ЖРК Ларвик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ларвик
Целосен називЖенски Ракометен Клуб Ларвик
Основан31 мај 1990
ИгралиштеАрена Ларвик, Ларвик
Приемност4.500[1]
Главен тренерНорвешка Тор Одвар Моен
ЛигаГрундиглигаен
2015–20161ви
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

ЖРК Ларвик е женски ракометен клуб од Ларвик, Норвешка. Моментално се натпреварува во Норвешката Прва лига.

Клубот е основан на 31 мај 1990 година. Ларвик е најуспешниот женски ракометен клуб во Норвешка со освоени 18 домашни титули и 16 национални купови. Покрај тоа, клубот исто така бил европски шампион, кога во сезоната 2010-2011 ја освоиле Лигата на шампионите со победа над шпанскиот Итчако. Ларвик е двократен освојувач и на Купот на победниците на куповите во сезоните 2004-2005 и 2007-2008.

Ларвик исто така е клубот кој дал најмногу ракометарки на норвешката женска репрезентација која со години е доминантна во Светскиот женски ракомет.

Својте домашни натпревари Ларвик ги игра во салата Арена Ларвик која собира 4,500 гледачи.

Историја[уреди | уреди извор]

ЖРК Ларвик е основан на 31 мај 1990 година, со спојувањето на двата ракометни клуба Ларвик Турн и Халсен. Тие играат во Првата лига на Норвешка од сезоната 1992-1993. Во текот на првата година клубот бил блиску до испаѓање, но успеал да остане во топ дивизијата. Меѓутоа веќе во следната сезона, клубот ги направил својот пробив освојувајќи ја титулата во лигата и играле во финалето на Купот н Норвешка.

Ларвик во моментов е, од крајот на 1990-тите години, најсилниот тим на Норвешката женска ракометна сцена. Последниот пат кога загубиле лигашки натпревар на домашен терен било на 14 март 1999 година. На 14 мај 2011 година клубот го доживеал најголемиот успех во своето постоење освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите, за првпат.

Сала[уреди | уреди извор]

  • Име: Арена Ларвик
  • Град: Ларвик
  • Капацитет: 4,000 седечки места
  • Отворена:19 септември 2009.
  • Адреса: Hoffsgt. 6, 3262 Ларвик

Титули[уреди | уреди извор]

1993-1994, 1996-1997, 1999-2000, 2000-2001, 2001-2002, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017
1995-1996, 1997-1998, 1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Голманки
Крила
ДК
ЛК
Пивоти

Бекови
ЛБ
СБ
ДБ

Играчи на Ларвик во норвешката репрезентација[уреди | уреди извор]

По натпреварувања почнувајќи од 1992

Тренери[уреди | уреди извор]

Име Националност Тренер од Тренер до
Петер Бертелсен Данска Данска 1 јуни 1990 1 јуни 1992
Марит Бреивик Норвешка Норвешка 1 јуни 1992 1 јуни 1994
Гунар Петерсен Норвешка Норвешка 1 јуни 1994 1 јуни 1996
Кристијан Халдорсон Исланд Исланд 1 јуни 1996 1 јуни 1998
Оле Густав Екстад Норвешка Норвешка 1 јуни 1998 1 јуни 2005
Карл Ерик Бен Норвешка Норвешка 1 јули 2005 3 јануари 2011
Тор Одвр Моен Норвешка Норвешка 3 јануари 2011 1 јуни 2011
Оле Густав Екстад Норвешка Норвешка 1 јуни 2011 1 јуни 2015
Тор Одвар Моен Норвешка Норвешка 1 јуни 2015 денес

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Technical Data“ (германски). SAP Arena official website. Архивирано од изворникот на 2013-05-31. Посетено на 17 January 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]