Децимален знак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бројни системи кај разни народи и култури
Индоарапски броеви
Западноарапски
Источноарапски
Индиско семејство
Бурмански
Кмерски
Монголски
Тјаландски
Источноазиски броеви
Јапонски
Кинески
Суџојски
Корејски
Виетнамски
Стапчиња
Азбучни броеви
Абџадски
Арјабатини
Ерменски
Етиопски
Грчки
Кирилични
Еврејски
Други системи
Егејски
Атички
Вавилонски
Брамански
Египетски
Етрурски
Ескимски
Мајански
Кипу
Римски
Поле со урни
Положбени системи по основа
Десетични (10)
1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 30, 36, 60 повеќе…

Децимален знак — знак кој се користи за одбележување на границата меѓу целите и дробниот дел од децималните броеви.

На почетокот (приближно кон крајот на првиот милениум од нашата ера) се користела црта поставена на цифрата за единиците. Подоцна постепено се наметнал раздвоен знак (раздвојник, сепаратор) – краток, речиси вертикална цртичка, нанесена со перцето за пишување, меѓу единиците и десеттинките. Со појавата на печатарството, погодно било за таа цел да се користи постојната запирка, поретко точка или подигната точка (на полувисочина на редот).

Од овие причини во повеќето земји се користи запирката за одбележување на местото на декадните единици, додека предимно во англофонските земји најчесто за таа цел се користи точката или подигнатата точка.

Согласно решението на Советот на Меѓународната организација за стандардизација, дадена во стандардот ISO 80000-2, децималниот знак во документите на таа организација е „запирка“.

Во врска со тоа треба да се спомне, дека како знак за множење во тие документи се користи крвчето (×) или подигнатата точка. Првиот знак се користи при множење на броеви, а вториот при множење на величини. На пример: 220 × 4 = 880, но P = U • I

Кај калкулаторите најчесто се користи децималната точка затоа што најчесто се произведуваат во земјите кои официјално користат точка (Кина, Јапонија, САД). Добрите софтверски калкулатори за компјутери поддржуваат и децимална запирка и децимална точка, во зависност од избраните нагодувања за јазик на оперативниот систем или на самиот калкулатор.

Земји кои ја користат запирката како децимален знак[уреди | уреди извор]

Албанија, Андора, Аргентина, Австрија, Беларус, Белгија, Боливија, Бразилија, Бугарија, Венецуела, Германија, Гренланд, Грција, Данска, Еквадор, Естонија, Зимбабве, Индонезија, Исланд, Шпанија, Италија, Канада (во Квебек), Колумбија, Куба, Латвија, Литванија, Луксембург, Македонија, Молдавија, Норвегија, Парагвај, Перу, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словакија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија, Уругвај, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка Република, Чиле, Швајцарија, Шведска, Јужноафриканска Република

Земји кои ја користат точката како децимален знак[уреди | уреди извор]

Австралија, Боцвана, Гватемала, Доминиканска Република, Израел, Индија, Ирска, Канада (без Квебек), Кина, Кореја (Северна и Јужна), Костарика, Малезија, Мексико, Никарагва, Обединетото Кралство, Панама, Порторико, Ел Салвадор, Саудиска Арабија, САД, Сингапур, Тајланд, Филипини, Хондурас, Хонгконг, Јапонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]