Килски Фјорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Внатрешниот Килски Фјорд, погледнат од зградата на Ландтагот на Шлезвиг-Холштајн.

Килски Фјорд (германски: Kieler Förde; дански: Kielerfjorden) — приближно 17 километри долг фјорд на Балтичкото Море на источниот брег на Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се создал од движење на ледник во текот на последното ледено доба, се наоѓа помеѓу полуостровите Денишер Волд и Вагрија. Како и други тесни заливи налик на фјорд, геолошки не претставува фјорд. Се протега од Херн во центарот на градот Кил до Килскиот Залив.

Источниот крај на Килскиот Канал се наоѓа во Килскиот Фјорд. На неговата најтесна точка, Фридрихсортер Енге („Friedrichsorter Enge“), фјордот е широк само еден километар. Швентине се влева во Килскиот Фјорд во близина на Кил-Дитриксдорф.

Места[уреди | уреди извор]

Килскиот Фјорд помеѓу Лабо и Моле Штикенхерн (морска карта).

Места долж Килскиот Фјорд:

Западен брег[уреди | уреди извор]

Од север кон југ:

  • Билк (Светилник Билк)
  • Штранде (рибарско и спортско пристаниште)
  • Кил-Шилкзе (олимписко пристаниште)
  • Фалкенштајн (слободна плажа во Кил)
  • Кил-Фридрихсорт (трандиционална индустриска област)
  • Кил-Холтенау (Килски Канал)
  • Кил-Вик
  • Кил-Дистернброк
  • Кил-Центар (место за сместување на големите бродови за крстарење низ Скандинавија)
Историска карта на непосредната околина на Кил, околу 1888 година.

Источен брег[уреди | уреди извор]

Од југ кон север:

  • Кил-Гарден (HDW)
  • Кил-Елербек (поранешно рибарско село, сега Арсенал)
  • Кил-Велингдорф (јужното устие на Швентине)
  • Нојмилен-Дитриксдорф (трговско пристаниште „Ostuferhafen“)
  • Менкеберг
  • Кицеберг
  • Хајкендорф
  • Мелтенорт (рибарско и спортско пристаниште)
  • Лабо (одморалиште, Поморски споменик Лабо, подморница, рибарско и две спортски пристаништа)
  • Штајн во Пробштај
  • Венторф во Пробштај (одморалиште, големо природно јахт-пристаниште (марина Венторф), рибарско село)
  • Хајдкате

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°22′4″N 10°10′23″E / 54.36778° СГШ; 10.17306° ИГД / 54.36778; 10.17306