Хари Потер (лик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хари Џејмс Потер
лик од 'Хари Потер'

Даниел Редклиф како Хари Потер
во Хари Потер и Редот на фениксот
ДомГрифиндор
ГлумецДаниел Редклиф
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

Хари Џејмс Потер (англиски: Harry James Potter) e насловниот лик и протагонистот од фантастичниот серијал на Џ. К. Роулинг, Хари Потер. Книгата покрива седум години од животот на ова сираче, кое на својот единаесетти роденден, дознава дека е волшебник. Тој учи во Хогвортс училиштето за магии и волшебништво каде учи да си ги усоврши волшебните способности. Под водство на љубезниот директор Албус Дамблдор, Хари открива дека е веќе познат низ волшебничкиот свет и дека неговата судбина е поврзана со таа на Лорд Волдеморт, мрачниот и злобен волшебник кој ги убил мајката и таткото на Хари.

Концепт и создавање[уреди | уреди извор]

Според Роулинг, идејата за обете, Хари Потер книгите и нивниот истоимен протагонист дошла додека чекала одложен воз од Манчестер до Лондон во 1990. Таа изјавува дека идејата за „ова слабичко, црнокосо, момче со очила кое не знае дека е волшебник стануваше се повистинита за мене“.[1] Додека ги изведувала идеите за нејзината книга, таа одлучила да го направи Хари сирак кој посетувал интернат наречен Хогвортс. Таа објаснува во едно интервју за The Guardian од 1999: „Хари мораше да биде сираче  — што му нуди целосна слобода, без страв од изневерување или разочарување на своите родители ... Хогвортс мораше да биде интернат  — половина важни работи се случуваат навечер! Потоа тука е и безбедноста. Имајќи сопствено дете, дополнително се уверив дека децата пред сè сакаат безбедност, а токму тоа Хогвортс му го нуди на Хари.“[2]

Смртта на нејзината мајка на 30 декември 1990 ја инспирирало Роулинг да го напише Хари Потер како момче кое копнее по своите мртви родители, неговото страдање станувало „подлабоко, многу повистинито“ отколку тоа во пораните нацрти бидејќи веќе го поврзувала со себеси.[1] Во интервју за The Guardian во 2000, Роулинг втемелува дека ликоѕ на Варт во романот Мечот во карпата на Т.Х. Вајт е „духовен предок на Хари“.[3] Крајно, таа установила датумот на раѓање на Хари да биде 31 јули, исто како нејзиниот. Како и да е, таа тврди дека Хари не е директно заснован на ниту еден вистинит лик: „тој произлезе од дел од мене“.[4]

Роулинг исто така тврди дека Хари е поволен вистинит пример на кој децата можат да се угледаат. „Предноста на измислениот херој или хероина е тоа што можеш да ги запознаеш нив подобро отколку што можеш да запознаеш еден жив херој, многумина од кои никогаш не би ни ги запознале [...] ако луѓето го сакаат Хари и се поистоветуваат со него, јас сум задоволна, бидејќи мислам дека е многу пријатен.“[5]

Појавувања[уреди | уреди извор]

Прва книга[уреди | уреди извор]

Илустрирана слика од Хари на корицата на Хари Потер и Каменот на мудроста.

Хари првпат се појавува во Хари Потер и Каменот на мудроста (во UК публикувана како Harry Potter and the Sorcerer's Stone, додека во САД како Harry Potter and the Philosopher's Stone) како главниот протагонист во романот. Кога Хари имал повеќе од една година, неговите родители биле убиени од моќниот мрачен волшебник, Лорд Волдеморт; како и да е, Хари ја преживеал убиствената клетва на Волдеморт, која се рефлектирала и ја одкоренала душата на Волдеморт од неговото тело. Како резултат, на своето чело Хари носи лузна во облик на громотевица. Во волшебничкиот свет Хари е познат како единствената позната личност која ја има преживеано „Авада Кедавра“, убиствената клетва. Од тогаш па натаму, Хари е познат како „Момчето што преживеа“. Всушност, Волдеморт исто така преживеал, иако само неговата душа останала откако неговото тело било целосно уништено.

