Прејди на содржината

Аџарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
აჭარის ავტონომიური რესპუბლიკა
(Аджарис Автономюри Республика)
(информација)
Аџарија (во сиво) во составот на Грузија
службен јазик грузиски
Главен град Батуми
ISO GE.AJ
Премиер Леван Варшаломиѕе
Површина
 - Вкупно
 - % вода

2 900 км2
n/a
Население
 - вкупно (2014)
 - Густина

333 953
115,32/км2
Етнички состав
(2014)
Грузијци: 96,04%
ерменци: 1,64%
руси: 1,10%
Украинци: 0,24%
грци: 0,17%
валута Лари
часовен појас UTC +4

Аџарија (грузиски Аџара) - автономна република во составот на Грузија. Сместена е во југозападниот крај на државата, на границата со Турција и на источниот брег на Црното Море. Во различни времиња автономната република била позната со името Аџаристан и Аџарска Автономна Советска Социјалистичка Република (Аџарска AССР).

Географија и клима

[уреди | уреди извор]

Аџарија е сместена на југоисточниот брег на Црното Море и се протега во шумски падини и планини на Кавказ.

На север се граничи со грузискиот регион Гурија, Самцхе-Џавахетија на исток, Турција на југ (граничната линија се протега 121 км), на запад и северозапад се граничи со Црно Море. Вкупната површина на Аџарија изнесува 2,9 илјади км2, населението брои 333,953 жители (главно Грузијци) (2014).

Поради своите географски погодности територијата на Аџарија може да се раздели на две страни– приморска и планинска. Претежно регионот е ридско-планински со врвови кои достигнуваат над 3000 метри надморска височина. Околу 60% од територијата е под шуми.

Приморската страна се одликува со одликата за суптропскиот појас со висока средногодишна температура (+14,5 степени, температурата во најладниот месец јануари е +6,5 степени), обилни врнежи (околу 2500 мм годишно) и многу сончеви денови.

Во планинската страна на Аџарија влијанието на црноморските струи е ослабено и тука воздухот се одликува со голема сувост. Средна височина на планинските масиви е 2000—2500 м.

На територијата на областа е создаден Кинтришкиот национален парк, чија цел е да сочува исклучителните растителни и животински видови.

Исто така областа има и богати и разновидни залихи на мед, додека на црноморскиот брег има големо количество на нафта и гас.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на оваа автономна покраина на Грузија, Аџарија е доста богата. Аџарија била населена уште во каменото доба, што се потврдува со археолошките пронајдоци во Бешуми. Басенот на реката Чолоки пројавува голем дел на металургија. На територијата има голем број на пронајдоци од бронзеното време како и во раножелезниот период. Во пишаните податоци на грузиските историчари, првото спомнување на Аџарија е во 3. век како дел од грузиското царство Картли. Според легендата, од Аџарија се почнало со ширење на христијанството во Грузија - со апостолот Андреј Први.

На територијата на Аџарија има и остатоци од цитадели на старите Колчијци, кои ги спомнал и Плини помладиот (1 век).

Во антиката Аџарија е густо населена, економски и културно развиен регион во историската Колхида. По записите на историчарите од тоа време, како Херодот, Страбон и Ксенофонт, во Југозападна Грузија биле развиени на високо ниво металургијата, земјоделието и сточарството. На територијата на Аџарија сочувани се мостови и културни градби, град-тврдина од епохата на царицата Тамара од (XII век).

Отоманското Царство ја освојува територијата на Аџарија во 1614. година кога започнува процес на исламизација на месното грузиско население. Во 1878. Овласта станува дел од Руската Империја по Првата светска војна (1918-1920), Аџарија е окупирана од турската и британската војска. Во март 1921. имаше краткотраен воен конфликт кој завршува со предавање на областа од страна на Анкара на Грузија, кога грузиската страна се обврза да ја исполни четвртата точка од Договорот во Карс, кој предвидуваше автономија за грузиското муслиманско население. Советскиот Сојуз во 1921. ја создава Аџарската автономна Советска социјалистичка република, која беше во состав на Грузиската ССР, со значителна автономија, но ограничена од страна на Сталин.

