Час по музика
Изглед
| Творец | Јан Вермер |
|---|---|
| Година | 1662-1665 |
| Вид | Масло на платно |
| Димензии | 74,6 см × 64,1 см |
| Место | Кралска збирка, дворец Сент Џејмс, Лондон |
Час по музика (хол. De muziekles) е слика од холандскиот мајстор Јан Вермер на која е прикажана млада ученичка на час по музика. Се смета дека е насликана во периодот помеѓу 1662 и 1665 г. Медиумот на делото е масло на платно. Сликата е со димензии 74,6 см × 64,1 см.