Понтал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед кон Понтал

Понтал, познат и како Рекрејо дос Бандејрантеш или само како Рекрејо — мал полуостров и плажа во населбата Рекрејо, во западниот дел на Рио де Жанеиро, Бразил,[1] кој привремено се користел за одржување на атлетските натпревари во брзо одење и велосипедската хронометарска трка на Летните олимписки игри 2016.[2][3]

Летни олимписки игри 2016[уреди | уреди извор]

Велосипедските хронометарски трки во машка и женска конкуренција на Летните олимписки игри 2016 се одржале на 10 август на патеката Грумари во должина од 29,8 км. Почетната точка на трката бил плоштадот Тим Маја (Понталски Пат), потоа трката продолжила на патеката Грумари пред да се стигне до првото искачување по 9,7 км и второто искачување по 19,2 км, а завршната точка била кај Ав Луција Коста во Понтал.[4]

Патеката во должина од 24,8 км исто така се користела и за друмските трки.

Патеката за атлетските трки во брзо одење на 20 км и 50 км започнале и завршиле кај Ав Луцио Коста. Натпреварите на 20 км се одржале на кружна патека во должина од околу 1 км околу Ав Луцио Коста и Понталскиот Пат меѓу пресечните точки на улиците Прожектада (запад) и Хелио де Брито (исток). Патеката на 50 км претставувала продолжување на онаа на 20 км за дополнителен 1 км до пресечната точка на Понталскиот Пат и улицата Жералдо Иринео Жофили (запад). [9]

Олимписката патека Грумари
Олимписката друмска патека
Олимписката патека Виста Кинеза

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „18400 Av Lucio Costa, RJ, Brazil: Interactive Google Street View photo and map of Avenida Lucio Costa at Pontal, Angra dos Reis, Rio de Janeiro, Brasi“. Geographic.org/streetview. конс. 4 август 2016. 
  2. Olympic Games Facilities: Barra Region Архивирано 20 August 2016[Датумско несогласување] во Wayback Machine.
  3. Rio de Janeiro Olympic venues mapАрхивирано 17 March 2016[Датумско несогласување] во Wayback Machine.
  4. 2016 Rio Olympics road cycling courses confirmed
  5. „Rio 2016 Road Cycling - Men's Time Trial“ (PDF). UCI.ch. конс. 21 април 2016. 
  6. „Rio 2016 Road Cycling - Women's Time Trial“ (PDF). UCI.ch. конс. 21 април 2016. 
  7. „Rio 2016 Road Cycling - Men's Road Race“ (PDF). UCI.ch. конс. 21 април 2016. 
  8. „Rio 2016 Road Cycling - Women's Road Race“ (PDF). UCI.ch. конс. 21 април 2016. 
  9. „Rio 2016 Spectator Guide Athletics“ (PDF). rio2016.com. конс. 21 август 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]