Благој Нацоски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Благој Нацоски

Благој Нацоски (роден: 18 мај 1979) е најафирмираниот македонски оперски пејач и веројатно најдобриот македонски тенор на сите времиња.

Биографија[уреди]

Артуро - Рим
Ферандо - Клагенфурт
Дон Отавио - Каљари
Ернесто - Мишколц (со Бори Кесеј)
Скипион - Клагенфурт (со Бернарда Бобро и Луиз Фрибо)
Ферандо - Штутгарт
Артуро - Каљари
Скипион - Салцбург (со Ана Ковалко)
Дон Отавио - Каљари (со Ала Симони и Микеле Бјанкини)
Ферандо - Клагенфурт (со Адриана Дамато)
Во концерт (со Марчела Орсати Таламанка')
Ферандо - Штутгарт (со Карине Бабаџанјан)
Благој Нацоски

Младиот македонски тенор е роден во Скопје во семејство на музичари. Уште од најрана возраст покажувал особен талент и афинитети кон музиката. Пеењето започнал да го изучува со својата мајка Лидија Нацоска, а потоа се запишал во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на професорката Марија Николовска. По завршувањето на средното образование заминал за Рим, каде својот глас го школувал со светски познатите уметници и педагози Мирела Паруто и Антонио Боаје. Во 2003 година дипломирал на Конзерваториумот „Личинио Рефиче“ во Фрозиноне, Италија. Својата вокална техника ја усовршува со Ана Ванди во Рим, потоа со специјалистот за Росиниевиот тенорски репертоар, Раул Хименез во Барселона и со Силвија Боса во Фиренца.

За време на школувањето во Италија, остварил богата концертна дејност низ Македонија и Италија: Во јануари 2000 со оркестарот и хорот „Жоскен Д’Пре“ го извел Te Deum на М.А. Шарпентјер во Фрозиноне. Во септември 2000, испеал пет улоги во светската премиера на ораториумот Trittico Dantesco од Бернардино Рици (на текст на Божествената комедија на Данте Алигиери), изведен во базиликите на Падова и Аквилеја. Снимка од премиерата била пренесувана од RAISAT. Во мај 2001 зел учество во инаугурирањето на новиот Конзерваториум „Л. Рефиче“ во Фрозиноне со гала оперска вечер посветена на Џузепе Верди. Во октомври 2001 на „Интерфест Битола“ одржал гала концерт посветен на Џузепе Верди по повод 100-годишнината од смртта на големиот италијански маестро. Во периодот мај/јуни 2002 го извел Росиниевиот Stabat Mater во базиликите низ Лацио.

