Македонија на Евровизија 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избор на песна за Евровизија 2019
ЗемјаМакедонија
National selection
Selection processВнатрешен избор
ДатаИсполнител: 25 јануари 2019
Песна: 8 март 2019
ПобедникТамара Тодевска
ПеснаProud
Finals performance
Резултати од полуфиналеКвалификувана
(2-ро место, 239 бода)
Резултати од финале8-мо место, 295 бода

Македонија на Евровизија 2019 — учество на Македонија на натпреварот за песна на Евровизија 2019 со песната Proud напишана од Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Коста Петров и Сања Поповска. Песната била изведена од страна на Тамара Тодевска, која како вокалист била избрана од Македонската радио-телевизија (МРТ) за да ја претставува нацијата на натпреварот во 2019 година кој се одржил во Тел Авив, Израел.

Македонија учествувала во полуфиналната вечер и се пласирала на второто место, додека на финалната вечер го освоила осмото место. Овој резултат е најдобар пласман на Македонија на натпреварот за Евровизија.

Позадина[уреди | уреди извор]

Внатрешен избор[уреди | уреди извор]

На 25 јануари 2019 година, МРТ објавила дека Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија во 2019 година. Таа претходно ја претставувала Македонија во 2008 година заедно со Врчак и Адријан со песната Во име на љубовта, каде што не успеале да се квалификуваат за финалето[1], а во 2014 година била придружен вокал на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ на настапот на Евровизија 2014.

Песна[уреди | уреди извор]

Тамара Тодевска на Евровизија 2019

Песната Proud, почетно било планирана официјално да се објави на 4 март, но била одложена до 8 март за да се совпадне со Меѓународниот ден на жената. Песната била пуштена на официјалниот YouTube канал на Евровизија[2].

Евровизија[уреди | уреди извор]

Според правилата на Евровизија, сите земји со исклучок на земјата домаќин и големата петорка (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство) треба да се квалификуваат во една од двете полуфинални натпревари со цел да се натпреваруваат за конечното финале. Првите десет земји од секој полуфинален натпревар се пласираат во финалето. Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) ги поделил натпреварувачките земји во шест различни дела врз основа на резултатите од гласањето од претходните натпревари, при што земјите со поповолни резултати на гласање биле ставени во иста категорија. На 28 јануари 2019 година бил одржан специјален нацрт за распределба на земјите, со кој секоја земја била ставена во една од двете полуфинални натпревари, како и во која половина од натпреварот ќе настапат. Македонија била ставена во втората полуфинала, што се одржала на 16 мај 2019 година[3].

Гласање[уреди | уреди извор]

Гласањето за време на трите емисии вклучувало секоја земја да додели два сета од бодовите од 1-8, 10 и 12: еден од нивното професионално жири, а другата од телевизијата. Жирито на секоја нација се состоело од пет професионалци од музичката индустрија кои се граѓани на земјата што ја претставуваат, со нивните имиња објавени пред натпреварот за да се обезбеди транспарентност. Ова жири го оценил секој запис врз основа на: вокален капацитет; сценската изведба; композицијата на песната и оригиналноста; и севкупниот впечаток од настапот. Покрај тоа, ниту еден член на националното жири не можело да биде поврзано на каков било начин со кој било од натпреварувачките. Поединечните рангирања на секој член на жирито, како и на резултатите од телото на телевизија биле објавени кратко време по големиот финален натпревар[4].

Резултати од гласањето[уреди | уреди извор]

Следните пет членови го сочинувале македонското жири:

  • Сузана Стефановска - Претседавач - музички уредник
  • Фјола Исмаили - виолончелистка, пејачка
  • Роберт Вукелиќ - пејач
  • Христина Мицковска - радиодиџеј
  • Ристо Апостолов

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gligorov, Miki (25 January 2019). „Tamara Todevska is announced as North Macedonia's Eurovision 2019 representative“. escxtra.com. ESCXtra. Архивирано од изворникот на 2019-01-26. Посетено на 25 January 2019.
  2. Eurovision Song Contest (2019-03-08), Tamara Todevska - Proud - North Macedonia 🇲🇰 - Official Music Video - Eurovision 2019, Посетено на 2019-04-10
  3. Jordan, Paul (28 January 2019). „Eurovision 2019: Which country takes part in which Semi-Final?“. eurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 28 January 2019.
  4. Groot, Evert (30 април 2019). „Exclusive: They are the judges who will vote in Eurovision 2019!“. Eurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 30 април 2019.