Групчин

Координати: 41°58′4″N 21°7′49″E / 41.96778° СГШ; 21.13028° ИГД / 41.96778; 21.13028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Групчин
Групчин во рамките на Македонија
Групчин
Местоположба на Групчин во Македонија
Групчин на карта

Карта

Координати 41°58′4″N 21°7′49″E / 41.96778° СГШ; 21.13028° ИГД / 41.96778; 21.13028
Општина  Желино
Население 930 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1218
Шифра на КО 28019
Надм. вис. 484 м. м
Групчин на општинската карта

Атарот на Групчин во рамките на општината
Групчин на Ризницата

Групчин — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, во селото имало 968 жители.

Географија и местоположба

Групчин се наоѓа во Долни Полог. Селото лежи на горното течение на реката Суводолица. Селото е во близина на автопатот Тетово-Скопје, и во близина се селата Копачин Дол и Чифлик.

Историја

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 330 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од истоимената општина и имало 40 куќи со 259 жители Албанци.[3]

Археолошки наоѓалишта
  • Грамада - пештерно светилиште од доцноантичко време;
  • Мала Пештера - пештерно светилиште од доцноантичко време;

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948424—    
1953503+18.6%
1961547+8.7%
1971627+14.6%
1981744+18.7%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994876—    
2002968+10.5%
2021930−3.9%

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 968 жители, од кои 966 Албанци и 2 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 930 жители, од кои 871 Албанец и 59 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 424 503 547 627 744 0 876 968 930
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Групчин е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Скуре (20 к.) доселени се од некое место во областа Матија во Албанија. Го знаат следното родословие: Челепи (жив на 55 г. во 1940-тите) Џемаил-Муртезен-Мерсел, кој се доселил во селото.
  • Мајск (10 к.) и они се доселени заедно со родот Скуре од областа Матија во Албанија.
  • Авдиле (20 к.) потекнуваат од предокот Авдил, кој се доселил од некое место во Албанија.
  • Боче (9 к.) доселени се исто така од некое место во Албанија.[10]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2092 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 980 гласачи.[12]

Иселеништво

Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родовите Терзиовци, Гинделовци и Шамаловци кои се иселиле во Македонски Брод во Порече.[10]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  3. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски