Аеродром Рехлин-Лерц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аеродром Рехлин-Лерц
Flugplatz Rechlin-Lärz
Flugplatz Rechlin-Lärz.jpg
IATA: REBICAO: EDAX
Преглед
Тип јавен
Стопанисувач Entwicklungs-und Betriebsgesellschaft Müritzflugplatz Rechlin-Lärz mbH
Место Рехлин
Надм. вис. 90 ft / 27 m
Координати 53°18′23″N 012°45′11″E / 53.30639° СГШ; 12.75306° ИГД / 53.30639; 12.75306Координати: 53°18′23″N 012°45′11″E / 53.30639° СГШ; 12.75306° ИГД / 53.30639; 12.75306
Писти
Насоченост Должина Површина
ft m
08/26 7.808 2.380 бетон
затворена 2.380 бетон

Аеродром Рехлин-Лерц (IATA: REBICAO: EDAX) (германски: Flugplatz Rechlin-Lärz) — аеродром во општината Рехлин, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Историја[уреди | уреди извор]

Адолф Галанд (лево во средина) и Алберт Шпер (десно во средина) на аеродромот на 5-7 септември 1943.

Аеродромот некогаш бил еден од главните полигони за тестирање на Луфтвафе за време на Третиот Рајх или место за испробување (Erprobungsstelle) за нови воздухопловни дизајни, кои сега се наоѓаат на две ледини на околу 4,5 километри северно (на 53°20′48.11″N 12°44′23.25″E / 53.3466972° СГШ; 12.7397917° ИГД / 53.3466972; 12.7397917) од денешната бетонска писта. Аеродромот на Луфтвафе ја имал вообичаената форма на аеродром од пред Втората светска војна, со нејасно одредени „писти“, опкружен од петоаголен периметар на пат, кој постои и денес, заокружувајќи ја областа со околу 234,3 хектари, на кои денес се одржува годишниот Fusion Festival. Податоците од Рехлин на Луфтвафе и заробените сојузнички воздухоплови се сметаат за најверодостојни извори за воздухопловни податоци од времето на Втората светска војна. Неговата улога била преземена по 1945 од воениот аеродром во Манхинг, во рамките на Западна Померанија, откога Рехлин останал во Источна Германија.

Изградбата на првиот аеродром во Рехлин започнала во 1916; аеродромот бил официјално отворен на 29 август 1918 под водство на Германското царство. По крајот на Првата светска војна, аеродромот бил повторно затворен и многу од уредите биле отстранети. Во текот на 1920-тите, аеродром бил повторно отворен како цивилен, но набрзо започнал да се користи за полигон за тестирање за тајните воздухопловни обиди на Германија. Местото, најверојатно било избрано поради неговата далечна положба во скоро ненаселена област.

Во 1935, аеродромот Рехлин станал официјален полигон за тестирање на новосоздадениот Луфтвафе. Ливадите, опкружени со петоаголен прстен на патишта, биле одредени како средишен полигон за испробување на Луфтвафе и биле продолжени со изградба на уште две полиња: помало поле источно од главното место во соседниот Рогентин и јужно од главното место во Лерц, каде подоцна се изградил и денешниот аеродром. Градежните активности на полињата и придружните касарни биле подигнати од страна на принудна работна сила од блискиот концентрациски камп Равенсбрик.

Мнозинство од новите борбени воздухопловни прототипи на Луфтвафе биле тестирани на главното поле во Рехлин; KG 200 бил чест гостин на полињата. По сојузничкото бомбардирање на првобитниот аеродром во Рехлин и блискиот во Рогентин во 1944, тестирањето на авионите кон крајот на војната било префрлено јужно во Лерц. На 10 април 1945, завршните бомбардерски напади од страна на американскиот воздухопловни сили[1] на аеродроми користени од германските бомбардери — скоро целосно го уништиле аеродромот; тоа што останало било разнесено од германските сили пред да дојдат советските трупи во Рехлин на 2 мај.

Во 1946, советските воздухопловни сили започнале постојано присуство на воздухопловната база. Во Лерц биле донесени и сместени една борбена авионска ескадрила и хеликоптерска ескадрила; аеродромот во Рехлин бил користен на Националната народна армија. Воената употреба на аеродромите продолжила до 1993, кога последниот руски авион бил пренесен во Русија. Аеродромот Рехлин бил повторно користен за цивилна употреба во 1994.

Користење[уреди | уреди извор]

На аеродромот не постои вообичаен сообраќај. Главно се користи за рекреативни активности и некои цивилни летови. Музичкиот фестивал Fusion Festival се одвива на аеродромот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Combat Chronology of the US Army Air Forces - Tuesday, April 10, 1945“. usaaf.net. конс. 23 декември 2012. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]