Екернфердски Залив
Екернфердски Залив (германски: Eckernförder Bucht; дански: Egernførde Fjord) — фјорд во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Заливот претставува ракав на Килскиот Залив. Се граничи со Килскиот Фјорд кај светилникот Билкер. Некогашниот пошумен полуостров Денишер Волд помеѓу Килскиот Фјорд и Екернфердскиот Залив претставувал погранична област помеѓу Сасите и Данците во текот на средниот век. Северно од Екернфердскиот Залив се наоѓа полуостровот Шванзен. На крајот на заливот се наоѓа градот Екернферде.
Екернфердскиот Залив е долг 17 километри и при неговиот влез е широк 10 километри, каде што како крајни точки се земаат Бокнис-Ек (општина Вабс) и Дениш-Нинхоф (општина Шведенек). Во поглед на меѓународното право се смета за „вистински залив“.[1]
Брегот на Екернфердскиот Залив целосно се граничи со округот Рендсбург-Екернферде (стариот округ Екернферде). На северниот брег се наоѓаат општините Вабс (на почетокот на заливот) и Баркелсби, на јужниот брег од исток кон запад општините Шведенек (исто така на почетокот на заливот), Нер и Алтенхоф. Истоимениот град Екернферде се наоѓа на западниот крај на заливот.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Erwin Beckert, Gerhard Breuer: Öffentliches Seerecht. de Gruyter, Berlin/ New York 1991, ISBN 3-11-009655-2, S. 54.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Карта на заливот Архивирано на 2 април 2007 г. (германски)
Координати: 54°28′N 9°57′E / 54.467° СГШ; 9.950° ИГД
![]() | Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |