Трибали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Трибалите се антички племиња чија територија на распостранување е лоцирана во денешна југоисточна Србија и западна Бугарија. Херодот ги опишува како тракијски племиња кои биле под влијание од Келтите, Скитите и Илирите. Скудни се податоците за овие племиња, па за нив се знае следново: Во 424 година пр.н.е. биле нападнати од Ситалк, кралот на Одриското Кралство, кој бил поразен и во судирите го загубил својот живот. Трибалите биле нападнати и од Аутаријатите, илирски племиња, при што биле потиснати и се преселиле поисточно, а точната година на овој напад не се знае. Во 376 година пр.н.е. поголема трибалска војска под водство на кралот Халес, ја поминала Балкан Планина, и продрела јужно се' до Абдера. Имале поддршка од Маронеја, град во Тракија, и се подготвувале да го опсадат градот Абдера. Но, набргу Атињаните им пришле на помош и издејствувале мир. Во 339 година пр.н.е. Филип II се враќал од воениот поход против Скитите. Трибалите одбиле да го пуштат да премине преку Балкан Планина, доколку не им даде дел од пленот. Не поминало долго, дури не избувнал воен конфликт. Филип бил ранет во десниот бут, но се чини дека Трибалите сепак биле поразени. По смртта на Филип II, Александар Македонски поминал низ земјата на Одрисите, ја преминал Балкан Планина и после три битки, ги победил Трибалите. Тие претрпеле тешки загуби.(3000 војници). Нивниот крал Сирм, заедно со остатоците од војската побегнал на островот Певк, на реката Дунав. Македонците ги покориле речиси сите племиња во околината на реката, па затоа тие побарале мир. Александар задоволен од операцијата им наложил да плаќаат данок и го прифатил мирот, насочувајќи се кон неговиот поход во Азија. Аутаријатите и Келтите ги нападнале Трибалите во 295 година пр.н.е. Околу 279 година пр.н.е. галското племе Скордисци под заповедништво на Керетриј, ги победиле Трибалите со војска од 3000 коњаници и 15 000 пешадинци. Поразот ги натерало Трибалите да се преселат уште поисточно. Сепак, тие во понатамошниот период претставувале серизона закана за римските гувернери во Македонија. Илирските племиња Дардани се населиле југозападно од Трибалите. Меѓутоа, тракијските топоними биле зачувани од романизација. За времето на Клавдиј Птоломеј, нивната територија е ограничена помеѓу реките Цибрица и Вит во денешна Бугарија. Додека Тибериј бил римски император, Трибалија е споменета во провинцијата Мизија, а императорот Максимин Тракс, бил командант на "бригада Трибали". Името последен пат се појавува во едно писмо, за време на владеењето на имерпаторот Диоклецијан. Трибалите чести биле опишувани како диви и воинствени луѓе (Изократ), а во делата на комедиографот Аристофан, Трибалите се исмејувани како нецивилизрани варвари. Во Средниот Век,терминот Трибали, Византијците го користеле за именување на Србите.