Једоарце
Једоарце — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Једоарце | |
Координати 42°1′32″N 20°57′21″E / 42.02556° СГШ; 20.95583° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28033 |
Надм. вис. | 598 м |
Једоарце на општинската карта Атарот на Једоарце во рамките на општината | |
Једоарце на Ризницата |
Географија и местоположба
Једоарце се наоѓа 6 километри северно од Тетово, на падините на Шар Планина.
Историја
Според турски документи од 1628 година село Једоарце се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 25 семејства (ханиња).[2] Населено е пред повеќе од 350 години, а во неговата околина има траги на уште постаро село кое се викало Ѓиновце. Според усните преданија жители во Једоарце (родот Календаровци) се доселиле од местото Калис во Грција, што е многу неверојатно, бидејќи македонските места во тие краишта немале грчка топонимија сè до нивното вештачко преименување од грчките власти по припојувањето на Егејска Македонија во XX век. Тоа биле припадници на словенско племе кои одејќи од север кон југ стасале до Солунското Поле. Потоа, бегајќи од летните горештини, доаѓале со своите стада овци на падините на Шар Планина. Наесен, тие повторно се враќале назад. Најпрвин доаѓале секоја година со стадата овци, а подоцна и постојано се доселиле. Така настанале и соседните села Сетоле и Отуње.
Стопанство
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Једоарце живееле 85 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Једоарце имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото имало 16 куќи со 113 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5 жители, сите Македонци.[6]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[7]
Година | 1900 | 1905 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85[3] | 128[4] | 113[5] | 69 | 56 | 37 | 13 | 9 | 2 | 11 | 5 |
Родови
Једоарце е македонско село.
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:
- Ќупевци (5 к.), староседелци. Се делат на Деспотовци, Ѓоргијовци и Спасеновци. Имаат иселеници во Скопје, Тетово и Софија.
- Календаровци (6 к.), староседелци. Се делат на Коруној, Дејаној и Серафимој. Имаат иселеници во Тетово, Скопје и Америка
- Качовци (4 к.), староседелци. Они се гранка од родот Календаровци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Пловдив (едно семејство).[8]
Општествени установи
- Цркви
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Тевдо Спасов Георгиев - македонско-одрински доброволец;[10]
- Спиро Хаџи Ристиќ (†1938) - политичар и градоначалник на Скопје;
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 210.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
- ↑ 5,0 5,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 23.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Скопје: САНУ.
- ↑ „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-29.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 169.
Надворешни врски
|