Историја на Србија во Југословенските војни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот за Србија

Историја на Србија

Coat of arms of Serbia small.svg
Античка историја

Рана историја
Старчевачка култура
Винчанска култура
Мизија

Среден век

Рашка
Дукља
Захумје
Травунија
Српска империја
Моравска Србија
Косовска битка
Српска деспотовина

Османлиска власт

Австриска власт
Кочинска краина
Српска револуција

Модерна Србија

Кнежество Србија
Кралство Србија
Прва светска војна
Кралство Југославија
Недичка Србија
Ужичка република
Социјалистичка Република Србија
Сојузна република Југославија
Србија и Црна Гора
Србија

Портал:Србија

Историја на Србија во текот на Југословенските војни го опфаќа периодот од историјата на Србија од десет години, кој започнал со десетдневната војна во Словенија и војната во Хрватска во 1991 година, a завршил со Прешевскиот конфликт во 2001 година. На самиот почеток од тие случувања, Србија била дел од т.н. слаба СФРЈ заснована на уставот од 1974 година, a oд 1992 до 2003 била дел од новоформираната Сојузна Република Југославија која со потсмев се нарекувала Краткославија.

Самата територија на Србија, не вклучувајќи ги неколкуте артилериски и минофрлачки напади на пограничните места и градови во 1991 и 1993 година, останала поштедена од воените операции сè до почетокот на Косовската војна, односно бомбардирањето на НАТО на СР Југославија во 1999 година. Меѓутоа, Србија од самиот почеток на Југословенските војни учествувала во војните во Хрватска и БИХ, прво со српски резервисти, регрути и офицери кои служеле во ЈНА, потоа преку разните доброволни и паравоени формации, односно воени, логистички, информативни и технички поддршки дадени од оружените формации од самопрогласените српски ентитети во Хрватска и БиХ - Република Српска и Република Српска Краина.

Поддршка за независноста на босанските и хрватските Срби била официјална политика на српските власти на чело со претседателот Слободан Милошевиќ, под чија доминација се наоѓал и сојузниот апарат. Милошевиќ со распадот на Југославија се обидел да создаде единствена, Голема Србија, која би ги опфаќала териториите на Србија, Црна Гора, Република Српска Краина и Република Српска.[1][2]

Србија со Милошевиќ уште од 1992 година во меѓународната, а посебно во западната јавност се сметала за одговорна за воведување и додатно водење на војни, односно се смета за главен виновник за извршените воени злосторства, што довело до економски санкции од ООН, во периодот меѓу 1992 - 1996 година, потоа резултираше и со меѓународна изолација на СРЈ, која имала значителни негативни економски, политички и културни последици.

Подготовка на војните - Настани кои им претходеле на војните[уреди | уреди извор]

Анимирана карта што го прикажува распадот на СФРЈ.

Половината на 80-тите, Српската академија на науките и уметностите го донесува Меморандумот на САНУ, кој доведува до заклучок дека „Србите биле дискриминирани во Југославија и дека над нив се врши геноцид од страна на Албанците во Косово“. Потоа дошло до будење на српскиот национализам во рамките на т.н. Антибироктатска револуција - бран на организирани протести на Србите и Црногорците во земјата. Под притисок на демонстрациите, дошло до рушење на власта во Војводина, Косово и Црна Гора и поставување на луѓе верни на режимот на Слободан Милошевиќ. Милошевиќ користел строга контрола врз медиумите што би му помогнало да организира пропагандска кампања со тезата дека Србите биле жртви и потребата за прекројување на Југославија (поради стравот од српскиот национализам). Како резултат на Антибирократската револуција владите на Војводина, Косово и Црна Гора поднеле оставки. Со тоа Милошевиќ се стекнал со контрола на 4 гласови од вкупно 8 во претседателството на СФРЈ и контрола врз СКЈ[3][4]

Новоформираните српски националистички партии ја означувале Југославија како најголема катастрофа на Србија, сметајќи ја за кобна грешка што Србија се согласила на Југословенска држава наместо да формира Голема Србија во поволниот период по Првата светска војна.[5] Во текот на Југословенските војни во 90-тите, српските политичари ја застапувале идејата за обединување на Србите по пат на ревизија на границите, во спротивност од настојувањето на меѓународната заедница за зачувување на постоечките граници на југословенските републики. Големосрпската идеја многу поотворено од Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Слободан Милошевиќ, ја застапувале партиите Српска Радикална Странка (СРС) на Воислав Шешељ и Српското движење за обнова (СПО) на Вук Драшковиќ.[3][6]

