Врховен суд на Република Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Врховен суд на Република Македонија
Основан 1945
Надлежност Македонија
Локација Скопје, Македонија
Мрежно место www.vsrm.mk
Претседател
Моментално Лидија Неделкова
Од 4 декември 2012

Врховниот суд на Република Македонија е највисокиот суд во Република Македонија кој обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите. Одлуките на Врховниот суд според Уставот на Република Македонија се конечки и извршни.

Врховниот суд на Република Македонија е лоциран на ул. Крсте Мисирков бб во Скопје.

Надлежност на Врховниот суд[уреди | уреди извор]

Зградата во која е сместен Врховниот суд во Скопје

Врховниот суд, како највисок суд во државата, е надлежен:[1]

  • да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
  • да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;
  • да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
  • да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови;
  • да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција на човекови права и
  • да врши други работи определени со закон.

Состав на Врховниот суд[уреди | уреди извор]

Во моментов судии во Врховниот суд се:

  • Лидија Неделкова - Претседател
  • Зирап Лимани
  • Васил Грчев
  • Николчо Николовски
  • Киро Здравев
  • Невена Крцковска - Малинковска
  • Милка Ристова
  • Јово Вангеловски
  • Мирјана Радевска - Стефкова
  • Беса Адеми
  • Светлана Трајчовска
  • Ристо Кетевеновски
  • Емилија Илиевска
  • Фаик Арслани
  • Милка Стефкова
  • Д-р Марика Матеска
  • Лидија Тасева
  • Снежана Ѓорѓиеска - Зекирија
  • Д-р Џемали Саити
  • Исамедин Лимани
  • Оливера Китанова - Мицевска
  • Соња Груевска
  • Лидија Таневска - Јадровска

Наводи[уреди | уреди извор]