Артемизија Џентилески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Автопортрет како маченичка

Артемизија Џентилески (8 јули 1593 - околу 1656) била италијански барокен сликар, денес се смета за една од највештите сликари на генерацијата по Караваџо. Во време кога жените сликари не биле лесно прифатени од страна на уметничката заедница или клиентите, таа беше првата жена да стане членка на Accademia di Arte del Disegno во Фиренца.

Таа насликала многу слики на силни жени и жени кои патат инспирирани од митови и Библијата - жртви, самоубиства, воини. Нејзиното најпозно дело е Џудит убивајќи го Олоферн[1] - добро позната средновековна и барокна тема во уметноста. Тоа што била женски уметник во 17 век и што била силувана и учествувала во покренувањето на судска постапка против силувачот, долго време ги засенувало нејзините достигнувања како уметник. За многу години таа беше оценета како куриозитет. Денес таа се смета за една од најпрогресивните и експресионистички сликари на нејзината генерација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Сузана и старешините, 1610

Артемизија Џентилески била родена во Рим на 8 јули 1593 година, најстарото дете на тосканскиот сликар Оразио Џентилески. Артемизија била воведена во сликарството во работилницата на татко ѝ, покажувајќи многу повеќе талент од нејзините браќа, кои работеле заедно со неа. Нејзиниот пристап кон предметот беше различен од тој на татко ѝ, нејзините слики биле многу натуралистички, додека тие на Оразио биле идеализирани. Оразио беше голем поддржувач на својата ќерка.[2]

Првото дело на младата седумнаесет-годишна Артемизија беше Susanna e i Vecchioni (Сузана и старешините). Таа е една од ретките слики на оваа тема кои ова го прикажуваат како трауматичен настан.

Џудит убивајќи го Олоферн

Во 1611, нејзиниот татко работел со Агостино Таси за декорација на трезорите на палата во Рим, и Оразио го ангажирал сликарот да ја учи неговата ќерка приватно. Во текот на ова туторство, Таси ја силувал Артемизија. Друг маж, Козимо Куорлис, исто така бил вмешан. Оразио покренал обвиненија против Таси.[3] Оразио исто така тврдел дека Таси украдел слика на Џудит. Големо прашање на овој судски процес беше дали Артемизија била девица. Ако Артемизија не била девица пред Таси да ја силува не би била во можност да поднесе пријава. Во текот на понатамошниот 7-месечен судски процес, беше откриено дека Таси планираше да ја убие својата сопруга, беше вклучен во прељуба со својата сестра, и планирал да украде некои од сликите на Оразио. За време на судењето, Артемизија беше подложена на гинеколошки преглед и тортура. На крајот од судењето Таси беше осуден на казна затвор од една година, но тој никогаш не отишол во затвор. Судењето влијаело на феминистичкиот поглед на Артемизија во текот на крајот на 20 век.

Фиренциски период (1614-1620)[уреди | уреди извор]

Џудит и нејзината слугинка, 1613–14

Во Фиренца, Артемизија имала огромен успех. Таа беше првата жена прифатена во Accademia di Arte del Disegno. Таа одржувала добри односи со најпочитуваните уметници од нејзиното време. Таа имаше добар однос со Галилео Галилеј, со кого таа кореспондирала долго време.

Таа била ценета од страна на Микеланџело Буонароти помладиот (внук на големиот Микеланџело): зафатен со изградбата на Каза Буонароти за да го прослави својот роднина, тој предложил Артемизија да произведе слика за декорација на таванот од галеријата на сликите.

Уметнички профил[уреди | уреди извор]

Роберто Лонги, важен италијански критичар, во 1916 година напишал за Џудит убивајќи го Олоферн: "Има околу 57 дела од Артемизија Џентилески и 94% (четириесет и девет дела) ги претставуваат жените како протагонисти или еднакви на мажите." На овие карактери намерно им недостигале стереотипнте "женски" особини: чувствителност, несмелост и слабост, и биле храбри, бунтовни, и моќни личности. Таа беше свесна за тоа како жените и женските уметници биле гледани од страна на мажите, затоа нејзините дела во почетокот на нејзината кариера биле храбри и пркосни.[4]

Бидејќи Артемизија повторно и повторно се враќала на насилни теми како Џудит и Олоферн, теорија за потисната одмазда била постулирана.

Артемизија и современи уметнички[уреди | уреди извор]

За жена во почетокот на 17 век, тоа што Артемизија била сликар претставало невообичаен и тежок избор, но не и исклучителен. Пред Артемизија, меѓу крајот на 1500 и почетокот на 1600 други жени уметници имале успешни кариери, вклучувајќи ја Софонисба Ангисола. А подоцна и Феде Галиција која сликала мртви природи и Џудит со Олоферн.

Други жени сликари ја започнале својата кариера додека Артемизија била жива. Артемизија продолжува да биде меѓу најценетите женски уметници, и го има остварено своето место меѓу големите уметници од барокот.

Дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lubbock, Tom. „Great Works: Judith and her Maidservant“, 30 септември 2005, стр. 30, Review section.
  2. Bissell, Ward R. Artemisia Gentileschi and the Authority of Art: Critical Reading and Catalogue Raisonne. University Park: The Pennsylvania State University Press,1999.
  3. Cohen, Elizabeth. The Trials of Artemisia Gentileschi: A Rape as History. The Sixteenth Century Journal. стр. 47–75. http://www.jstor.org/stable/2671289. 
  4. Bissell, Ward R. Artemisia Gentileschi and the Authority of Art: Critical Reading and Catalogue Raisonne. University Park: The Pennsylvania State University Press,1999. Online.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]