Српскиот претседател Слободан Милошевиќ кој исто така бил и лидер на СПС, неколку пати кажал дека сите Срби би требало да ги уживаат сите права за да бидат вклучени во Србија.[3] Михајло Марковиќ, потпретседателот на главниот комитет СПС, одбивал решенија кои би ги направиле Србите надвор од Србија малцинство. Тој предложил да се направи федерација која би се состоела од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Србите во српскиот автономен регион Краина, Славонија, Барања и Срем.[3]

Словенија и Хрватска прогласиле независност на 25 јуни 1991. Двете држави биле меѓународно признаени на 15 јануари 1992 година. БиХ прогласила независност на 5 март 1992. Меѓународно беше призната на 22 мај 1992 година, од ООН. Со распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора прогласиле СРЈ, која би била заменик на СФРЈ, на 27 април, 1992 година. Во текот на конфликтот оваа држава беше под постојани економски блокади воведувани од ООН и не беше призната од ООН.

Улогата на Србија во Југословенските војни[уреди | уреди извор]

Териториите на Хрватска и Босна и Херцеговина под контролата на српските сили помеѓу 1992-1995.

Српската влада негирала било каква поврзаност на официјална Србија во војните во Хрватска и Босна и Херцеговина. Меѓутоа, пред Меѓународниот суд за воени злосторства подоцна се обидувала да се докаже точната улога и одговорноста на Србија во овие конфликти.[7]

Бившиот началник на генералштабот на Војската на Југославија (ВЈ)Момчило Перишиќ бил обвинет дека бил одговорен за материјална и логистична помош на Војската на Република Српска (ВРС) и Српската Војска во Краина (СВК); Хашкиот суд потоа наведува дека ВЈ го обезбедувала и го плаќала офицерскиот кадар на ВРС и СВК, вклучувајќи бенефиции и унапредувања. Според обвинувањата, ова обезбедување на офицерите на ВЈ е тајно вршено, за да се прикрие вмешаноста на СРЈ во конфликтите во Хрватска и БиХ, каде што се кршени резолуциите на Советот за безбедност на ОН.[7]

Потанаму се наведува дека во ноември 1993 година, Момчило Перишиќ при генералштабот на ВЈ основал кадровски центри со посебна намена, за да се прикрие обезбедувањето и плаќањето на офицерите во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Тие центри се познати како „30. кадровски центар” за припадниците на ВЈ кои служеле во ВРС и „40. кадровски центар” за припадниците на ВЈ кои служеле во СВК.[7]

Српската воена пропаганда[уреди | уреди извор]

Српските медиуми во текот на ерата на Милошевиќ беа познати како воздигнувачи на српскиот национализам и на култот на личноста на Милошевиќ. Медиумите, исто така, промовирале ксенофобија кон другите националности во Југославија. Етничките Албанци беа идентификувани како анти-југословенски револуционери, силувачи и закана за српската нација.[8] Кога војната еруптирала во Хрватска, Српскиот весник Политика, го промовираше српскиот национализам и омраза кон Хрватска, и насилство.[9] На 5 јуни 1991 година, Политика Експрес напишала статија наречена „Србите мораат да земат оружје“. На 25 јуни 1991 и на 3 јули 1991 година, Политика започнала отворено да промовира поделба на Хрватска, пишувајќи „Ние не можеме да ја прифатиме Хрватска да ги задржи овие граници“, „Краина во иста држава со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“, и неколку пати интервјуирајќи го Јован Марјановиќ од Нова Србија, кој рекол „ЈНА мора да дојде во Хрватска и да ја окупира линијата Бенковац, Карловац, Пакрац и Барања“, каде што било потребно да се окупираат сите територии во Хрватска кои беа зацртани од страна на националистите кои се залагаа за Голема Србија.[10] Новозбраната хрватска влада не ја криела својата нетрпеливост кон Србите.[се бара извор] ОД друга страна, пак, за да се промовира дополнителен страв и лутина кај Србите кон Хрватска, на 25 јуни 1991 година, Политика ги потсетува Србите за злоделата направени од хрватските фашисти, Усташи, против Србите во текот на Втората светска војна, пишувајќи дека „Јасеновац“, усташкиот концентрациски камп во Втората светска војна не смее да биде заборавен.[11] Истовремено новите хрватски власти се обидуваат да ги намалат размерите на злоделата направени во Втората Светска Војна, а тоа доведува до дополнителен револт кај Србите.

