Софонисба Ангисола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Софонисба Ангисола
Self-portrait at the Easel Painting a Devotional Panel by Sofonisba Anguissola.jpg
Автопортрет, 1556
Роден(а)ц. 1532
Кремона, Ломбардија, Италија
Починал(а)ноември 16 1625 (92-93 год.)
Палермо, Сицилија, Италија
ПравецДоцна Ренесанса
ПокровителиФилип II (Шпанија)

Софонисба Ангисола (1532 - 16 ноември 1625) била италијански ренесансен сликар родена во Кремона. Таа доби добро образование, кое вклучуваше и ликовна уметност, и нејзиното школување со локалните сликари постави преседан за жените да бидат прифатени како студенти на уметноста.[1][2] Како млада жена, Ангисола отпатувала во Рим каде го запознала Микеланџело, кој веднаш го препознала нејзиниот талент, и во Милано, каде што го насликала војводата од Алба. Елизабета Валојсова, кралицата на Филип II од Шпанија, била аматерски сликар, и Ангисола била регрутирана да оди во Мадрид како нејзин учител. Таа подоцна стана официјален дворски сликар на кралот, и го прилагодила нејзиниот стил на поформалните барања за официјалните портрети за шпанскиот двор. По смртта на кралицата, Филип помогна да се организира аристократски брак за неа. Таа се пресели во Палермо, а подоцна и во Пиза и Џенова, каде што продолжила да биде водечки портретист.

Автопортретите и портретите на членови од семејството биле нејзините најчести теми, но во нејзиниот подоцнежен живот таа исто така сликала религиозни теми, иако многу од нејзините верски слики биле изгубени. Ангисола станала богат патрон на уметноста по ослабнувањето на нејзиниот вид. Во 1625 година, таа почина на 93-годишна возраст во Палермо. Опусот на Ангисола имаше трајно влијание врз подоцнежните генерации на уметници, и нејзиниот голем успех го отвори патот за поголем број на жени да бараат сериозна кариера како уметници.

Ангисола семејството[уреди | уреди извор]

Лусија, Минерва и Европа играјќи шах, 1555

Ангисола семејството имало силна поврзаност со античката Картагинска историја и на нивната прва ќерка ѝ го дале името по трагичната картагинска фигура Софонисба.

Амилкер Ангисола ги охрабрувал сите негови ќерки (Софонисба, Елена, Лусија, Европа, Минерва и Ана Марија) да ги усовршат своите таленти. Четири од сестрите (Елена, Лусија, Европа и Ана Марија) станале сликари, но Софонисба беше од повештите и познати. Елена го напушти сликарството за да стане монахиња. И Ана Марија и Европа се откажале од уметноста по браковите, а Лусија Ангисола, најдобриот сликар од сестрите на Софонисба, починала млада. Останатата сестра Минерва, станала писателка и Латински научник. Асдрубејл, брат ѝ на Софонисба студирал музика и латински јазик, но не и сликарство.

Искуство како женски артист[уреди | уреди извор]

Автопортрет, 1610

Иако Ангисола уживаше значително повеќе охрабрување и поддршка од просечната жена од нејзиното време, нејзината општествена класа не и дозволи да ги надмине ограничувањата на нејзиниот пол. Без можност за студирање на анатомија или да црта од животот (беше неприфатливо за дама да види актови), таа не можеше да ги преземе комплексните мулти-фигурни композиции кои се потребни за големи верски или историски слики.

Наместо тоа, таа експериментирала со нови стилови на портрет, поставувајќи ги предметите неформално. Автопортретите и портретите на членовите на семејството биле нејзините најчести теми.

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

До сега доста позната, Ангисола била посетена од многу современици кои доваѓале да разговараат за уметноста со неа. Неколку од нив биле помлади уметници, кои сакале да го научат и да го имитираат специфичниот стил на Ангисола.

На 12 Јули 1624, Ангисола беше посетена од страна на младиот фламански сликар Антони ван Дајк.[3] Ван Дајк, кој мислел дека таа била 96 години (таа всушност била 92) истакнал дека иако "видот ѝ бил ослабнат", Ангисола сеуште била ментално свесна.[4] Извадоци од советите кои таа му ги даде за сликарството за време на оваа посета преживеале.[5]

Историско значење[уреди | уреди извор]

Опусот на Софонисба Ангисола имаше трајно влијание врз подоцнежните генерации на уметници. Нејзиниот портрет на кралицата Елизабета Валојска бил широко копиран од страна на многу од најдобрите уметници од тоа време, како Петар Паул Рубенс.

Ангисола е значајна за феминистичките историчари на уметноста. Иако никогаш немало период во западната историја во кој жените биле комплетно отсутни во визуелните уметности, големиот успех на Ангисола го отвори патот за поголем број на жени да бараат сериозна кариера како уметници. Некои од нејзините познати наследници се Артемизија Џентилески, Лавинија Фонтана, Барбара Лонги и Феде Галиција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Greer, Germaine (1978), The Obstacle Race: The Fortunes of Women Painters and Their Work, New York: Farrar, стр. 180 
  2. Glenn, Sharlee Mullins (1990), "Sofonisba Anguissola: History's Forgotten Prodigy", Women's Studies 18 (2/3): 296, doi:10.1080/00497878.1990.9978837 
  3. Jaffé, Michael. "Dyck, Anthony van." Grove Art Online. Oxford Art Online. Oxford University Press. Retrieved May 26, 2014.
  4. Tanzi, Marco. "Anguissola." Grove Art Online. Oxford Art Online. Oxford University Press. Retrieved 23 May 2014.
  5. Adriani, Gert (1940). Anton Van Dyck: Italienisches Skizzenbuch. Vienna.