Аеродром Хамбург-Финкенвердер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аеродром Хамбург-Финкенвердер

Flugplatz Hamburg-Finkenwerder
A380 first touchdown hamburg.jpg
Прво слетување на Ербас А380 на Финкенвердер
  • МЗВП: XFW
  • МОЦВ: EDHI
    XFW is located in Хамбург
    XFW
    XFW
    Местоположба на аеродромот во Хамбург
Општо
Аеродромски видприватен
Служи заседиште на Ербас во Хамбург
МестоположбаХамбург, Германија
Надм. височина23 ст / 7 м
Координати53°32′09″N 09°50′13″E / 53.53583° СГШ; 9.83694° ИГД / 53.53583; 9.83694
Писта
Правец Должина Површина
ст м
05/23 10,443 3,183 бетон/асфалт


Аеродромот Хамбург-Финкенвердер (IATA: XFWICAO: EDHI) (германски: Flugplatz Hamburg-Finkenwerder) — приватен аеродром во квартот Финкенвердер, во југозападниот дел на Хамбург, Германија. Пистата се наоѓа во непосредна близина на фабриката на Ербас и користена е најмногу од вработените на компанијата, како за бизнис така и за приватни летови. На Финкенвердер може да слета Ербас А380. Не треба овој аеродром да се помешува со главниот јавен градски аеродром Хамбург-Фулсбител.

Историја[уреди | уреди извор]

Аеродромот бил изграден 10 години по Втората светска војна, првично планиран како фабрички аеродром. Во 1964 третиот прототип на Трансал Ц-160 го направил првото летање од аеродромот.

Започнувајќи во април 2006, пистата била продолжена од 2.684 метри до 3.183 метри на јужниот крај, со цел да може да слета планираната товарна верзија на Ербас А380. На 16 јули 2007, продолжената писта била предадена во употреба по целосното завршување, два месеци пред рокот.[1]

Ербас[уреди | уреди извор]

Ербас А321 во фабричката хала 3 во фабриката на Ербас на самиот аеродром

Аеродромот е дел од фабриката на Ербас во Хамбург („Airbus Operations GmbH“), каде се вработени околу 15.000 луѓе. Конечниот погон на А320 се наоѓа тука, додека и на А320 и на А380 тука им се уредуваат внатрешноста на кабините и се бојат за крајната испорака. Исто така, крајното прифаќање и испорака на А380 за потрошувачите во Европа и Средниот Исток се одржуваат во Хамбург.[2]

Фабриката во Хамбург е исто така дом на главната хала на Ербас А380, во кој се наоѓа погонот за структурата и за друга опрема. Овие делови се пренесуваат во Франција на специјално изграден ферибот, во крајниот погон во Тулуза.

Во Хамбург се наоѓа и голем центар за резерви (кој поседува околу 120.000 соодветни делови за потрошувачите од цел свет) и објект за одржување на семејството А320. Хамбург, исто така, одигрува клучна улога за А330 и А350, за кои произведува и опремува делови за предницата и задницата.

Авиопревозници и одредишта[уреди | уреди извор]

Не постојат јавни летови до и од аеродромот. Покрај преносот, товарни и тест-возења за Ербас, двапати дневно постојат бизнис-летови до фабриката на Ербас во Тулуза. Аеродромот се справува со 10 до 15 летови на ден.

АвиопревознициДестинации
Germania Чартер: Тулуза

Инциденти и несреќи[уреди | уреди извор]

  • Во 1967, пилотот на Spantax ја промашил пистата во Финкенвердер, долга 1.360 метри, наместо да слета на пистата на аеродромот Хамбург во Филсбител, долга 3.000 метри, но успеал да го запре авионот на крајот на пистата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ReGe Hamburg Projekt-Realisierungsgesellschaft: Start- und Landebahn an Airbus übergeben Архивирано 16 јануари 2014 г. на германски, 15 јануари 2014.
  2. „Ербас во Германија“ Архивирано 23 јануари 2012 г. Airbus, 15 јануари 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]