Википедија:Фотографска соработка Македонија-Бразил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонија
Македонија
Бразил
Бразил
Македонија
Бразил

Фотографска соработка Македонија-Бразилфотографска соработка на вимедијанци од Македонија и Бразил, која имала за цел заемно промовирање на културното и природното богатство на двете земји преку организирање изложби на слободни фотографии достапни на Ризницата. Во склоп на соработката биле приредени и уредувачки потфати во насока на подобрување на содржините за двете земји на Википедија на македонски и Википедија на португалски јазик.

Изложби[уреди извор]

Бразил низ фотографии: Пред очите на македонската јавност[уреди извор]

Во периодот од 13-20 октомври 2017 година, во просториите на изложбениот салон Јавна соба во Скопје, се одржала изложба на 20 фотографии кои го прикажуваат природното и културното наследство на Бразил. Преглед на фотографиите коишто биле изложени е направен во продолжение.

Фотографија Опис Автор Лиценца
Природно наследство
Песочни дини во националниот парк Ленсоис-Морањенсис Joao Iara Mesquita CC-BY-SA 4.0
Глетка од пештерата Грута Ангелика (Ангелска Пештера) во државниот парк Тера Ронка Rafael Rodrigues Camargo CC-BY-SA 4.0
Поглед на карпести облици и врвот Божји прст во националниот парк Сера дос Оргаош Carlos Perez Couto CC-BY-SA 3.0
Внатрешноста на пештерата Ањумас во Бениту, Јужно Мато Гросо Caio Vilela CC-BY-SA 3.0
Познатата Педра до Капасете (Карпа Шлем) во карпестата висорамнина Пажедо де Паи Матеуш Ruy Carvalho CC-BY-SA 3.0
Водопадот Салтињо кај градот Костарика во Јужно Мато Гросо Bruno Rodrigues Rausch CC-BY-SA 3.0
Глетка од плажата Тамбаба Dante Laurini Jr CC-BY-SA 3.0
Глетка од плажата Качоро на островот Фернандо де Нороња Eduardo Muruci CC-BY-SA 3.0
Изгрејсонце над паранските борови во националниот парк Сера де Бокаина Heris Luis Cordeiro Rocha CC-BY-SA 3.0
Глетка од водопадите Игуасу Mayra Villas Boas Francisco Zamulko CC-BY-SA 4.0
Културно наследство
Претседателската палата во Дворецот Планалту Gastão Guedes CC-BY-SA 4.0
Улица во старото градско јадро на градот Дијамантина Zé Rocha CC-BY-SA 4.0
Глетка кон Рио де Жанеиро од Градскиот парк во Нитерој Claudeney Neves CC-BY-SA 3.0
Тврдината на тројцата мудреци (Fortaleza dos Reis Magos) Dante Laurini Jr CC-BY-SA 4.0
Лифтот Ласерда во градот Салвадор Ciromado CC-BY-SA 4.0
Глетка од црквата на плоштадот Сао Франциско во градот Сао Кристовао Berenice Kauffmann Abud CC-BY-SA 4.0
Мостот Октавио Фријас де Оливеира ноќе Marcos Leal CC-BY-SA 3.0
Кармелитската црква во Олинда Matti Blume CC-BY-SA 4.0
Музејот на духовна уметност во Саун Пауло The Photographer CC-BY-SA 3.0
Англискиот мост во градот Форталеза, Сеара Claudeney Neves CC-BY-SA 4.0

Галерија[уреди извор]

На 13 октомври 2017 година, по повод годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Бразил, како резултат на соработката помеѓу Споделено Знаење и Вики Образование од Бразил, свечено била отворена изложбата на фотографии насловена „Бразил низ фотографии - пред очите на македонската јавност“. Пред нешто повеќе од четириесетина присутни биле одржани кратки воведни говори за значењето на Википедија, соработката помеѓу Викимедија Македонија и Викимедија Бразил и претставувањето на геополитичката анализа за развојот на односите и соработката помеѓу Македонија и Бразил, по што присутните имаа можност да ги погледнат 20 слики од природата и градбите во Бразил. На 14 октомври 2017 година бил одржан и уредувачки маратон на тема „Бразил“.

Уредувачки потфати[уреди извор]

Уредувачки викенд[уреди извор]

Во периодот од 7-8 октомври 2017 година е одржан уредувачки викенд на тема „Бразил“. Во табелата во продолжение е направен преглед на учесниците во потфатот и нивните придонеси.

Бр. Корисник Статии
1 Иван Живковиќ
2 Kiril Simeonovski
3 Тиверополник
4 P.Nedelkovski
5 Ehrlich91
6 Македонец
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Уредувачки маратон[уреди извор]

На 14 октомври 2017 година е одржан уредувачки маратон на тема „Бразил“ во просториите на изложбениот салон Јавна соба во Скопје со почеток од 10:00 часот.

Список на учесници
Бр. Корисник Статии
1 Иван Живковиќ
2 Kiril Simeonovski
3 Sandra 321
4 Ehrlich91
5 Македонец
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија
Галерија