Џон Дадли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон дадли
Роден(а)1504
Лондон
Починал(а)22 август 1553 (на 48–49 г.)
Лондонска кула
НационалностАнглија
Познат(а) поDe facto владетел на Англија 1550–1553
СопружникЏејн Дадли
РодителиЕдмунд Дадли
Елизабета
Потпис

Џон Дадли ( 1504 - 22 август 1553) бил англиски политичар, генерал и адмирал како и регент на Англија во времето на Едвард VI. По смртта на младиот крал, постојано се обидувал да ја отргне Марија I од англискиот престол како наследничка во корист на сопствената си снаа Лејди Џејн Греј. Поради ова, тој завршил со погубување.

Џон бил син на Едмунд Дадли, близок соработник на кралот Хенри VII. Неговиот татко бил погубен во 1510 година. Во 1520 година се оженил за ќерката на Едвард Гилфорд, Џејн. Учествувал во воените походфи во Франција, по кое тој станал дел од кралскиот двор чија задача му била да го забавува кралот. Во 1527 и 1533 година, заедно со кардиналот Томас Волеи учествувал во политичката мисија во Франција.

Во 1533 година бил назначен за управител на Лондонската кула. Овде тој се истакнал како еден од најголемите началници во времето на династија Тјудори, зацврстувајќи ја својата позиција во кралството. Во 1533 година, учествувал при крунисувањето на новата кралица на Англија, Ана Болејн. Во времето кога Едмунд починал, тој успеал да придобие дел од неговите имоти. Подоцна, својот имот го продал на Томас Кромвел. По распуштањето на манастирите, тој се здобил со дополнителни имоти.

По смртта на Хенри VIII, Дадли станал генерал на сите вооружени сили на земјата. Тој исто така станал и еден од членовите на регенскиот совет, кој бил назначен од страна на Хенри, за да управува со Англија додека Едвард да стане полнолетен. Чичкото на едвард, Едвард Симор бил избран за лорд-протектор. До крајот на 1549 година, повеќе од регентите се обрнале против Симор. Во 1549 година Дадли извршил бунт против Симор кое довело до негово погубување во 1552 година.

Дадли во следните години станал многу влијателен во кралскиот двор, вклучувајќи го и на самиот крал. Во 1549 година издвојувал голема политичка победа над бунтовниците. Овде тој станал популарен поради својата милост кон затворениците, да не бидат убиени. Во следните години, тој ги прекратил војните со Франција и Шкотска.

Кога Едвард бил на смрттна постела, тој потпишал документ според кој им забранил на своите сестри да го наследат, туку за идна кралица да биде избрана Лејди Џејн Греј, која била омажена за помалиот син на Дадли, Гилфорд. Пред да биде објавена смртта на кралот, Марија била повикана во советот во Лондон, но таа ова го откажала и повикала да биде признаена за кралица. Дадли во меѓувреме се разболел, а Марија успеала да собере голем број на благородници на своја страна. Со својата војска, таа се насочила кон Лондон, без да бидат водени големи битки. Така, Дадли бил принуден да се предаде и да биде уапсен, како и погубен.

Пред неговата смрт, тој се покајал, се вратил кон католицизмот и им порачал на сите да го сторат истото. Неговите синови биле затворени, па подоцна ослободени. Единствено Гилфорд бил погубен.

Неговиот син Роберт Дадли подоцна станал близок со Елизабета I.