антонио да Кореџо — 2 слики
- Џовани Бенедето Кастилјоне — 260 цртежи
- Бернардино Личинио — 4 слики
- Пјетро Лонги — 2 слики
- Лоренцо Лото — 3 слики
- Андреа Мантења — 9 слики
- Лудовико Мацолино — 1 слика
- Андрија Медулиќ (Андреа Мелдола) — 2 слики
- Пармиџанино — 2 слики и 30 цртежи
- Франческо Пезелино — 1 слика
- Пјетро Перуџино — 1 слика
- Понтормо — 1 слика
- Гвидо Рени — 1 слика
- Себастијано Ричи — 14 слики
- Џироламо Романино — 1 слика
- Џулио Романо — 6 слики
- Џироламо Саволдо — 2 слики
- Андреа Саки — 130 цртежи
- Франческо Салвијати — 1 слика
- Рафаело Санти — 8 слики и многу цртежи
- Андреа дел Сарто — 2 слики
- Бернардо Строци — 1 слика
- Ѕаноби Строци — 1 слика
- Бенвенуто Тизи — 1 слика
- Тинторето — 5 слики
- Тицијан — 4 слики
- Алесандро Турки — 4 слики
- Џентиле да Фабријано — 1 слика
- Доменико Фети — 14 слики
- Џироламо Форабоско — 1 слика
- Фредерико Цукари — 1 слика
- Артемизија Џентилески — 1 слика
- Орацио Џентилески — 2 слики
- Лука Џордано — 12 слики
- Јакопо ди Чоне — 1 слика
Француски мебел
[уреди | уреди извор]Со над 300 експонати, Кралската збирка е една од најголемите и најважните ризници на француски мебел во светот. Се одликува со енциклопедиски опсег на дела од најистакнатите мајстори на предреволуционерна Франција.
Јозеф Баумхауер — 1 експонат;
- Долен креденец, ~ 1765-1770;
Пјер-Антоан Беланже — 13 експонати;
- Два пара подножја, ~ 1820
- Пар столбни масички, ~ 1823-4
- Пар мали столбни масички, ~ 1823-4
- Масичка, ~ 1820
- Пар секретарски масички, ~ 1827-8
- Пар креденци, ~ 1820
Андре-Шарл Бул — 13 експонати;
- Шифоњер, ~ 1700
- Шифоњер, ~ 1700
- Креденец, ~ 1700
- Креденец, ~ 1700
- Креденец,
- Пар ниски креденци
- Маса за пишување, ~ 1680
- Пар стоечки лампи, ~ 1700
- Рамно биро, ~ 1710
- Мали креденци со постолје, поч. на XVIII век
Адам Вајсвајлер — 13 експонати;
- Креденец, со инкрустација крај на XVIII век
- Креденец 1780
- Масичка, ~ 1780
- Масичка, ~ 1785
- Пар столбни масички, шиноазери ~ 1787-90
- Комода, ~ 1785
- Конзолна маса x4, ~1785
- Пар мали долни креденци, крај на XVIII век
Бенџамин Валјами и Бенџамин Луис Валјами — 4 експонати;
- Стоечка лампа x4, 1814
Бенџамин Валјами — 3 експонати;
- Свеќник x2, 1811
- Часовник за камин, ~ 1780
Жерар-Жан Гал — 1 експонат;
- Свеќник x2, поч. на XIX век
Пјер Гарније — 2 експонатa;
- Пар креденци, ~ 1770
Жорж Жакоб — 30 експонати;
- Мало канабе, ~ 1790
- Канабе „лице в лице“, ~ 1790
- Фотелјска столица, ~ 1790
- Кревет во полски стил, ~ 1790
- Мали фотелји и канабиња, ганритура од 20, ~ 1786
- Armchairs x4, ~ 1786
Фрасоа-Оноре-Жорж Жакоб-Демалте — 1 експонат;
- Цилиндрично биро, ~ 1825
Жил Жубер — 2 експоната;
- Пар подножја, од Луј XV, ~ 1762
Мартен Карлен — 2 експонатa;
- Креденец, ~ 1778
- Креденец, со севрски плочи, ~ 1783
Пјер Ланглоа — 5 експонати;
- Комода, ~ 1765
- Два пара комоди, ~ 1763
Етјен Левасер — 7 експонати;
- Масичка, ~ 1770
- Два пара , ~ 1770
- Две секретарски маси, ~ 1770
Мартен-Елој Лињере — 2 експонатa;
- Пар креденци, (see pietra dura section), ~ 1803
Бернард Молитор — 3 експонати;
- Комода, ~ 1780
- Пар секретарски маси, ~ 1815
Бернар II ван Ризамбург — 2 експонатa;
- Средишна маса, ~ 1775
- Комода, ~ 1745
Жан-Анри Ризене — 6 експонати;
- Комода, од Луј XVI ~ 1774;
- Пар аголни креденци, од Луј XVI, ~ 1774;
- Креденец за накит, ~ 1787
- Маса за пишување, ~ 1785
- Цилиндрично биро, ~ 1775
Севр — 1 експонат;
- Средишна маса „на Големите Заповедници“ , ~ 1806-12
Пјер-Филип Томир — 15 експонати;
- Подножје, ~ 1813
- Подножје за коњичка статуа на Луј XIV, ~ 1826
- Пар свеќници, 8 light, ~ 1828
- Стоечки лампи x11, ~ 1814
