Аеродром Зилт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аеродром Зилт

Flughafen Sylt
Westerland auf Sylt (GWT - EDXW) AN1589689.jpg
Општо
Аеродромски видјавен
ОператорFlughafen Sylt GmbH
Служи заЗилт, Германија
Надм. височина51 ст / 16 м
Мрежно местоflughafen-sylt.de
Map
EDXW is located in Шлезвиг-Холштајн
EDXW
EDXW
Местоположба на Аеродромот Зилт
Писта
Правец Должина Површина
ст м
06/24 5.564 1.696 асфалт
14/32 6.955 2.120 асфалт
Статистика
Патници (2014)175,000[1]


Аеродром Зилт (германски: Flughafen Sylt; (IATA: GWTICAO: EDXW) — аеродром на германскиот остров Зилт сместен во истоимената општина. Главно се користи за летни сезонски летови до поголемите германски градови, како и општа авијација и едриличарство.

Понекогаш аеродром се нарекува „Вестерланд/Зилт“ по градот Вестерланд, добро познат дел од општината Зилт, меѓутоа не е најблиска населба до аеродромот.

Историја[уреди | уреди извор]

Островот Зилт станал познато одредиште за одмор и празници во текот на почетокот на XX век. Првиот мал аеродром на Зилт бил основан веднаш по Првата светска војна и во 1919 година биле одржани првите летови до Вајмар, Хамбург и Берлин.[2]

Во текот на Втората светска војна, аеродромот бил значајно изменет и проширен и служел како воена база. Во 1960-тите години се вратил сообраќајот за одмори и силно се развива од 1970-тите па наваму.[2]

Во 1990 година, Аеродромот Зилт добил нова техничка опрема, како и нов патнички терминал.[2] Денес, може да опслужи средни воздухоплови, како Боинг 737.

Авиопревозници и одредишта[уреди | уреди извор]

Следниве авиопревозници летаат редовно, како и изведуваат чартер летови до аеродромт:[3]

АвиопревознициДестинации
AIS Airlines сезонски: Бремен, Минстер/Оснабрик
Lufthansa Regional
управувано од Lufthansa CityLine
сезонски: Франкфурт, Минхен
Sylt Air сезонски: Хамбург

Статистика[уреди | уреди извор]

Патници
2010 210.000[4]
2011 217.500[5]
2012 176.000[6]
2013 175.000[1]
2014 175.000[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]