Северус Снејп
Изглед
Северус Снејп | |
---|---|
лик од 'Хари Потер' | |
Алан Рикмен како Северус Снејп во Хари Потер и Редот на фениксот. | |
Дом | Слитерин |
Глумец | Алан Рикмен (возрасен) Алек Хопкинс (тинејџер) |
Прво појавување | Хари Потер и Каменот на мудроста |
Северус Снејп (англиски: Severus Snape) e измислен лик во серијалот книги Хари Потер напишани од Џ. К. Роулинг. Во првиот роман, Хари Потер и Каменот на мудроста, тој е еден од поглавните антагонисти. Како што се развива серијалот, ликот на Снејп станува повеќе слоевит и сложен и Роулинг не целосно ги открива деталите на неговата преданост сè до крајот на последната книга, Хари Потер и Реликвиите на смртта. Снејп се појавува во сите седум книги од серијалот.
Низ серијалот, толкувањето на Снејп се развива од злонамерен и пристрасен учител до значаен лик на значителна заплетканост и морална двосмисленост. Снејп предава Напивки, а подоцна и Одбрана од мрачните вештини, во Хогвортс. Роулинг го има опишано како „подарок од лик“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Rowling on Snape“. half-bloodprince.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-26.
Оваа статија за измислен лик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|