Аеродром Росток-Лаге
Аеродром Росток-Лаге Flughafen Rostock–Laage | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||||||||
Општо | |||||||||||
Аеродромски вид | јавен/воен | ||||||||||
Оператор | Flughafen Rostock Laage-Güstrow GmbH | ||||||||||
Служи за | Росток, Германија | ||||||||||
Надм. височина | 138 ст / 42 м | ||||||||||
Координати | 53°55′06″N 12°16′42″E / 53.91833° СГШ; 12.27833° ИГДКоординати: 53°55′06″N 12°16′42″E / 53.91833° СГШ; 12.27833° ИГД | ||||||||||
Мрежно место | rostock-airport.de | ||||||||||
Писта | |||||||||||
|
Аеродром Росток-Лаге (германски: Flughafen Rostock–Laage; понекогаш само Аеродром Росток) (IATA: RLG, ICAO: ETNL) — аеродром на Росток, најголемиот град во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија, кој е именуван по општината Лаге, која се наоѓа во округот Росток. Обезбедува летови до поголемите градови во Германија, како и некои чартери. Покрај цивилниот карактер, седиштето на Тактичкиот воздухопловен винг на Луфтвафе се наоѓа на воениот дел од аеродромот.
Историја[уреди | уреди извор]
Изградбата на аеродромот започнала во 1979 како објект на Националната народна армија на Источна Германија. Бил пуштен во употреба во 1984. Војската го напуштила во 1990, но повторно се вратила во 1993. Во истата година започнале и цивилните летови, кои се одвивале на 60 хектари од аеродромот.
Аеродромот се очекува да забележи загуба од 2,8 милиони во 2013 и пад на патниците од 12 проценти. Бидејќи покраинската влада не е расположена да продолжи со финансиска помош, операторот на аеродромот се соочува со можно банкротство во блиска иднина.[1]
Објекти[уреди | уреди извор]
Аеродромот се состои од една современа терминална зграда во која има продавници и ресторани. Зградата е опремена со два патнички моста. Аеродромот може да опслужи средни воздухоплови, како што е Ербас А320. Исто така може да опслужи и помали авиони.
Авиопревозници и одредишта[уреди | уреди извор]
Авиопревозници | Дестинации |
---|---|
Germania | Палма де Мајорка, Тенериге Југ летни сезонски: Анталија, Варна зимски сезонски: Хургада |
Germanwings | Келн/Бон, Штутгарт |
Lufthansa Regional управуван од Lufthansa CityLine | Минхен |
Tailwind Airlines | чартер: Анталија |
Најблиски меѓународни аеродроми се Берлин-Тегел (190 км на југ) и Хамбург (200 км на запад).
Пристап[уреди | уреди извор]
Постојат три автобуси во денот од главната железничка станица во Росток. Растојанието е 25 километри. Во близина се наоѓа автопатот А19 (Росток-Берлин).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Аеродром Росток-Лаге“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Моментална состојба на времето за ETNL на NWS
- Историја на несреќи за RLG на Aviation Safety Network
|