Хари Потер и Затвореникот од Азкабан (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Хари Потер и Затвореникот од Азкабан“
Податотека:Harry Potter and the Prisoner of Azkaban poster.png
Британскиот кино-постер
РежисерАлфонсо Куарон
ПродуцентКрис Колумбус
Дејвид Хејмен
Марк Редклиф
СценаристСценарио:
Стив Кловс
Роман:
Џ. К. Роулинг
Главни улогиДаниел Редклиф
Руперт Гринт
Ема Ватсон
Мајкл Гембон
Гери Олдмен
Дејвид Тјулис
Тимоти Спол
Ема Томпсон
МузикаЏон Вилијамс
КинематографијаМајкл Серисин
МонтажаСтивен Вајсберг
СтудиоHeyday Films
1492 Pictures
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиера31 мај 2004
(Обединето Кралство)
4 јуни 2004
(САД)
Времетраење141 минута
ЗемјаОбединето Кралство
САД
Јазиканглиски
Буџет130 милиони долари
Бруто заработка$795,634,070[1]
ПретходенХари Потер и Одајата на тајните
СледенХари Потер и Пламениот пехар

Хари Потер и Затвореникот од Азкабан (англиски: Harry Potter and the Prisoner of Azkaban) e фантастично-авантуристички филм од 2004 година, заснован на истоимениот роман од Џ. К. Роулинг. Режиран од мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, ова е третиот филм од серијалот Хари Потер. Во главните улоги се појавуваат Даниел Редклиф како адолесцентниот волшебник Хари Потер и Руперт Гринт и Ема Ватсон како најдобрите другари на Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Гери Олдмен и Дејвид Тјулис се придружуваат на глумечката екипа како новите ликови Сириус Блек и Ремус Лупин. Во овој филм, улогата на Албус Дамблдор е играна од Мајкл Гембон кој ја презема од Ричард Харис кој почина од Хоџкинова болест. Стив Кловс се враќа како сценарист, додека Крис Колумбус (режисерот на претходните два филма) стана режисер, покрај Дејвид Хејмен. Филмот првпат се прикажа на 31 мај 2004 година во Обединетото Кралство, а на 4 јуни 2004 во Северна Америка, како прв филм пуштен во IMAX кината и прв кој користи IMAX технологија. Ова е последниот филм од целиот серијал кој е издаден и на видео лента.

Филмот беше номиниран за два ОскариОскар за најдобра оригинална музика и Оскар за визуални ефекти на 77. доделување на наградите Оскар одржано во 2005.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Harry Potter and the Prisoner of Azkaban (2004)“. Box Office Mojo. Посетено на 2009-02-05.