Аеродром Хелголанд
Аеродром Хелголанд Flughafen Helgoland-Düne | |||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Општо | |||||||||||||||||||
| Тип | јавен | ||||||||||||||||||
| Оператор | Helgoland Air Service GmbH | ||||||||||||||||||
| Опслужуван град | Хелголанд, Германија | ||||||||||||||||||
| Местоположба | Дине | ||||||||||||||||||
| Надморска височина | 2 m / 7 ст | ||||||||||||||||||
| Мрежно место | flughafen-helgoland.de | ||||||||||||||||||
| Карта | |||||||||||||||||||
![]() | |||||||||||||||||||
| Писти | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Извор: официјална страница | |||||||||||||||||||
Аеродром Хелголанд (IATA: HGL, ICAO: EDXH) — аеродром на германскиот остров Дине, помалиот од двата острови на архипелагот Хелголанд, во Северното Море, околу 70 километри од копното.
Историја
[уреди | уреди извор]Првиот воен аеродром на Дине бил изграден при Втората светска војна, кога Хелголанд бил утврден.[1] Во 1962 година, аеродромот бил повторно изграден во облик кој постои денес.[1]
Од 2005 до 2006 година, главната писта (насока 15/33) била проширена од 400 на 480 метри поради усогласување со одредбите на Европската унија за комерцијалниот воздушен сообраќај.[1]
Авиопревозници и одредишта
[уреди | уреди извор]| Авиопревозници | Дестинации |
|---|---|
| OFD Ostfriesischer-Flug-Dienst[2] | Бремерхафен, Хајде-Бизум |
Поврзаност
[уреди | уреди извор]Ферибот го поврзува Дине со главниот остров Хелголанд; постои едно такси кое го опслужува краткото растојание помеѓу аеродромот и фериботскиот терминал. Општо, моторните возила и велосипедите се забранети на архипелагот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Историја на Хелголанд“ (германски). Архивирано од изворникот на 2022-01-04. Посетено на 12 декември 2008.
- ↑ http://www.fliegofd.de/
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница
- Историја на несреќи за HGL на Aviation Safety Network
| ||||||||||||||||||||||