Според Роулинг, враќањето назад во минатото на приказната било проблем на обратно планирање: „Основната идеја [е што] Хари ... не знае дека е волшебник ... и затоа јас работев наназад од таа позиција за да дознаам како би било кога тој не би знаел што е ... Кога имал само една година, најзлобниот волшебник на сите времиња се обидел да го убие. Тој ги убил родителите на Хари, а потоа се обидел да го убие и Хари  — се обидел да проколне ... Хари мора да дознае, пред ние да дознаеме. И  — затоа  — поради мистериозна причина, клетвата не проработела на Хари. Така тој е оставен со оваа лузна во облика на молња на неговото чело и со клетвата рефлектирана во злобниот волшебник кој се крие се оттогаш.“[6]

Како резултат, Хари е напишан како сираче живеејќи бедно со своето единствено преостанато семејство, суровите Дарслиеви. На својот единаесетти роденден, Хари дознава дека е волшебник со доаѓањето на Рубеус Хагрид кој го известува дека набргу ќе започне да следи настава во Хогвортс, училиште за магии и волшебништво. Таму дознава за неговите родители и неговата поврзаност со мрачниот лорд, тој е распределен во домот Грифиндор, се спријателува со соучениците Рон Визли и Хермиона Гренџер и го спречува обидот на Волдеморт да го украде каменот на мудроста. Тој исто така започнува соперништва со ликовите Драко Малфој, соученик од елитно волшебничко семејство и студениот уважен мајстор за напивки, Северус Снејп, ментор на Драко и глава на домот Слитерин. Двете несогласувања продолжуваат низ целиот серијал. Во интервју од 1999, Роулинг изјавува дека Драко е заснован на неколку прототипични училишни насилници на кои наидувала[7], а Снејп на нејзин садистички учител кој ја злоупотребувал својата моќ и позиција.[7]

Роулинг наведува дека поглавјето Огледалото на Етиблеж од Хари Потер и Каменот на мудроста го смета за најомилено; огледалото ја одразува најдлабоката желба на Хари, имено да ги види своите мртви родители.[1] Нејзина најомилена смешна сцена е кога Хари не сакајќи ослободува боа од зоолошката во присуство на преплашените Дарслиеви.[7]

Втора до четврта книга[уреди | уреди извор]

Во втората книга, Хари Потер и Одајата на тајните, Роулинг го соочува Хари со Том Марволо Ридл, „сеќавање“ на Лорд Волдеморт во врежано во таен дневник кој го поседува помладата сестра на Рон Визли, Џини Визли. Кога сосема неочекувано, се пронајдуваат ученици од неволшебничко потекло скаменети, многумина се сомневаат дека Хари стои зад нападите. Во кулминацијата, Џини исчезнува. За да ја спаси, Хари се бори со Ридл и чудовиштето кое Ридл го контролира и е скриено во одајата на тајните. Во третата книга, Хари Потер и Затвореникот од Азкабан, Роулинг користи заплет кој вклучува патување низ времето. Хари дознава дека неговите родители биле предадени на Волдеморт од нивниот пријател Питер Петигру, кој ја пренел вината за злоделата на кумот на Хари, Сириус Блек, доведувајќи Сириус да биде затворен во затворот Азкабан. Кога Сириус бега во потрага по одмазда, Хари и Хермиона користат временски вител за да го спасат Сириус и хипогрифот по име Бакбик. Но, Петигру побегнува, а невиниот Сириус останува прогонуван бегалец.

Во претходните книги, Хари е пишуван како дете, но Роулинг наведува дека во четвртиот роман, Хари Потер и Пламениот пехар, „Како што тој расте неговите видици буквално и метафорички се шират“.[8] Зрелоста на Хари која е сè уште во развој, станува се појасна, и како доказ служи неговото романтично заинтересирување за Чо Чанг, ученичка од Ревенкло. Сепак, тензијата расте, кога Хари е мистериозно одбран од пламениот пехар да учествува во опасниот Тробој, иако и друг хогвортски шампион, Седрик Дигори, е веќе одбран.

Тоа е всушност разработена измама на Волдеморт за да го намами Хари во смртоносна замка. За време на последниот предизвик во турнирот, Хари и Седрик се телепортирани на гробишта каде Седрик е убиен, а Волдеморт со помош на Питер Петигру, ја користи крвта на Хари во ужасен ритуал да си го воскресне своето тело. Хари влегува во двобој со Волдеморт, каде нивните стапчиња воспоставуваат волшебна врска и магично протекуваат, присилувајќи ги душевните еха на жртвите на Волдеморт, вклучувајќи ги и тие на Седрик и Лили и Џејмс Потер, да бидат протерани од неговото стапче. Духовите на кратко го заштитуваат Хари со што тој добива време да избега во Хогвортс со телото на Седрик. За Роулинг, оваа сцена е важна бидејќи ја покажува храброста на Хари, а со повраќањето на трупот на Седрик, тој демонстрира несебичност и сочувство. Роулинг вели, „Тој сака да ја спаси дополнителната болка на родителите на Седрик.“[8] Таа додава дека оневозможувањето да телото на Седрик не падне во рацете на Волдеморт е засновано на класичната сцена во Илијада каде Ахил го повраќа телото на својот најдобар пријател Петрокле од рацете на Хектор.[8] Роулинг исто така има споменато дека четвртата книга означува крај на една ера во животот на Хари, а преостанатите три книги, друга,[8] „Тој повеќе не е заштитен, а беше многу заштитен сè до сега. Но, тој е многу млад за такво искуство. Многу од нас не се соочуваат со такво искуство сè до малку подоцна во животот. Тој само што пристигна до 15 години и тоа токму сега.“[9]

