Денишер Волд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Денишер Волд од 1652 година
Плажа во Кил-Шилкзе

Денишер Волд[1] (германски: Dänischer Wohld; дански: Jernved) — полуостров помеѓу Екернфердскиот Залив и Килскиот Фјорд во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. На југ се граничи со реките Левензау и Ајдер (денес со Килскиот Канал). Главно место на историската област како и административно седиште на истоимената општинска заедница, која го зафаќа средишниот дел на полуостровот, е Геторф.

Денишер Волд се наоѓа во округот Рендсбург-Екернферде. Некои места во југоисточниот дел (Шилкзе, Холтенау, Фридрихсорт) од 1922 година припаѓаат на градот Кил.

Област[уреди | уреди извор]

Денишер Волд е дел од ридскиот масив на Шлезвиг-Холштајн. Оваа млада морена била создадена пред околу 20.000 години со топењето на мразот од последното ледено доба. Многу ридови ја пресекуваат областа. За плажите и бреговите се наоѓаат полиња и ливади.

Име[уреди | уреди извор]

Ознаката „Денишер Волд“ се однесува на поранешната шума Исарнхо („Железна шума“) помеѓу Екернфердскиот Залив и Килскиот Фјорд.[2] Волд потекнува од долногерманскиот јазик што означува шума. Ознаката како Железна шума денес повторно се сретнува во данскиот јазик Јернвед (Jernved).

Населување[уреди | уреди извор]

Праисторија[уреди | уреди извор]

Како најрано присуство на луѓе во Шлезвиг-Холштајн се зема XIII век п.н.е.. Многу од пронајдените мегалити во Денишер Волд прикажуваат развиен општествен живот на населените племиња во младото камено доба.

Дури во III век п.н.е. се појавиле првите станбени населби.

Преселба на народите[уреди | уреди извор]

При големата преселба на народите од III век се промениле многу народи во областа. Од II век биле населените Сасите. Денишер Волд главно бил ненаселен.

Среден век[уреди | уреди извор]

Од 811 година, реките Ајдер и Левензау служеле како граница помеѓу Данците и Сасите. Северно од Виндебиер Нор се протегал ѕидот. На исток се протегала границата во однос на Словените.

Во 1260 година, Денишер Волд на крајот бил вклучен во Грофовијата Холштајн,[3] надошле нови доселеници од југ. Во 1662 година околу половина од површината била населена.

Села[уреди | уреди извор]

Најстари села биле:

Во средниот век во Денишер Волд, како и во Шванзен, се појавиле големи имоти со прекрасни велепоседнички домови или замоци. Овие имоти постоеле до крајот на XIX век. Дури и денес сè уште се наоѓаат во посед на старите семејства.

Општини[уреди | уреди извор]

Областа административно е поделена на следниве општини:

Исто така, областа ги вклучува и поранешните општини, а денес градски окрузи на Кил:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Името на полуостровот е добиено преку транскрипција на германското име кое во случајов е во падеж, па затоа се сретнува и под други имиња, како Денишен Волд.
  2. „Das Amt stellt sich vor“. Денишер Волд (амт). Посетено на 28 јули 2013.
  3. Hans Wilhelm Haefs: Ortsnamen und Ortsgeschichten in Schleswig-Holstein, 2004.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°41′98″N 10°05′80″E / 54.71056° СГШ; 10.10556° ИГД / 54.71056; 10.10556 Координати: Секунди географска ширина >= 60
Координати: Секунди географска должина >= 60
Координати: Параметарот: "region=" би требало да биде "region:"
Координати: Параметарот: "type=" би требало да биде "type:"
{{#coordinates:}}: неважечка гео. ширина