- Часовник, mounts attributed to., 1803
- Свеќник x2, поч. на XIX век
Жакоб Фрере — 1 експонат;
- Маса за пишување, ~ 1805
Европски мебел
[уреди | уреди извор]Англиски
[уреди | уреди извор]Роберт Хјум — 1 експонат;
- Пар креденци, ~ 1820
Фламански
[уреди | уреди извор]Непознат — 2 експонатa;
- Креденец со постолје, ~ 1660
- Креденец со постолје, XVII век
Германски
[уреди | уреди извор]Јохан Даниел Зомер — 2 експонатa;
- Пар креденци со постолје, крај на XVII век
Мелхиор Маумгартнер — 2 експонатa;
- Часовник со оргула, 1664
- Креденец, ~ 1660
Холандски
[уреди | уреди извор]Непознат — 1 експонат;
- Секретарски креденец, интарзија, ~ 1700
Часовници
[уреди | уреди извор]Абраам-Луј Бреге — 1 експонат;
- Регулаторен часовник, 1825
Андре Шарл Бул — 4 експонати;
- Часовник за камин, ~ 1710
- Часовник на постолје,
- Часовник на постолје, крај на XVII век;
- Часовник на постолје, ~ 1720
Бенџамин Валјами — 1 експонат;
- Часовник во облик на бик, ~ 1755-60
Бенџамин Луис Валјами — 1 експонат;
- Часовник со три порцелански фигури, ~ 1788
Делакроа — 1 експонат;
- Голем часовник на подножје со бронзена плакета, ~ 1775
Жерар-Жан Гал — 1 експонат;
- Часоник, поч. на XIX век
Жан-Пјер Лац — 2 експонатa;
- Часовник на постолје, од Версајскиот дворец, ~ 1735-40
- Барометар со постолје, ~ 1735
Жан-Антоан Лепин — 1 експонат;
- Часовник во облик на африканска Дијана (божицата на ловот), 1790
- Астрономски часовник, ~ 1790
Мартин-Елој Лињере — 1 експонат;
- Часовник, 1803
Пјер-Филип Томир — 1 експонат;
- Часовник во облик на Аполоновата кочиjа, ~ 1805
Украсни предмети
[уреди | уреди извор]Метју Боултон — 4 експонати;
- Два пара вазни, ~ крај на XVIII век
Пјер-Филип Томир — 3 експонати;
- Вазна, ~ поч. на XIX век
- Свеќник x2, малахит и бронза, поч. на XIX век
- Свеќник x2, малахит и бронза, ~ 1828
- Свеќник x4, фигури од патинирана бронза, ~ 1810
Фаберже — најголема збирка на светот, со 3 царски и едно велигденско јајце Жерар-Жан Гал — 2 експоната;
- Свеќник x2, ~ поч. на XIX век
Франсоа Ремон — 12 експонати;
- Свеќник x8, 4 pairs, ~ 1787
- Свеќник x4,
Порцелан
[уреди | уреди извор]- Севрски порцелан — најголема збирка во светот
- Челзиски порцелан, 1763 (последните парчиња)
Скулптури
[уреди | уреди извор]Луј-Клод Васе — 1 експонат;
- Коњичка статуа на Луј XV, ~ 1764
Франсоа Жирардон — 1 експонат;
- Бронзена коњичка статуа на Луј XIV, според Жирардон, ~ 1700
Антонио Канова — 3 експонати;
- Марс и Венера, ~ 1815-17
- Фонтанска нимфа, 1819
- Дирка, 1824
Антика — 1 експонат;
- Римска — „Наведнатата Земја“
Таписерии и теписи
[уреди | уреди извор]Гоблен — 36 експонати;
- Таписерија, четири (од 28) од „Историјата на Дон Кихот“, подарок од Луј XVI за Ричард Козвеј, потоа му ги подарил на Џорџ IV, ~ 1788
- Таписерија, четири од серијата „Божјата врата“, ~ XVIII век
- Таписерија, четири од серијата „Божјите љубови“, ~ крај на XVIII век
- Таписерија, осум од серијата „Јасон и златното руно“, 1776-9
- Таписерија, сеум од серијата „Историјата на Естра“, 1783
- Таписерија, три од серијата „Приказната за Дафина и Хлоја“, 1754
- Таписерија, две од серијата „Приказната за Мелеагар и Аталанта“, 1844
Друг мебел
[уреди | уреди извор]Инкрустрација (пјетра дура) — 11 експонати;
- Креденец, Аугсбург
- Креденец, италијански, ~ 1680
- Креденец, Адам Вајсвајлер
- Масичка, Адам Вајсвајлер
- Креденц, Мартен Карлен
- Ковчеже, фирентинско ~ 1720
- Пар креденци, Мартен Елј Лињере, ~ 1803
- Пар креденци, Пјер-Антоан Беланже, ~ 1820
- Пар креденци, Роберт Хјум, ~ 1820
- Четири креденци со пјетра дура од XVIII век, пренаменети, ~ 1820-ти
Разни
- Креденец на постолје сред. на XVII век
