Прејди на содржината

Лорд Волдеморт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лорд Волдеморт
лик од 'Хари Потер'
Лорд Волдеморт
Ralph Fiennes како Волдеморт
во Хари Потер и Редот на фениксот
ДомСлитерин
ГлумецРалф Фиенс
Кристијан Калсн, како шеснаесетгодишен во ХП2
Hero Fiennes Tiffin, како единаесет годишен во ХП6
Френк Дилејн, како шеснаесетгодишен во ХП6
Ијан Харт глас во ХП1
Ричард Бремер, без-лице во ХП1
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

Лорд Волдеморт (англиски: Lord Voldemort, англиски изговор: /ˈvoʊldəmɔrt/ или /ˈvoʊldəmɔr/)[1][2] или Том Марволо Ридл(англиски: Tom Marvolo Riddle) е измислен лик и главниот антагонист во Хари Потер серијалот романи напишани од британската писателка Џ. К. Роулинг. Волдеморт првпат се појавува во Хари Потер и Каменот на мудроста, која беше издадена во 1997. Волдеморт се појавува или лично или во ретроспективи во секоја книга од серијата, со исклучок на третата, Хари Потер и Затвореникот од Азкабан. Волдеморт исто така се има појавено и во сите филмски адаптации до сега, со исклучок на третата. Волдеморт е повеќепати изгласан како број еден во анкети и за литературни и за филмски негативци.[3][4]

Во серијалот, Волдеморт е заплетниот непријател на Хари Потер, кој според пророштво ја поседува моќта да го порази. Тој цели да го освои не само Волшебничкиот свет туку и на светот на Нормалните - Muggles (неволшебниот). Толку е стравуван што речиси никој не го користи неговото вистинско име, наместо тоа е нарекуван „Знаеш-кој“ или „Тој-чие-име-не-смее-да-се-изговори“. Дури и неговите следбеници - смртојади му се упатуваат со „Мрачниот Господар“. Роден е како Том Марволо Ридл[белешка 1], последниот потомок на волшебникот Слазар Слитерин,[5] еден од четирите основачи на Хогвортс училиштето.

Според интервју со Роулинг, „Voldemort“ се изговара со немо 't' на крајот, како што е често во францускиот.[2] Овој изговор беше искористен од Џим Дејл во првите четири аудио книги; како и да е, по излегувањето на филмската адаптција на Хари Потер и Каменот на мудроста, во која ликовите кои се осмелуваат да го изговорат неговото име го изговараат со „t“, Дејл го променил изговорот како тој од филмовите. Изговорот е оттогаш користен и во останатите филмови. Кај нас, во преводот на првите пет книги името е пишувано со последното „т“, додека во шестиот превод последното „т“ е изоставено.

Развој на ликот

[уреди | уреди извор]

Според интервју со Роулинг од 1999, Волдеморт бил измислен како одмаздник на Хари Потер, главниот протагонист на серијалот и дека отпрвин намерно не го изнела минатото на Волдеморт на виделина. „Основната идеја [е што Хари] не знае дека е волшебник ... и затоа јас работев наназад од таа позиција за да дознаам како би било кога не тој би знаел што е [...] Кога имал само една година, најзлобниот волшебник во стотици години се обидел да го убие. Тој ги убил родителите на Хари, а потоа се обидел да го убие Хари — се обидел да проколне. [...] Хари мораше да дознае, пред ние да дознаеме. И — затоа — поради мистериозна причина, клетвата не проработела на Хари. Така тој е оставен со оваа лузна во облик на гром на неговото чело и со клетвата рефлектирана во злобниот волшебник кој се крие се оттогаш.“[6]

Во текот на втората книга, Роулинг го воведе фактот дека Волдеморт, како и многу други ученици од куќата Слитерин, мрази нечисто-крвни магионичари, иако и тој самиот е полукрвен магионичар. Во едно интервју за BBC во 2000, Роулинг го опиша Волдеморт како само-мразечки насилник, со изјавата: „Па јас мислам дека најголемите насилници често ги земаат своите мани, и им ги наметнуваат на другите, а потоа се обидуваат да ги уништат нив, и тоа е тоа што Волдеморт го прави.“[7] Во истата година, Роулинг стана попрецизна во врска за Волдеморт. Таа започна да го поврзува со тираните од вистинскиот живот, опишувајќи го како „луд психопат без нормален човечки одговор на страдањето на другите луѓе“.[8] Иако во една изјава во 2004, Роулинг изјави дека Волдеморт не е директно заснован на некоја историска личност.[9] Во 2006, Роулинг го воведе фактот дека Волдеморт длабоко во себе, се плаши од смртта. Таа изјави дека „најголемиот страв на Волдеморт е смртта, тој ја смета смртта како неславна човечка особина, и мисли дека тоа е срамотна слабост кај луѓето.“[10]