По распаѓањето на СССР, Грузија станува независна држава. Тогаш, централните власти сакаа да ја укинат автономијата на Аџарија, на што се спротивставил локалниот водач Аслан Абашидзе. Поради други сериозни проблеми во земјата, властите во Тбилиси, се одлучија да не се мешаат во внатрешните работи на Аџарија, така што таа многу години живеела потполно автономно и се држела на страна од граѓанската војна која владеела во Грузија. Но сепак, во Аџарија настанува хаос и од 1991 до 1993. во областа се разгорува граѓанска војна. Под власта на Абашидзе, Аџарија уживаше во политичка стабилност и економски развој. Властите на Аџарија исто така презеле контрола врз царината, пристаништето во Батуми и другите стратешки објекти, а формирани се и полуофицијални вооружени единици. Од грузиска гледна точка власта во тој период била авторитарна која спроведувала управување на областа од Аслан Абашидзе, кога имало повреди на човековите права. Во својот мандат грузискиот претседател Едуард Шевернадзе водеше политика на "затворени очи" кон режимот на Абашидзе. На конференцијата на ОБСЕ во Истанбул во 1999. беше договорено повлекување на руската армија од руската воена база во Батуми.

Во мај 2003. во Грузија се спроведува "Револуцијата на розите" кога на власт доаѓа Михаил Саакашвили. Доаѓа до тензии меѓу централната грузиска влада и Аџарија. Во мај 2004 грузиската армија се подготвувала да изврши инвазија врз Аџарија, а силите лојални на Абашидзе ги срушиле мостовите кои ја поврзувале Аџарија со останатиот дел од Грузија. Потоа, во Аџарија се организирани демонстрации против Абашидзе, а грузиските специјални единици упаднале на територијата на Аџарија и почнале да ги разоружуваат силите лојални на Абашидзе. По разговорот со рускиот министер, Игор Иванов, Абашидзе поднесе оставка и емигрира во Москва. После тоа, во Аџарија се формира нова власт целосно лојална на грузиската влада, а според тврдењата на дел од грузиската опозиција и европските набљудувачи, централната грузиска власт го сведела на номинален, автономниот статус на Аџарија. Автономната област од 2004 година повторно е дел од Грузија. На новото знаме на Аџарија, усвоено во 2004. година, ставен е крст како симбол, кој од страна на локалните муслимани се смета како знак на навреда за нивната религија. Потоа следуваа преговори меѓу Русија и Грузија за повлекување на руските трупи од базата во Батуми.

Население

[уреди | уреди извор]

Во Аџарија живеат 333 953 жители претежно аџари (2014). Тие се етнички грузијци, кои зборуваат на локален дијалект на грузискиот јазик. Аџарите го примаат христијанството пред IV век, но во време на османската власт XVII-XIX век населението е исламизирано. Во областа се сочувани мноштво на манастири, а и често во народните празници се создава мешање на христијанската и муслиманската традиција.

Населението на Аџарија е познато главно како грузиски муслимани до 1926 г., кога советските власти ги признаваат како аџари. Подоцна советската власт ги квалифицира како категорија грузијци, без да навлегува во религиозната припадност.

По распаѓането на Советскиот Сојуз населението на областа со брзо темпо и доброволно го примаат христијанството, особено младите луѓе. Интересно е да се каже, на денешен на територијата на Аџарија има само една џамија во главниот град Батуми и 14 христијански цркви.

Во областа живеат уште ерменци, азербејџанци, грци, евреи, руси, украинци и абхазијци.

Аџарскиот главен град Батуми е основната морска порта на Грузија. Други градови во Аџарија се:

  • Кеда
  • Кобулети
  • Хелвачаури
  • Шуахеви
  • Хуло