Во февруари 2003 година Благој Нацоски е на сцената на Римската Опера (Teatro dell’Opera di Roma), што всушност претставува и негово деби на оперската сцена. Ја исполнува улогата на Артуро во операта „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, под диригентската палка на Маестро Даниел Орен и режија на Греам Вик. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет. Во јуни 2003 настапува на престижниот оперски фестивал во Мишколц, Унгарија, пеејќи ја улогата на Дон Отавио во Моцартовиот „Дон Џовани“, заедно со Ренато Брузон во насловната улога. Следи серија на успешни концерти во Франција посветени на барокната музика, односно на Клаудио Монтеверди, заедно со барокните мајстори Миреј Подер и Жан-Лук Импе, меѓудруготот и професори на Сорбона во Париз и на конзерваториумите во Ница и Брисел. Во јануари 2004 ја пее улогата на Алфред во Вердиевата „Травијата“ во најпрестижниот театар во ЈапонијаТокио Бунка Каикан. Во јуни 2004 повторно е Артуро во „Лучија од Ламермур“, и тоа во Каљари, со Мариела Девиа во насловната улога. Солист е на изведбата на IX Симфонија од Бетовен со Македонската и Софиската Филхармонија, по повод нивните јубилеи (60 и 75 години), одржана во НДК Софија, под диригентство на Маестро Саша Николовски – Ѓумар. Во периодот октомври-декември 2004 ја пее улогата на Ферандо во операта „Така прават сите жени“ од Моцарт, во Клагенфурт, Австрија, каде целиот австриски печат го наградува со највозвишувачки критики. Потоа повторно во Каљари, ја пее улогата на Дон Отавио со Руџеро Раимонди во насловната улога, во историската постановка на Џорџо Стрелер. На 6 февруари 2005 настапува во во претседателската палата Il Quirinale во Рим со концерт посветен на Јоханес Брамс, пренесуван директно на Радио Раитре и на Еурорадио. Во јуни 2005 го пее Ернесто во „Дон Паскуале“ од Г. Доницети на Мишколц Опера Фестивал, а веднаш потоа пее во Театарот Карло Феличе во Џенова во улогата на Грофот Алмавива во „Севилскиот берберин“ од Џ. Росини. Во периодот октомври-ноември 2005 година настапува како Дон Отавио во новата продукција на операта „Дон Џовани“ на Театарот Карло Феличе во Џенова режирана од Давиде Ливермор како и во „Така прават сите“ како Ферандо во истиот театар во историската постановка на режисерот Михаел Хампе. Неговите настапи во следните година дена продолжуваат во знакот на Моцарт по повод 250 –годишнината од неговото раѓање. Во јануари-февруари 2006 е повторно Ферандо и тоа во Циришката Опера во постановката на Јурген Флим. Дебитира во насловната улога во операта „Сонот на Скипион“ од Моцарт во Градскиот Театар на Клагенфурт, улога која ќе ја пее и на Салцбуршкиот Фестивал истата година. Во меѓувреме е повторно Ферандо во Државната Опера од Штутгарт. Во септември 2006 дебитира во улогата на Белмонте во операта „Грабнување од сарајот“ во Кралската Опера на Брисел. Во периодот декември 2006 јануари 2007 ја пее улогата на Бригела во операта „Аријадна на Наксос“ од Рихард Штраус во Циришката Опера. Во првата половина на 2007 година пее во Франкфурт како Тамино во „Волшебната флејта“, во Парма како Касио во Вердиевиот „Отело“, во Скопје на отворањето на Мајските оперски вечери како Линдоро во операта „Италијанка во Алжир“ од Росини и веднаш потоа во Националната полска опера во Варшава како Алмавива во „Севилскиот бербер“.

Награди и признанија[уреди]

  • 1995 - Прва награда, Македонски Национален Натпревар по музика
  • 1997 - Специјална награда (Апсолутен победник) Македонски Национален Натпревар по музика
  • 2000 - Сребрене плакета од "Accademia Filarmonica di Messina"
  • 2002 - Втора награда, Меѓународен натпревар по пеење во организиран од Rotary International, Пескара
  • 2002 - Трета награда и награда за најмлад финалист, Меѓународен натпревар за оперски пејачи до 38 години, Алкамо
  • 2002 - Прва награда, Меѓународен натпревар на фондацијата „Борис Христов“, Рим
  • 2003 - Специјална награда, Меѓународен натпревар „Спирос Аригирис“, Сарѕана
  • 2003 - Награда „Пјерлуиџи Дамјани“ како студент на годината, од Синдикатот на уметниците на Италија

Репертоар[уреди]

Оперски улоги[уреди]

  • Винченцо Белини
    • Капулети и Монтеки (Ромео и Јулија) - Тебалдо
    • Месечарка - Елвино
  • Бенџамин Бритен
    • Свртување на навртката - Питер Квинт и Пролог
    • Сонот на летната ноќ - Лисандер
  • Гаетано Доницети
    • Дон Пасквале - Ернесто
    • Лучија од Ламермур - Артуро
    • Љубовен напиток - Неморино
    • Ќерката на полкот - Тонио
  • Волфганг Амадеус Моцарт
    • Волшебната флејта - Тамино
    • Грабнување од сарајот - Белмонте
    • Дон Џовани - Дон Отавио
    • Сонот на Скипион - Скипион
    • Така прават сите (жени) - Ферандо
  • Џоакино Росини
    • Италијанка во Алжир - Линдоро
    • Пепелашка - Дон Рамиро
    • Севилски берберин - Гроф Алмавива
    • Турчин во Италија - Дон Нарчизо
  • Рихард Штраус
    • Аријадна на Наксос - Бригела
    • Кавалиер со рози - Италијански тенор
    • Капричо - Италијански пејач
    • Саломе - Наработ

