Економија на Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Економијата на Истанбул опфаќа прашања кои се поврзани со економијата на градот Истанбул, во Турција.

Истанбул отсекогаш бил центар на економскиот живот во Турција, поради неговата локација, како спој на меѓународните земјишта и морските трговски правци. Истанбул е исто така во Турција најголем индустриски центар. Градот зазема околу 20% од турскиот индустриски труд и придонесува за 38% од вкупниот процент на работнас сила. Истанбул и околината се познати по производство на памук, овошје, маслиново масло, свила, и тутун. Преработка на храна, производство на текстилни производи, нафтени деривати, гума, метал, кожа, хемикалии, фармацевтската индустрија, електроника, стакло, машини, автомобили, превозни средства, хартија и производи од хартија, и алкохолни пијалоци се меѓу главните индустриски производи. Според списание Форбс, во Истанбул живеат вкупно 35 милијардери, според податоци од март 2008 година, и според оваа категорија, градот се наоѓа на четвртото место во светот. [1]

Првично основана како Отоманска берза (турски: Dersaadet Tahvilat Borsası), во 1866 година, и реорганизирана на почетокот на 1986 година, Истанбулската берза (ISE) е единствената која тргува со хартии од вредност на пазарот на Турција.[2]. Во текот на 19 век и почетокот на 20 век, улицата Банкалар Кадеси која се наоѓа во Галата, станала голем финансиски центар на Отоманската империја, каде што се наоѓало и седиштето на Отоманската Централна банка (се одржа како Банка-и Османи во 1856 година, а подоцна и реорганизирана како Банка-и Османи-и Шахане во 1863 година [3] и Отоманската берза од 1866 година.[4]. Банкалар Кадеси продолжува да биде и денеска главната финансиска област во градот. Во почетокот на 1990-тите години, со развивањето на банкарските услуги, турските банки започнале свои филијали да отвараат и во други места на градот како Левент или Маслак[4] In 1995, the Istanbul Stock Exchange moved to its current building in the Istinye quarter.[5].

Податотека:Maslak financial district Istanbul.jpg
Маслак , еден од најголемите финансиски зони во градот

Денес, градот генерира 55% од турската трговија и 45% од трговијата на големопродажба, 21,2% од турскиот бруто национален производ. Истанбул придонесува 40% од вкупните даноци собрани во Турција и произведува 27,5% од турските национални производи. Во 2005 година, градот Истанбул, имал БДП од $ 133 милијарди долари.[6] Во 2005 година, вкупниот извоз на компаниите со седиште во Истанбул бил $41,397,000,000, а увозот бил во вредност од $69,883,000,000; и самите проценти на ниво на целата република зазимаат до 56,6% и 60,2%[7].

Истанбул е еден од најважните туристички места во Турција и светот. Постојат илјадници хотели и други туристички ориентирани индустрии во градот, проследени со големиот број на објекти што се од културен карактер. Во 2006 година вкупно 23.148.669 туристи ја посетиле Турција, од кои повеќето од нив во земјата влегле преку морските пристаништа или преку аеродромите на Истанбул и Анталија.[8] Вкупниот број на туристи кои што влегле низ аеродромот Истанбул Ататурк и Сабиха Ѓукчен во Истанбул достигнал 5.346.658. [9]. Истанбул е исто така е град на светските големи конференциски дестинации и е се повеќе популарен избор за водечките светски меѓународни асоцијации.[10]

Видете исто[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Turkey’s new rich find the Midas touch“, The Sunday Times, 9 март 2008 (посет. 18 јуни 2009 г).
  2. „Istanbul Stock Exchange: History of the Istanbul Stock Exchange“. Imkb.gov.tr. конс. 2009-07-14. 
  3. „Ottoman Bank Museum: History of the Ottoman Bank“. Obarsiv.com. конс. 2009-07-14. 
  4. 4,0 4,1 „Ottoman Bank Museum“. Ottoman Bank Museum. конс. 2009-06-18. 
  5. „Istanbul Stock Exchange: "İMKB’nin Kuruluşundan İtibaren Önemli Gelişmeler" (Timeline of important events since 1985)“. Imkb.gov.tr. 2000-07-31. конс. 2009-07-14. 
  6. PriceWaterhouseCoopers: U.K. Economic Outlook and Global City GDP Ranking 2005–2020 Full Report (PDF)
  7. CNN Türk: Dış ticaretin lokomotifi İstanbul (Istanbul is the locomotive of foreign trade)
  8. „Hürriyet: 2006’da Türkiye’ye gelen turist başına harcama 728 dolara indi“. Hurriyet.com.tr. конс. 2009-05-28. 
  9. „Turist sayısı genelde düştü İstanbul'da arttı“. Sabah. конс. 2009-05-28. 
  10. „EIBTM 2007 - The Global Meetings & Incentive Exhibition for the MICE Industry“. Reed Exhibitions Limited (member of the Association of Event Organisers (AEO)). конс. 2006-03-11.