Петта и шеста книга[уреди | уреди извор]

Во петтата книга, Хари Потер и Редот на фениксот, Министерството за магии започнува валкана кампања против Хари и Дамблдор, несогласно нивните тврдења дека Волдеморт е вратен. Нов лик е претставен кога Министерството за магии ја поставува Долорес Амбриџ како најскорешниот инструктор по одбрана од мрачните вештини во Хогвортс (и шпион за Министерството). Бидејќи параноичното Министерство се сомнева дека Дамблдор формира волшебничка армија за да ги разурне, Амбриџ одбива да ги учи учениците на одбрандбена магија. Таа постепено се здобива со повеќе моќ, и најпосле го портерува Дамблдор и зазема контрола врз училиштето. Како резултат, растечкото гневно и чудно однесување на Хари речиси го оддалечува Хари од Рон и Хермиона.

Роулинг вели дека го ставила Хари под екстремен емотивен стрес за да ја покаже неговата ранливост и човечност — контрастно на неговиот одмаздник, Волдеморт. „[Хари е] доста човечки херој, а тоа е, очигледно, контраст, помеѓу него, како многу човечки херој и Волдеморт, кој намерно и промислено се дечовекоризирал себеси. И Хари, затоа, мораше да постигне точка каде за малку не се разурнува, и вели дека не сака да игра повеќе, дека тој не сака повеќе да биде херојот  – и дека изгубил премногу. И дека повеќе не сака ништо да изгуби. Така што  – Феникс беше точката за која одлучив дека тој ќе го доживее своето рушење.“[10]

По наговор на Хермиона, Хари формира тајна ученичка организација наречена Армијата на Дамблдор каде ги изучува учениците на одбрана од мрачните вештини. Нивниот план е спречен, кога член на Армијата на Дамблдор ја известува Амбриџ за А.Д., придонесувајќи да Дамблдор биде отстранет како директор. Хари страда од уште еден емоционален удар, кога неговиот кум, Сириус е убиен за време на двобој со Смртојадот Белатрикс Лестрејнџ во Одделот за мистерии, но Хари на крајот успева да го порази планот на Волдеморт да украде важно пророштво и помага да се откријат злокобните мотиви на Амбриџ. Роулинг изјави: „И сега тој [Хари] ќе се издигне од пепелта, засилен.“[10] Страничен заплет во Редот на фениксот вклучува романса на Хари со Чо Чанг, која набргу се расплетува. Роулинг вели: „Тие никогаш нема да беа среќни, подобро беше што завршија порано!“[11]

Во шестата книга, Хари Потер и Полукрвниот Принц Хари влегува во бурен пубертет кој, Роулинг вели, е заснован на нејзините тешки тинејџерски години како и тие на нејзината сестра.[12] Роулинг исто така изјави и една лична изјава за личниот живот на Хари: „Поради барањата на авантурата која Хари ја следи, тој има помало сексуално искуство од тоа на други момчиња на негова возраст“.[13] Ова неискуство во романса беше фактор за неуспешната врска со Чо. Сега неговите мисли се насочени кон Џини, а една суштинска сижејна точка во последната глава вклучува раскинување од страна на Хари со Џини за да ја заштити од Волдеморт.

Нов лик се појавува кога поранешниот хогвортски мајстор по напивки Хорас Слагхорн го заменува Снејп, кој го зазема местото на професор по одбрана од мрачните вештини. Хари ненајдено успева по напивки, користејќи стар учебник некогаш припагајќи на многу талентиран ученик познат само како „Полукрвниот Принц“. Книгата содржи многу рачно напишани белешки, вежби и нови магии; Хермиона, верува дека користењето на овој учебник е мамење. Преку приватни состаноци со Дамблдор, Хари дознава дека за младоста на Волдеморт како сирак, неговото издигнување до моќ и како ја исцепкал својата душа на Хоркрукси за да постигне бесмртност. Два Хоркрукси се уништени; дневникот и прстен, а Хари и Дамблдор лоцираат уште еден, иако е лажен. Кога Смртојади го напаѓаат Хогвортс, Снејп го убива Дамблдор. Како што Снејп бега, Хари открива дека Снејп e Полукрвниот Принц — восхитувачкиот ментор на Хари е всушност неговиот омразен непријател.