Низ серијалот, Роулинг го вовела името Волдеморт како забрането име во волшебничкиот свет, и дека е сметано за опасно ако се изговори тоа име. Повеќето ликови го му се обраќаат на него како „Знаеш-кој“ или „Тој-чие-име-не-смее-да-се-изговори“ наместо да го изговорат неговото име. Во Хари Потер и Реликвиите на смртта, забрана е ставена на името Волдеморт, така што ако некој го изговори неговото име ќе биде нападнат од страна на Волдеморт или неговите следбеници. Во втората книга, Роулинг открива дека Јас сум Лорд Волдеморт е анаграм од роденото име на ликот, Том Марволо Ридл (англиски: I'm Lord Voldemort = Tom Marvolo Riddle). Според неа, името Волдеморт е измислено и нема некое посебно значење како имињата на повеќето други ликови.[11]

Појавувања

[уреди | уреди извор]

Први три книги

[уреди | уреди извор]

Лорд Волдемот го има своето деби во Хари Потер и Каменот на мудроста. Во оваа приказна, Роулинг го претставува како Мрачниот господар кој ги убил родителите на Хари со клетва, но како резултат на мајчината љубов и волја да се жртвува себеси за да го спаси него, бебето Хари преживува кога Волдеморт се обидува да го убие со смртоносна клетва. Телото на Волдеморт е уништено и Хари носи мистериозна лузна на неговото чело како резултат. Во текот на книгата, Волдеморт неуспешно се обидува да си го поврати своето разложено тело си крадење на насловниот камен на мудроста. За да ја постигне поставената цел, Волдемот со помош на професорот Квирел се врежува во тилот на Квирл. Како и да е, во перпипетијата, Хари успева да го спречи Волдеморт да дојде до каменот.

Во втората книга, Хари Потер и Одајата на тајните, Роулинг нè запознава со Том Марволо Ридл, сеќавање на шеснаесет-годишниот Волдеморт, кој е зачуван во еден магепсан дневник кој е пронајден од страна на Џини Визли. Во оваа книга, Џини е опишана како срамежливо девојче кое е заљубено во Хари. Чувствувајќи се осамено, таа почнува да се допишува со дневникот, и да ги дели нејзините најголеми стравови со симпатичниот Том.[12] Иако подоцна е откриено дека името Том Марволо Ридл е анаграм од фразата „Јас Сум Лорд Волдеморт“, и дека тој е волшебникот кој подоцна ќе порасне и ќе стане Мрачен Гозподар. Ридл нагласува дека неговата моќ се зголемува со стравовите на Џини, и дека кога станал доволно моќен тој презедол контрола над Џини и нејзините акции. Тој потоа ја користи нејзе како пион за да ја отвори одајата на тајните. Кога Џини ќе ја отвори одајата, Том го ослободува басилиск и му наредува да ги нападне сите нечисто-крвни деца во училиштето. Хари ги убива Ридл и басилискот[12] Во шестата книга, Дамблдор му открива на Хари дека дневникот бил еден од седумте Хоркрукси во кои Волдеморт си ја поделил душата.

Четврта до шеста книга

[уреди | уреди извор]

