Аеродром Кил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аеродром Кил
Flughafen Kiel
Port of Kiel Airport Logo.jpg
Flughafen Kiel EDHK und Heliport ETMK a.JPG
IATA: KELICAO: EDHK
Преглед
Тип јавен
Сопственик Покраина Шлезвиг-Холштајн (55%)
Град Кил (45%)
Опслужува Кил, Германија
Надм. вис. 101 ft / 31 m
Координати 54°22′46″N 010°08′43″E / 54.37944° СГШ; 10.14528° ИГД / 54.37944; 10.14528Координати: 54°22′46″N 010°08′43″E / 54.37944° СГШ; 10.14528° ИГД / 54.37944; 10.14528
Мреж. место airport-kiel.de
Карта
EDHK is located in Шлезвиг-Холштајн
EDHK
Местоположба на Аеродромот Кил
Писти
Насоченост Должина Површина
m ft
08/26 1,260 4,134 асфалт
Извор: Одредби за користење[1]
Германски AIP на Еуроконтрол[2]

Аеродром Кил (германски: Flughafen Kiel, IATA: KELICAO: EDHK) — мал регионален аеродром во Кил, Германија. Се наоѓа во градскиот округ Холтенау, 8,3 километри северно од центарот на Кил. Запишан е како јавно слетувалиште (германски: Verkehrslandeplatz). Во 2006 година опслужил 30.528 патници.

Историја[уреди | уреди извор]

Аеродромот бил изграден во 1914 година на рамна област од материјал ископан во текот на изградбата на Килскиот Канал. Во 1927 година била основана Килската аеродромска компанија, која управува со аеродромот. Во тоа време имало 27 национални и меѓународни одредишта. Во 1937 година, аеродромот бил одреден како воен. Меѓутоа, продолжил да се користи и за цивилни летови.

Приодите кон пистата биле продолжени во 1963 година, додека првиот терминал бил изграден во 1965 година. Овој терминал бил користен за летови до Западен Берлин.

Во 1987 година бил изграден денешниот терминал. Истовремено, Луфтханза започнала да нуди летови до Франкфурт и подоцна до Келн/Бон, Минхен, Копенхаген, Калининград и Рига.

Во 1995 година, аеродромот повторно станал цивилен аеродром, а во 1997 година била изградена нова контролна кула. Меѓутоа продолжил да се користи за воени цели.

Нов хангар бил изграден во 2000 година. Во истата година биле разгледувани идните изгледи на аеродромот. Засновано на анализата биле одобрени планови на покраинската администрација на Шлезвиг-Холштајн во март 2002 година, кои вклучувале продолжување на пистата од 1300 метри на 2100 метри. Ова овозможило да слетуваат млазни авиони во Кил. Сојузниот автопат Б503 ја пресекувала продолжената писта преку тунел.

Меѓутоа, употребата на аеродромот опаднала во наредните години сè повеќе, како што биле откажувани летовите. Кога и последната линија била прекината на 23 декември 2005 година, оперативноста на аеродромот била суспендирана до 3 април 2006 година, а на 24 јануари 2006 година, покраинскиот секретар за трговија објавил дека прекинале плановите за продолжување.

Cirrus Airlines имал летови до Минхен од 2 мај 2006 година користејќи еден авион DHC-8-100, кој бил сместен на аеродромот. Покраината Шлезвиг-Холштајн понудила субвенции за три години. Меѓутоа, бројот на патници бил значително помал од очекуваниот, поради што услугата била прекината во октомври 2006 година.

Авиопревозници и одредишта[уреди | уреди извор]

Хангар на Аеродромот Кил

Не постојат летови до и од Аеродромот Кил.

Цивилни летови[уреди | уреди извор]

Воздухопловното друштво Кил (Luftsportverein Kiel), чартер-компанијата FLM Aviation и хеликоптерска служба се наоѓаат на Аеродромот Кил. Исто така, на аеродромот се одржуваат Меѓународни воздухопловни денови секоја година со акробации, скокови од падобран и изложба на историски авиони.

Воени летови[уреди | уреди извор]

Аеродромот се користел за воени цели од почетокот. Од 1958 година е седиште на воздухопловството на Германската морнарица. Моментално на аеродромот се наоѓа воздухопловниот винг 5 (германски: Marinefliegergeschwader 5 (MFG 5)) во Кил, кој служи за спасувачки операции. Новите планирани хеликоптери се планираат да биде дел од воздухопловниот винг 3 во Нордхолц и со тоа да се распушти воената база во Кил.

Инциденти и несреќи[уреди | уреди извор]

  • На 15 февруари 2006 година, приватен авион од Русија морал да направи принудно слетување во Кил поради чад во авионот. Авионот ја прелетал пистата и се лизнал на крајот[3] бидејќи пилотот не бил запознаен со аеродромот и погрешно ја разбрал должината на пистата дадена преку радио.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Flughafenbenutzungsordnung (FBO)“ (PDF) (германски). септември 2008. конс. 5 јануари 2009. 
  2. EAD Basic
  3. Bundesstelle für Flugunfalluntersuchung. „Bulletin Februar 2006“ (PDF) (германски). стр. 1, 6 (Az. AX001–0/06). 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]