Марија I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мери I
Mary I of England.jpg
Портрет од 1554 година
Кралица
На престол 19 јули 1553 – 17 ноември 1558 (&100000000000000050000005 години и &10000000000000121000000121 дена)
Крунисување 30 октомври 1553
Претходник Џејн односно Едвард VI
Наследник Елизабета I
ко-крал Филип
Мандат 16 јануари 1556 – 17 ноември 1558
Сопруг Филип II од Шпанија
Династија Династија Тјудори
Татко Хенри VIII од Англија
Мајка Катерина Арагонска
Почивалиште 14 декември 1558[1]
Вестминстерска катедрала, Лондон
Потпис

Мери I Тјудор (англиски: Mary I Tudor), позната уште и како крвавата Мери (англиски: Bloody Mary) била кралица на Англија (1553 - 1558 ), кралица на Шпанија (1556 - 1558). Таа е ќерка на кралот Хенри VIII и постара сестра на кралот Едвард VI и кралицата Елизабета I.

Детство[уреди]

Мери Тјудор е родена на 18 февруари 1516 година, како петто дете од бракот на кралот Хенри VIII со Катерина Арагонска. Таа е единственото дете од семејство, која го достигнала полнолетството. Во детството Мери била во многу блиски односи со кардиналот Томас Волси, нејзиниот кум, архиепископ на Јорк и Лорд-канцелар - човекот кој ја врши извршната власт во Англија.

Во времето кога нејзиниот татко, Хенри VIII започнал со неговите интимни врски, преку се обидувал да добие машки наследник на тронот, тој решил да се разведи со Катерина Арагонска и да се ожени за Ана Болеанска, на што се противил папа Климент VII. Оваа конфронтација помеѓу кралот и папата бил основен повод за нарушување на врските на Англија со Ватикан и создавање на Англиската црква. Во 1533 година кралот тајно се оженил за Ана Болеанска, а набргу потоа Архиепископот на Кантербери го објавил бракот со Катерина Арагонска за поништен.

Во овие години Мери живеела постојано во Хетфилд. На нејзе не и било дозволено да се гледа со мајка си, дури и да присуствува на нејзиниот погреб (Катерина умира на 7 јануари 1536 година). Истата година новата кралица (Ана Болеанска), исто така паднала во немилост. Откако не успеала да му роди на кралот машки потомок, Хенри VIII се обидел да се ослободи од неа. Тој ја обвинил за изневера за што била осудена на смрт и обезглавена на 19 мај 1536 година. Набргу потоа кралот се оженил со Леиди Џејн Сијмур, која на 12 октомври 1537 година му родила син - принцот Едвард (идниот крал Едвард VI).

За Мери настапиле подобри времиња - таа станала крштелница на Едвард, па дури и учествувала во погребот на новата кралица, која починала веднаш по раѓањето на својот син. Набргу потоа кралот и дал на Мери свој дворец. Во 1544 година Мери повторно била вклучена во списокот на престолонаследниците по Едвард. Кралот Хенри VIII починал на 28 јануари 1548 година и за нов крал бил избран Едвард, кој имал само 10 години. Младиот крал бил воспитуван во протестантски дух, но поддржувал многу блиски односи со Мери, која била католик. Едвард VI уште од своето детство имал проблеми,. па многу бргу заболел од туберкулоза. Станало јасно дека треба да биде избран нов престолонаследник.

Кралица[уреди]

Регентот на малолетниот крал Едвард VI - принцот Џон Дадли, сакал престолонаследник да биде внуката на сестрата на Хенри VIII - Лејди Џејн Греј, снаа на Џон Дадли. На 6 јули 1553 година Едвард починал. Неговата смрт била прогласена дури на 10 јули, кога за кралица била прогласена Џејн Греј. Управувањето на новата кралица траела само 9 дена. Кога дознала за смртта на кралот, , Мери Тјудор и младата полусестра Елизабета заминале, поддржани од голем број на војска, од католичкиот регион на Норфолк кон Лондон. На 19 јули таткото на новата кралица - принцот Хенри Греј, објавил дека ќе отстапи неговата ќерка од тронот. На 3 август Мери Тјудор и нејзината сестра Елизабета триумфално влегле во Лондон.

По влезот во главниот град, Марија наредила да бидат уапсени и затворени целото семејство на нејзината претходничка. Биле исполнети многу смртни казни, поради што на почетокот на владеењето на Мери I се позната како "крвава". Веднаш откако се качила на тронот, новата кралица наредила да бидат ослободени од затвор сите англиски католици, затворени од нејзиниот татко и нејзиниот брат, и заповедила враќање на нивните имоти. Така, меѓу ослободените бил и Принцот на Норфолк - Томас. За да ја зачува власта за сопственото семејство, Марија посакала бргу да се омажи. Таа го прифатила предлогот на императорот Карл V да се омажи за неговиот син - принцот Филип II и свадбата се случила на 25 јули 1554 година. Нејзиниот брак во Англија не бил во голема мера прифатен, главно на религиска основа. Шпанија била гласен противник на Протестантството. Во земјата следеле повеќе востанија, и сите тие биле крваво задушувани. Таа превзела голем број на одлуки за да ја воведе повторно Римокатоличката религија. Томас Кранмер бил уапсен и погубен. На негово место застанал католичкиот кардинал Реџиналд Поул. Прогонот на водечките протестанти станал државна политика. По тој повод биле обезглавени бројни духовни водачи, меѓу кои и Џон Роџерс - прв официјален преведувач на Библијата на англиски јазик. Егзекуциите продолжиле до крајот на нејзиното владеење. Во нејзино време биле убиени околу 500 јавни личности.

Смрт[уреди]

Мери I имала неуспешен брак. Нејзиниот сопруг бил 11 години помлад од неа. Тој очигледно бил разочаран од неа и поголемиот дел од времето го поминувал надвор од кралството.

Во ноември 1554 година Мери I објавила дека е бремена, но подоцна се покажало дека ова било грешка и дополнително ги заладило односите во кралското семејство. Во 1558 година Мери I повторно објавила дека е бремена. Во крајна сметка таа била болна од рак.

Кралицата починала на 17 ноември 1558 година на 42-годишна возраст. Со нејзината смрт завршил последниот обид за рекатолизација на Англија, бидејќи таа била наследена од својата полусестра Елизабета I, која била протестантка.

Мери I Тјудор била закопана на 14 декември 1558 година во Вестминстерската катедрала. 45 години подоцна во истата гробница било поставено телото на нејзината сестра - кралицата Елизабета I. По наредба на новиот крал - Џејмс I Стјуарт, на гробницата бил исечен следниот натпис: Заедно на тронот и во гробот, тука одмараат две сестри, Елизабета и Марија, со надеж за заедничко воскресение.

Наводи[уреди]

  1. „The Gentleman's magazine“. F. Jefferies. 1886. стр. 233.