Сега останува на Хари да ги пронајде и уништи преостанатите Хоркрукси на Волдеморт и да ја одмазди смртта на Дамблдор. Во интервју од 2005 со водителкта на NBC‏‎ Кејти Курик, Роулинг изјавува дека [по настаните од шестата книга] Хари, „си тврди дека сега тие се во војна. Тој сè повеќе борбено се искалува. Тој е сега подготвен да излезе и да се бори. И тој е трага по одмазда [против Волдеморт и Снејп].“[14]

Оваа книга исто така се фокусира на мистериозните дејствија на соперникот на Хари, Драко Малфој. Волдеморт го принудува преплашениот Малфој да се обиде да го убие Дамблдор. За време на двобој помеѓу нив во бањата на Мрачната Мирта, Хари користи магија на Полкрвниот Принц, Сектумсемпра на Малфој, кој како резултат се здобива со речиси фатални повреди. Хари е преплашен од тоа што го направил и почнува да сочувствува за Драко, откако дознава дека тој е присилен од наредба на Волдеморт под закана дека ќе ги убие неговите родители.

Последна книга[уреди | уреди извор]

Епилог[уреди | уреди извор]

Појавувања во филмовите[уреди | уреди извор]

Карактеризација[уреди | уреди извор]

Физички изглед[уреди | уреди извор]

Низ серијалот, Хари е опишуван како ја наследил вечно несредната коса на татко му, светлозелените очи на мајка му и лузна во облик на громотевица на неговото чело. Понатаму е опишуван како „мал и слаб за негова возраст“ со „слабичко лице“ и „испакнати коленици“, и како носи округли очила. Во првата книга, лузната е опишана како „единственото нешто што Хари го сака кај својот сопствен изглед“. Кога беше прашано што е значењето на лузната на Хари, Роулинг изјави, „Сакав да биде физички обележан од тоа низ што поминал. Тоа е надворешен израз за тоа што тој го пребродел внатре во себеси ... Исто како да се биде избраниот или проколнатиот, нешто во таа смисла...“[15]

Роулинг објасни дека ликот на Хари првпат и дошол кога ја осмислувала самата идеја за серијалот, гледајќи го како „слабичко, црнокосо, момче со очила“.[1] Таа исто така има споменато дека мисли дека очилата на Хари се трагата за неговата ранливост.[16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „J. K. Rowling Official Site  – Section Biography“. Архивирано од изворникот на 2008-12-17. Посетено на 2007-08-15.
  2. "Carey, Joanna. "Who hasn't met Harry?" Guardian Unlimited, 16 февруари 1999". Посетено на 2007-08-15.
  3. „JK (JOANNE KATHLEEN) ROWLING (1966-), Guardian Unlimited. Посетено на 2007-08-15.
  4. "Raincoast Books interview transcript, Raincoast Books (Canada), March 2001.". Посетено на 2007-08-15.
  5. "Barnes and Noble interview, 19 март 1999". Посетено на 2007-08-15.
  6. "J.K. Rowling on The Diane Rehm Show, WAMU Radio Washington, D.C., 20 октомври 1999". Посетено на 2007-08-15.
  7. 7,0 7,1 7,2 "Lydon, Christopher. J.K. Rowling interview transcript, The Connection (WBUR Radio), 12 октомври 1999". Посетено на 2007-08-15.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 "Jensen, Jeff. "'Fire' Storm," Entertainment Weekly, 7 септември 2000". Посетено на 2007-08-15.
  9. "J.K. Rowling Interview," CBCNewsWorld: Hot Type, 13 јули 2000“. Посетено на 2008-04-09.
  10. 10,0 10,1 "Living With Harry Potter". Посетено на 2007-08-15.
  11. "JK Rowling's World Book Day Chat, 4 март 2004". Посетено на 2007-08-15.
  12. "Richard & Judy Show". Посетено на 2007-08-15.
  13. "Grossman, Lev. "J.K. Rowling Hogwarts And All," Time Magazine, 17 јули 2005". Посетено на 2007-08-15.
  14. "Couric, Katie.: 'J.K. Rowling, the author with the magic touch: 'It's going to be really emotional to say goodbye,' says Rowling as she writes the last book in the Harry Potter saga,' Dateline NBC, 17 јули 2005". Посетено на 2007-08-15.
  15. Interview of J.K. Rowling, Detroit News, 19 март 2001
  16. 'Boquet, Tim. "J.K. Rowling: The Wizard Behind Harry Potter," Reader's Digest, December 2000“ (HTML). Посетено на 2008-04-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]