Српските национални медиуми во текот на војните емитуваа извештај во кои се зборува само за загрозеноста на српскиот народ. Во една програма, Србинка од Хрватска ги објавила старите комунистички закони во Хрватска, кажувајќи дека „под нив мнозинството Срби би биле асимилирани за десет години“,[12] додека друга личност изјавила „Каде што српската крв била леена од страна на шшУсташите, тоа ќе биде наша граница.“[12] Неколку репорти од државната телевизија го прикажиле гостинот Јован Рашковиќ кој рекол дека Хрватите имале „геноцидски ум“.[12] Овие негативни медиумски извештаи претставуваат примери низ кои се илустрира контролата која ја воспоставил Милошевиќ врз медиумите промовирајќи стравотни и ксенофобични националистички чувства со кои требало да се обезбеди поддршка на Србите за започнување на војните.[12] Директорот на Радиотелевизија Србија (РТС) во ерата на Милошевиќ, Душан Митевиќ, во еден американски документарец вели дека „нештата кои се случиле во државната телевизија, со воено расположение, се нешта кои можеме да ги признаеме сега: грешни информации и пристрасно известување. Тоа беше диктирано од Милошевиќ до главниот во националната телевизија“.[13]

Србија во војната во Словенија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Десетдневна војна во Словенија.

Веднаш по словенечкиот референдум за независност, ЈНА објави нова одбранбена доктрина која би ја искористила во целата држава.


Генералот Вељко Кадијевиќ бил де факто комантант на ЈНА во текот на десетдневната војна за независност во Словенија. Со оглед на тоа што околу половината на населението на СФРЈ биле етнички Срби и најголемиот број на офицери во ЈНА биле Срби. Рангот и останатите чинови и трупи биле оние кои немале голема мотивација да се борат против Словенците. Околу 30% од Војниците од Петтата воена област, која ја опфаќала територијата на [[Словенија], биле Албанци.[14] Српската влада на Слободан Милошевиќ немала интерес во останувањето на Словенија во Федерацијата - таа република немала значителен број на Српско население. На 30 јуни, генералот Кадијевиќ му сугерирал на Југословенското претседателство масовен напад на Словенија за да се елиминира сецесионистичкото расположение. Но српскиот претставник во претседателството, Борисав Јовиќ кои ги застапувал интересите на политиката на Милошевиќ, ги шокирал воените команданти кога изјавил дека Србија не поддржува понатамошни воени акции во Словенија.[15] Србија во тој момент била повеќе загрижена за ситуацијата во Хрватска поради заштитата на српското малцинство во таа република.

Словенија се здобила со големи симпатии во западната јавност како случајот со Давид против Голијат или борба помеѓу демократија и силниот и авторатитен комунистички режим.[се бара извор] Западната јавност беше потсетена од настаните во Кина две години претходно. Десетдневната војна беше формално завршена со потпишување на Брионскиот договор под политичко спонзорство на Европската заедница. Беше согласно дека сите Југословенски воени единици ќе ја напуштат Словенија, со ветување од владата во Белград дека до крајот на Октомври би се завршил тој процес.

Србија во војната во Хрватска[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Војна во Хрватска.

Србија во војната во Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Војната во Босна и Херцеговина.

Според документите на Обвинителството, ЈНА во текот на „лажното повлекување од Босна” во 1992 година, оставила околу 70.000 парчиња оружје исто и муниција со ознаките на СР Југославија, чии остатоци биле пронајдени во Сребреница.[7]

Спомен-гробишта на жртвите на опсадата на Сараево во Стари Град.

Empty citation (помош) 

Србија во Косовската војна[уреди | уреди извор]

Во текот на 1998 година, ОВК помасовно започнала герилски борби со српските безбедносни сили. Од март 1998, српските сили започнале со артилериски дејствија против албанските села под контрола на ОВК.[16] Борбите помеѓу специјалните единици на МУП на Србија и ОВК, која држела под контрола околу третина од цело Косово, кон средината на 1998 година, прераснуваат во Косовска војна. Тоа што започнало како операција против ОВК се претворило во систематско етничко чистење на покраината од нејзините Албански жители.[17]


Српската Полиција и Војската на Југославија во текот на Натовото бомбардирање на СРЈ, во 1999 година спроведувале координирани операции на насилство над албанското население со цел да го протераат од Косово и така Белград да одржи контрола врз покраината..[18][19]Српските власти вршеле организирани убиства, депортации и масовни прогонувања на косовските Албанци, со позначајна употреба на државни ресурси.[19]Владините сили убиле на илјади цивили кои не биле борци, вклучувајќу жени и деца, ширејќи страв меѓу косовските Албанци да ги натера на напуштање.[18] Овие активности на Српските сили резултирале со напуштање на најмалку 700.000 албански бегалци од Косово во краткотраен временски период[18] Според статистиките на УНХЦР, вкупниот број на бегалци од Косово на 9 јуни изнесувал 862.979[20][21]

Повеќе месечните кампањи на убивање и депортација на силите донела до подигнување на тужба против Слободан Милошевиќ и неговите помогнувачи како и до судење на српските политички и воени лидери за наводни воени злосторства во Косовската војна.[22]

Последици[уреди | уреди извор]

Србија без Косово

Србите во Хрватска го одбиле планот Z-4, кој им нудел широка автономија во делот на Република Хрватска.[се бара извор] Потоа, меѓународната мислење за Србите конечно е искристализирано по масакрот во Сребеница на 11 јули 1995 година[23], што довело до санкции на ООН против СРЈ.

