Дропка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Торта со отстранета една четвртина. Преостанати се три четвртини. Испрекинатите линии прикажуваат каде треба да се пресече тортата за да се добијат еднакви делови. Секоја четвртина од тортата се означува со дропка 14.

Дропка — броj што содржи еден или неколку еднакви делови од целото (единицата), се викаат дропки. Зборовите: половинка, четвртинка, третинка, петтинка, десеттинка, стотинка итн., при искажувањето на дропките ни покажуваат на колку еднакви делови е разделена единицата (целото), според тоа и нив можеме да ги изразиме со природните броеви: 2, 3, 4, 5, 6, . . . ,10, . . . , 100 итн. Според тоа, дропките ги искажуваме со помош на два броја, што при запишувањето ги разделуваме со една хоризонтална цртичка и тоа вака:

Бројот што стои под цртичката го викаме именител, а ни покажува на колку еднакви делови е разделена единицата, т.е., името на тие делови. Бројот пак, што стои над цртичката го викаме броител, а ни покажува колку такви делови сме земале, односно колку ги има во дропката. Хоризонталната цртичка, што го разделува броителот од именителот, се вика дробна црта. На пример, кај дропката:

, бројот 5 е броител, а бројот 8 е именител.

Дропките, можат да имаат најразлични именители, т.е. за именител може да дојде кој и да било природен број, таквите дропки се викаат уште и обични дропки. Секој природен број n може да се запише како дропка со со броител n и именител 1. Дропки кои имаат ист броител и ист именител формираат едно цело. На пример: 2 половини = едно цело. Дропката со која е претставен природене број се нарекува привидна дропка. Секој природен број може да претставува дропка. Има некои природни броеви кои не претставуваат дропка. Дропките се делат на чисти и нечисти (правилни и неправилни). Правилни дропки се оние кои имаат помал броител, а поголем именител. Тие дропки се помали од 1. А дропките кои кои имаат поголем броител,а помал именител се нарекуваат нечисти дропки. Тие се дропки поголеми од 1.