Во третата книга, откриваме дека миленикот - глушец на Рон Визли( најдобриот пријател на Хари Потер) всушност е Питер Петигру - Црвопаш (анг. Wormtail) кој е анимагус, и поранешен наследник на Волдеморт. Кога Црвопаш му се враќа на господарот, од страв дека ќе биде фатен, тој му помага повторно да воскресне. БИдејки во четвртата годи на Хари во Хогвортс се одржува Тробојот ( натпревар помеѓу три училишта), Волдеморт заедно со Црвопаш и Барти Крауч џуниор успева да направи Хари да стане еден од играчите гои се борат во Тробојот, иако несмее бидејќи сè уште нема 17 години. Така Барти Крауч којшто се преправа во еден од професорите во Хогвортс успева да направи Хари да победи и да го допре Огнениот Пехар којшто е главната награда, но пехарот е магепсан во носач и го носи Хари на гробиштата на таткото на Волдеморт. Така Волдеморт воскреснува благодарение на старата магија, коските на таткото без знаење земени, месо од слугата со волја дадено и крв од непријателот присилно земено. Така Лорд Волдеморт воскреснува, тогаш сака да го убие Хари Потер но тој успева на му избега бидејќи нивните стапчиња се спојуваат. (Priori Incantate)) .затоа што се „браќа“.

Во петтата книга Волдеморт почнува да влегува во умот на Хари Потер и да му покажува лажни визии, така го измамува Хари, „пуштајки“ му во мозокот визија како го мачи Сириус Блек (кумот на Хари Потер) во одделот за мистерии во Министерството за Магии. Затоа Хари заедно со своите пријатели: Рон Визли, Хермиона Гренџер, Невил Лонгботом, Џини Визли и Луна Лавгуд одат со цел да го спасат Сириус. Но испаѓа дека сето тоа било наместено, и тука Хари дознава за пророштвото кое вика дека: „Ниеден не може да живее додека другиот не умре“, така Хари се бори против Волдеморт и нековите следбеници. На карјот се појавува Дамблдор и успеваат да се спасат но Сириус Блек кој доаѓа да ги спаси е убиен од страна на следбеничката на Волдеморт Белатрикс Лестрејнџ.

Во шестиот дел Волдеморт му открива на Хари се во врска за Волдеморт и неговото минато. Му кажува за хоркруксите на кои Волдеморт ја поделил својата душа. Волдеморт лично не се појавува но се појавува во секјаванјата што Дамблдор му ги покажува на Хари. Тие заедно одат да го уништат едниот од хоркруксите на Волдеморт, кој излегува дека бил лажен. На крајот Дамблдор е убиен од страна на Северус Снејп.

Толкувања во филмовите

[уреди | уреди извор]

Карактеризација

[уреди | уреди извор]

Волшебни способности и вештини

[уреди | уреди извор]

Видлив изглед

[уреди | уреди извор]

Семејство

[уреди | уреди извор]

Семејство Ридл

[уреди | уреди извор]

Семејство Гант

[уреди | уреди извор]

Прифатеност

[уреди | уреди извор]

Во народна култура

[уреди | уреди извор]
  1. Во македонскиот превод на првите пет книги името Tom Marvolo Riddle е транскрибирано како Том Марволо Загатката, поради значењето на зборот Riddle, иако не е објаснето зашто ако веќе Загатката е дел од презимето, е членувана. Во македонскиот превод на шестата книга името е транскрибирано како Том Марволо Ридл.
  1. „Harry Potter: Pronunciation Guide“. Scholastic. Посетено на 2007-08-22.
  2. 2,0 2,1 „Enchanted with Potter Literature: Fans line up for hours to get their books signed“. The Orange County Register, Santa Ana, CA. 1999-10-26. Посетено на 2006-12-28.
  3. „Lord Voldemort Is Favourite Literary Villain“. LifeStyleExtra. Архивирано од изворникот на 2007-09-02. Посетено на 2008-01-21.
  4. Lord Voldemort Number One Movie Villain According to Moviefone
  5. [ХП2]18 глава
  6. "J.K. Rowling on The Diane Rehm Show, WAMU Radio Washington, D.C., 20 октомври 1999". Посетено на 2007-08-15.
  7. " "JK Rowling talks about Book Four," cBBC Newsround, 8 јули 2000".
  8. " Jensen, Jeff. "'Fire' Storm," Entertainment Weekly, 7 септември 2000".
  9. "JK Rowling's World Book Day Chat, 4 март 2004".
  10. "Anelli, Melissa and Emerson Spartz. "The Leaky Cauldron and MuggleNet interview Joanne Kathleen Rowling: Part Two," The Leaky Cauldron, 16 јули 2005".
  11. "Lydon, Christopher. J.K. Rowling interview transcript, The Connection (WBUR Radio), 12 октомври 1999".
  12. 12,0 12,1 [ХП2]17 глава

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]