На 4 август 1995 година, Хрватска ја спровела Операцијата Олуја, која завршила со пад на самопрогласената Република Српска Краина и со бран на српски бегалци кои во најголема мерка се доселуваат во СРЈ. Од 30 август до 14 септември НАТО ги бомбардирал воените објекти на Војската на Република Српска и Српските објекти во Босна и Херцеговина со која е прекината српската опсада на Сараево. Во ноември истата година е потпишан Дејтонскиот мировен договор, со кој е завршена војната во Босна и Херцеговина и каде што Србија конечно ја признала сувереноста и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и Хрватска.

Неуспехот за прекројување на државните граници во Југословенските војни имал големи последици по Србија и поширокиот регион. Србите и Србија во текот на војните, а подоцна и преку судењата за воени злосторства се стекнале со ужасна репутација во светската јавност. Злосторствата направени во текот на Југословенските војни ги поучиле западните земји побрзо да реагираат во случајот на Косово.[24] По избувнувањето на Косовската војна во 1998 година и првите масакри на Албанците во Косовската војна, доаѓа до НАТО-во бомбардирање на СРЈ во 1999 година, каде што Србија ја изгубила контролата над таа област. По неколку години, Црна Гора ја напуштила државната заедница со Србија. На 17 февруари 2008 година, парламентот на Косово со поддршката од ЕУ и САД[25] прогласува еднострана независност од Србија.[26]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mediji i rat: Kako je “Politika” izveštavala 1992. godine (2) Politika 27. marta 1992: Poslanici su aplauzom potvrdili pravno zaokruženje četvrte republike na tlu treće Jugoslavije.
  2. Decision of the ICTY Appeals Chamber; 18 април 2002; Reasons for the Decision on Prosecution Interlocutory Appeal from Refusal to Order Joinder; Paragraph 8
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Izveštaj Ujedinjenih nacija Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „UN“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Olivera Milosavljević, Antibirokratska revolucija 1987-1989. godine
  5. Srbija i Srednja Evropa: Jedna propuštena prilika - tragedija Srbije
  6. Mladen Klemenčić, Velikosrpska teritorijalna posezanja
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 General Momčilo Perišić pred Haškim tribunalom
  8. International Centre Against Censorship. "Forging War: The Media in Serbia, Croatia and Bosnia-Herzegovina". International Centre Against Censorship, Article 19. Avon, United Kingdom: Bath Press, May 1994. P55
  9. International Centre Against Censorship. "Forging War: The Media in Serbia, Croatia and Bosnia-Herzegovina". International Centre Against Censorship, Article 19. Avon, United Kingdom: Bath Press, May 1994. P76
  10. International Centre Against Censorship. "Forging War: The Media in Serbia, Croatia and Bosnia-Herzegovina"
  11. International Centre Against Censorship. "Forging War: The Media in Serbia, Croatia and Bosnia-Herzegovina". International Centre Against Censorship, Article 19. Avon, United Kingdom: Bath Press, May 1994. P78
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 [1]
  13. Wide Angle, Milošević and the Media. "Part 3: Dictatorship on the Airwaves." PBS. [2]
  14. Meier, Viktor. Yugoslavia — A History of its Demise. Routledge, London, 1999
  15. Vasić, Miloš. "The Yugoslav Army and the Post-Yugoslav Armies", in Yugoslavia and After — A Study in Fragmentation, Despair and Rebirth, ed. David A. Dyker & Ivan Vejvoda. Longman, London, 1996
  16. Kosovo Chronology: From 1997 to the end of the conflict“, British Parliament, 1 јуни 1999 (посет. 20 септември 2009 г).
  17. Erasing History: Ethnic Cleansing in Kosovo
  18. 18,0 18,1 18,2 Human Right Watch, Po naređenju: ratni zločini na Kosovu
  19. 19,0 19,1 Presuda Haškog suda
  20. “The Kosovo refugee crisis: an independent evaluation of UNHCR’s emergency preparedness and response”, UNHCR Evaluation and Policy Analysis Unit, februar 2000.
  21. Die Folgen der NATO-intervention im Kosovo
  22. Istraga
  23. Geneza velikosrpskog nacionalizma
  24. Greater Serbia (knowledgerush.com)
  25. Tajni protokol razgovora EU i SAD o planiranju proglašenja nezavisnosti Kosova, kao i o nekim njihovim aktivnostima pre i posle tog proglašenja
  26. B92. Vesti: Kosovo proglasilo nezavisnost. 17. februar 2008, 23.27 č