Симфониски и камерен репертоар[уреди]

Соработки[уреди]

Во својата кариера Благој Нацоски соработувал со голем број на реномирани пејачи, диригенти, режисери и слично, настапувајќи во оперските куќи ширум светот:

Пејачи[уреди]

  • Орлин Анастасов
  • Алфонсо Анониоци
  • Ренато Брузон
  • Светла Василева
  • Мариела Девиа
  • Миро Дворски
  • Лора Ејкин
  • Карло Коломбара
  • Даниела Маѕукато
  • Ева Меи
  • Ивон Наеф
  • Лилиана Никитеану
  • Анели Пеебо
  • Руџеро Раимонди
  • Анализа Распаљози
  • Лоренцо Регацо
  • Џузепе Сабатини
  • Пјетро Спањоли
  • Суми Џо
  • Хелен Шнајдерман

Диригенти[уреди]

  • Марко Балдери
  • Пол Даниел
  • Кристоф фон Дохнани
  • Хартмут Кајл
  • Жерар Корстен
  • Вил Крачфилд
  • Александар Лековски
  • Никола Луизоти
  • Хенрик Нанаши
  • Саша Николовски-Ѓумар
  • Даниел Орен
  • Антонио Пироли
  • Масимилиано Стефанели
  • Робин Тичати
  • Кристофер Френклин
  • Џулија Џоунс

Режисери[уреди]

  • Моника Бјанки
  • Греам Вик
  • Џорџо Галионе
  • Марко Гандини
  • Клаус Гут
  • Кристоф Лој
  • Денис Криеф
  • Клаус Цеелајн
  • Михаел Штурмингер

Театри (Оперски куќи)[уреди]

  • Австрија
    • Клагенфурт - Stadttheater
    • Салцбург - Салцбуршки Фестивал (Salzburger Festspiele)
  • Белгија
    • Брисел - Кралска Опера (Theàtre Royal de la Monnaie)
  • Германија
    • Штутгарт - Државна Опера (Staatsoper)
    • Франкфурт - Опера (Frankfurt Oper)
  • Италија
    • Каљари - Teatro Lirico di Cagliari
    • Реџо Калабрија - Teatro "Francesco Cilea"
    • Рим - Teatro dell'Opera di Roma
    • Трст - Teatro Lirico "Giuseppe Verdi"
    • Џенова - Teatro Carlo Felice
  • Полска
    • Варшава - Teatr Wielki - Opera Narodowa

Дискографија[уреди]

Сонот на Скипион.jpg

В. А. МОЦАРТ

СОНОТ НА СКИПИОН (Il Sogno di Scipione) (Комплетна изведба)

Благој Нацоски · Луиз Фрибо · Бернарда Бобро · Иан Патон · Роберт Зелиер · Ана Ковалко

Хор на Stadttheater Klagenfurt · Симфониски Оркестар на Каринција · Робин Тичати

Режија на Михаел Штурмингер · ТВ режија на Пол Фенкарт

DVD-VIDEO NTSC 073 424-9 |G|H|

STEREO: PCM / SURROUND: DTS 5.1

Picture Format: 16:9

Субтитл: Италијански/Англиски/Германски/Француски/Шпански

Продукција на UNITEL и BFMI во ко-продукција со Classica во соработка со САЛЦБУРШКИОТ ФЕСТИВАЛ · Моцарт 22

Надворешни врски[уреди]