- Биро, 1690-95
- Мазаренско биро x2, крај на XVII век
- Мазаренско биро x2, ~ 1700
- Мазаренско биро, крај на XVII век
- Два пара ниски креденци
Гакерии
[уреди | уреди извор]Слики
[уреди | уреди извор]- Англиски слики
-
Томас Гејнсборо — „Јопхан Кристијан Фишер“ (1774)
-
Џошуа Рејнолдс — „Смртта на Дидона“ (1781)
-
Џон Вилсон Кармајкл — „Потера“ (~1820-1868)
-
Едвин Ленсдиер — „Исак ван Амбург и неговите животни“ (1839)
- Англоамерикански
- Германски слики
-
Лука Кранах Постариот — „Судот на Парис“ (1537–40)
-
Албрехт Дирер — „Портрет на Буркард фон Шпајер“ (1506)
-
Ханс Холбајн Помладиот — „Не допирај ме“ (1524)
-
Јохан Зофани — „Трибуната во Уфици“ (1772–78)
- Италијански слики
-
Алесандро Алори — „Јудита со главата на Олоферн“ (1613)
-
Фра Анџелико — „Спасителот како благословува“ (1423)
-
Џовани Белини — „Портрет на младич“ (1505–09)
-
Каналето — „Влез во Големиот канал; поглед кон исток“ (1744)
-
Караваџо — „Момче како лупи овошје“, 1593
-
Анибале Карачи — „Алегорија на Вистината и Времето“ (1584–5)
-
Антонио да Кореџо — „Исусовото семејство со Св. Јероним“ (1517–19)
-
Бернардо Дади — „Марија оди во домот на Јосиф“ (1330–42)
-
Дучо ди Буонинсења — Триптих (1305–8)
-
Доменико Фети — „Давид со главата на Голијат“ (1620)
-
Лука Џордано — „Родителите на Психа му принесуваат жртва на Аполон“, 1692-1702
-
Лоренцо Лото — „Андреа Одони“, (1527)
-
Адреа Мантења — „Триумфите на Јулиј Цецар, IX - Јулиј Цезар на триумфалната двоколка]]“ (1484–92)
-
Рафаело Санти — „Леда и Лебедот“, ~ 1505-07
-
Рафаело Санти — „Свети Павле проповеда во Атина“ (1515)
-
Гвиде Рени — „Клеопатра со змијата“ (1630)
-
Себастијано Ричи — „Поклонение на трите крала“ (1726–30)
-
Тинторето — „Естра пред Ахашверош“ (1547–48)
-
Паоло Веронезе — „Венчавката на Света Катерина“ (1580)
- Фламански слики
-
Антонис ван Дајк — „Купидон и Психа“ (1639–40)
-
Петар Паул Рубенс — „Питагора како проповеда вегетаријанство“ (1618–20)
-
Давид Тенирс Помладиот — „Богородица и Исус со Св. Стефан, Св. Јероним и Св. Маврикиј“ (1656)
- Француски слики
-
Есташ Ле Сјер — „Калигула го положува пепелот на мајка му и брат му во гробницата на предците“ (1647)
-
Клод Лорен — „Поглед на римските предели од Тиволи навечер“ (1644–5)
-
Жорж де Латур — „Свети Јероним“ (1621–3)
- Холандски слики
-
Герит Дау — „Девојка како сече кромид“, 1646
-
Питер де Хох — „Картаџии во сончева соба“, ~ 1658
-
Рембрант — „Старица, мајка на уметникот“, ~ 1630
-
Јан Стен — „Утринска тоалета“ (1663)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кралска збирка - Што претставува Кралската збирка? (англиски)
- ↑ Кралска збирка > За Кралската збирка (англиски)
- ↑ „Кралицата“. The Sunday Times. Список на најбогати личности. Лондон. 27 април 2008. Архивирано од изворникот на 2009-05-07. Посетено на 20 мај 2009. Укажано повеќе од еден
|work=
и|journal=
(help) (англиски) - ↑ R. Brinley Jones, ‘Llwyd, Humphrey (1527–1568)’, Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, септември 2004
- ↑ Royal Treasures, A Golden Jubilee Celebration. Ed. Jane Roberts. Royal Collection Enterprises, St. James' Palace, London, 2002. стр. 25 (Hugh Roberts) и стр. 391 (гл. 14). ISBN 1 902163 49 4 (h-b uk) и ISBN 1 902163 52 4 (pb uk)
- ↑ Единица за социјални работи — Холандски слики во Кралската збирка (англиски)
- ↑ Џонс, Џонатан (30 август 2006). „Вистинскиот код на Да Винчи“. The Guardian. Лондон. Посетено на 22 мај 2010. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница (англиски)
![]() |
„Кралска збирка“ на Ризницата ? |
- Задолжбина на Кралската збирка — канал на Vimeo
- Библиотека на подкасти — iTunes (бесплатно)
|