Софонисба

Од Википедија — слободната енциклопедија

Софонисба[уреди | уреди извор]

Софонисба била благородничка од Картагина, која живеела за време на Втората пунска војна, и му била ќерка на Хасдрубал Гиско. Таа имала влијание врз нумидската политичка сцена, убедувајќи го кралот Сифакс да ја смени страната за време на војната, а подоцна, во чин кој станал легендарен, Софонисба се отрула наместо да биде понижена во римскиот триумф.

Име[уреди | уреди извор]

Сегашната форма на името Софонисба не била позната до петнаесеттиот век, и е најдена во неколку доцни ракописи на Ливиј, но таа форма е попозната поради литература која се појавила подоцна. Ја нарекуваат и Софонисбе и Софониба. Сепак, нејзиното вистинско име е нејасно. Нејзината приказна е раскажана во Ливи (30.12.11-15.11), Диодор (27.7), Апијан (Пун. 27-28) и Касиј Дио (Зонарас 9.11). Полибиј, кој го запознал Масиниса, никогаш не се повикувал на Софонисба по име во неговите алузии на неа (14.4ff.). Сепак, предложено е дека извештајот на Полибиј ја дава основата за приказната за Софонисба. [1]

Раса[уреди | уреди извор]

Како родена Картагинка, расата на Софонисба е предмет на дискусија. [2] Во античките и средновековните извори речиси и да нема рефернца за нејзината раса, наместо тоа се фокусираат на африканското потекло на нејзиниот сопруг. Софонисба, во подоцнежните ренесансни раскази на Петрарка, е опишана како русокоса, со млечна кожа. [3] Драматурзите Томас Набс и Натаниел Ли ја прифаќаат оваа интерпретација, кои го нагласуваат африканското потекло на Масиниса и Сифакс. [4]

Биографија[уреди | уреди извор]

Софонисба била свршена за кралот Масиниса, во 206 п.н.е. Масиниса бил водач на Масилиите или источните Нумидијци кои служеле заедно со Гиско против Рим во Хиспанија. Целта на оваа свршувачка била да се склучи дипломатски сојуз меѓу Картагина и Масилите. Меѓутоа, Картагинскиот Сенат ја забранил венчавката и и наредил на Софонисба да се омажи за Сифакс, началникот на западните Масаисили, кој дотогаш бил сојузник на Рим. Касиј Дио сугерира дека причината за тоа е што Сифакс го сметале за подобар сојузник, додека Апијан вели дека Сифакс бил заљубен во Софонисба и активно притискал за брак, вознемирувајќи ја Картагина со бунтови и заканувајќи се со напади заедно со римските сили додека тие не се откажале. Софонисба се омажила за Сифакс во 206 п.н.е, претворајќи го во најголемиот сојузник на Картагина на африканска територија. Во меѓувреме Масиниса, незадоволен од околностите, тајно се здружил со Скипион Африканус и се вратил во својата земја. [5] Според некои се смета дека тие искази можеби се украсени, бидејќи Ливи имплицира дека Масиниса ја запознал Софинисба за прв пат по битката кај Кирта, но тоа не ја исклучува претходната изјава. [6]

Хроничарите од класичниот период ја фалат Софонисба за нејзините доблести и вештини. Диодор Сикулус ја нарекува „пристојна по изглед, жена со многу разновидни расположенија и надарена со способност да ги врзува мажите за нејзината служба“, [7] додека Касиус Дио вели дека имала високо образование по музика и литература и дека била „умна, драгоцена и толку шармантна што самата нејзина глетка или дури и звукот на нејзиниот глас беа доволни да ги победат сите, дури и најрамнодушните“. [8] Полибиј ја истакнува и нејзината младост, нарекувајќи ја „дете“ невеста, нешто што го споменува и Диодор. Сепак, тие карактеристики ги наведуваат современите историчари да ја сметаат за вистински политички агент за Картагина, наместо обичен пион на војната. [9]

Софонисба, лојална на својот град, успеала да го натера Сифакс да ги здружи силите со Хасдрубал и да се соочи со Сципион и Масиниса во битките кај Утика и Големите Рамнини, но пунските сили на крајот завршиле поразени. Сифакс потоа бил поразен и се предал во 203 п.н.е. во битката кај Кирта. Кога Софонисба паднала во рацете на Масиниса, тој ја ослободил и се оженил со неа, прифаќајќи дека била принудена да се омажи за Сифакс против нејзина волја. Меѓутоа, откако ги слушнал тврдењата (потврдени со истрагите на Гај Лаелиј ) [10] дека Сифакс дејствувал против Рим под влијание на Софонисба, Скипион одбил да се согласи на овој договор, бидејќи се плашел дека таа ќе го сврти и Масиниса против него. Тој инсистирал на итно предавање на принцезата, за да може да биде одведена во Рим и да се појави на триумфалната парада . [11] Од друга страна, Плутарх смета дека Скипион побарал предавање на Софонисба од безбедносни причини, бидејши се плашел дека Масиниса може да ја измачува како одмазда за нејзиниот брак со Сифакс. [12]

Иако Масиниса ја сакал Софонисба, тој се согласил да ја остави за да не биде прогласен за непријател на Рим, и отишол кај неа. Масиниса ѝ рекол дека не може да ја ослободи од заробеништво или да ја заштити од римскиот гнев и затоа ја замолил да умре како вистинска картагинска принцеза. Сосема смирена Софонисба ја испила чашата отров што Масиниса и ја понудил и умрела, укорувајќи го при тоа, што им го направил бракот краток и горчлив. [13] Потоа, Масиниса го предал нејзиниот труп на Скипион. Неговото кралство и Рим останале во сојуз долго време по смртта на Масиниса во 148 п.н.е.[се бара извор]</link>[ потребен е цитат ]

Во литературата, уметноста и филмот[уреди | уреди извор]

Петрарка ја раскажал нејзината приказна во епската поема Африка, објавена постхумно во 1396 година.

