Ојампи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ојампи
Вкупен број
1.615[1]
Подрачја со значајно население
 Бразил905 (2008)
 Француска Гвајана710 (2002)
Јазици
ојампи, гвајанско-креолски, португалски[2]
Вероисповед
традиционални племенски религии[1]

Ојампистароседелци сместени на југоисточната граница на Француска Гвајана на вливот на реките Камопи и Ојапок и сливовите на реките Амапари и Карапанатуба во средишниот дел на државите Амапа и Пара во Бразил. Бројот на Ојампи се проценува на 1.615 поединци раштркани во единаесет села. Околу 710 живеат во Француска Гвајана во три села, а 905 живеат во осум села во Бразил.[1][2]

Имиња[уреди | уреди извор]

Ојампи се познати и како Вајапи, Барнаре, Ојампик, Валапи, Гвајапи, Ојампипуку, Ојанпик, Вајампи, Вајапае и Вајапуку.[2]

Јазик[уреди | уреди извор]

Ојампи го говорат истоимениот јазик, кој припаѓа на подгрупата VIII од туписко-гварански јазици. Ојампи има три дијалекти: амапари ојампи, жари и ојапоке ојампи. Јазикот се пишува на латиница; меѓутоа нивото на писменост е ниско.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Wajãpi: Introduction." Instituto Socioambiental: Povos Indígenas no Brasil. 11 април 2012
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 "Wayampi." Ethnologue. 2009. 11 април 2012.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]