Во 1606 година за Децата на веселбите на кралицата, драматургот Џон Марстон го напишал „Чудото на жените“, римска трагедија базирана на приказната за Софонисба.

Постојат голем број слики на кои Софонисба го пие својот отров, но темата честопати е многу слична на онаа на Артемизија II од Карија која ја пие пепелта на својот сопруг и Рембрант во Прадо (сега познат како Џудит на банкетот на Холоферн ) и Донато Крети во Националната галерија се примери на дела каде наменетата тема останува неизвесна меѓу двете. [14] Таписерија од 17 век ,зачувана од Брисел, по слика на Рубенс . [15] ја прикажува средбата на Софонисба и Масиниса.

Заедно со приказната за Клеопатра, Софонисба стана тема на трагедии (и подоцна опери) од 16-тиот до 19-тиот век и, обезбеди повеќе драми од која било друга.[се бара извор]</link>[ потребен е цитат ] Првата трагедија е заслужна за италијанскиот Галеото Дел Карето (околу 1470–1530) кој бил напишан во 1502 година, но објавен постхумно во 1546 година. Меѓутоа, првата што се појавила била драмата на Џан Џорџо Трисино од 1515 година, која „кодифицирајќи ги формите на италијанската класична трагедија, помогнала Софонисба на Дел Карето да биде заборавена“. [16] Во Франција, верзијата на Трисино била адаптирана од Мелин де Сен Желе (изведена во 1556 година), и можеби служела како примарен модел за верзиите на Антоан де Мончерестиен (1596) и Никола де Монтре (1601). Трагедијата на Жан Маире (1634) е еден од првите споменици на францускиот „класицизам“, а била проследена со верзија од Пјер Корнеј (1663).

Како предмет на вокални музички дела се појавува во делата на следните композитори: Хенри Персел (1685), Антонио Калдара (1708), Леонардо Лео (1718), Лука Антонио Предиери (1722), Николо Џомели (1746), Балдасаре Галупи (1747, 1764), Марија Тереза Агнези (1747-49), Томазо Траета (1762), Антонио Борони (1764), Кристоф Глук (1765), Матиа ВентоАнт(1766), Кристијан Готлоб Неефе (1776), Антонио Леал Мореира (1783), Џозеф Хоакин Мазуело (1784), Пјетро Алесандро Гуглиелми (1802), Маркос Португалија (1803), Фердинандо Паер (1805), Винк 1805), Луиџи Петрали (1844) и Димитрие Куклин (1945).

Софинисба се појавува прв пат во немиот филм на Џовани Пастроне од 1914 година „Кабирија “ и следно во епскиот филм на Кармин Галоне од 1937 година „Скипио Африканус: Поразот на Ханибал “.

На крајот, Софинисба се појавува омажена со Сифакс против нејзина волја и како отуѓена љубовница на источниот нумидски принц Масиниса во мангата Ад Астра – Сципион на Ханибал.

Наводи[уреди | уреди извор]

Ливи, Ab urbe condita libri xxix.23, xxx.8, 12–15.8

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]
  1. Sophonisbe Архивирано на 5 април 2005 г.
  2. MacDonald, Joyce Green, уред. (2002), „Dido and Sophonisba of Carthage: marriage, race, and the bonds between men“, Women and Race in Early Modern Texts, Cambridge: Cambridge University Press: 68–86, ISBN 978-0-521-81016-6, Посетено на 2023-03-16
  3. Petrarch, Africa, Book 5
  4. Thomas Nabbes, Hannibal and Scipio. An historicall tragedy. (London, 1637). Nathaniel Lee, Sophonisba, Or Hannibal’s Overthrow (1676)
  5. Appian, II, 10–11
  6. Butler and Scullard (1953) Livy XXX p97
  7. Diodorus Siculus, XXVII, 7
  8. Cassius Dio, H. R., XVII, 51–52.
  9. Carmen Soares; José Luís Brandão; Pedro C. Carvalho (2011). História Antiga: Relações Interdisciplinares. Fontes, Artes, Filosofia, Política, Religião e Receção. Imprensa da Universidade de Coimbra. ISBN 978-98-926156-3-9.
  10. Appian, V, 27
  11. Diodorus Siculus, XXVII, 7
  12. Plutarch, Scipio, 29
  13. Livy, Ab Urbe Condita, 30.15
  14. Finaldi, Gabriele and Kitson, Michael, Discovering the Italian Baroque: the Denis Mahon Collection, p. 56, 1997, National Gallery Publications, London/Yale UP, ISBN 1857091779
  15. „Tapestry Picture of a Dramatic Scene from the Punic Wars“. The Lotus Magazine. 6 (2): 111–112. 1914. ISSN 2150-5977. JSTOR 20543609.
  16. Abstract Архивирано на 4 август 2008 г. of the article “Galeotto Del Carretto’s ‘Sofonisba’” by Lovaniano Rossi, in Levia Gravia (2000). Universities of Turin and of Piemonte Orientale.