Борко Ристовски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Codeks (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.29.221.174 (разговор), вратено на последната верзија на VolkovBot
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Пример.jpg]]{{Без извори|датум=август 2010}}
{{Без извори|датум=август 2010}}


{{Infobox handball biography
{{Infobox handball biography
| name= Борко Ристовски
| name= Борко Ристовски
| fullname = Борко Ристовски
| fullname = Борко Ристовски
| image=
| image= http://www.google.com/imgres?hl=mk&sa=G&gbv=2&tbm=isch&tbnid=smmJd4t7DHm9HM:&imgrefurl=http://amsmklubmobiliti.mk/vest.asp%3Frecordid%3D461&docid=vl8OhvR84jmnnM&imgurl=http://amsmklubmobiliti.mk/UploadedImages/juni/poznatite01.jpg&w=350&h=241&ei=Pl1BT9_tGOn64QSi3vSfCA&zoom=1&iact=rc&dur=1&sig=114307117918668810558&page=1&tbnh=138&tbnw=154&start=0&ndsp=19&ved=0CG4QrQMwDA&tx=85&ty=78&biw=1366&bih=622
| birth_date = {{роден на|2|ноември|1982}}
| birth_date = {{роден на|2|ноември|1982}}
| birth_place = [[Скопје]], [[Македонија]]
| birth_place = [[Скопје]], [[Македонија]]

Преработка од 22:38, 19 февруари 2012


Борко Ристовски
Лични податоци
Име и презиме Борко Ристовски
Роден(а) 2 ноември 1982
Скопје, Македонија
Спорт Ракомет
Висина 187cm
Позиција голман
Клупски податоци
Тековен клуб РК Вардар Про
Број 16
Сениорски клубови
1995-1997
1997-1999
1999-2000
2000-2003
2000-2001
2003-2006
2006-2007
2007
2007-2010
2010-денес
РК Работнички
РК Југ
РК Македонија (денес РК Металург)
РК Вардар
РК Југ (позајмица)
РК Металург
РК Тукро
HC Algeciras
РК Металург
РК Вардар
Репрезентација 1
  Македонија 97(3)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 11 August 2010

Борко Ристовски е еден од најпознатите македонски ракометари. Роден е 02.11.1982 година во Скопје, Р Македонија. Игра на позиција голман. Својата ракометна кариера ја започнува во 1995 година како член на ракометниот клуб Работнички (95 / 96 и 96 / 97) . Во 1997 година заминува во РК Југ, во којшто игра две сезони до 1999 година. Сезоната 99/00 ја поминува во ракометниот клуб Македонија (сегашен Металург). Следната сезона Ристовски игра со двојна регистрација за Југ и Вардар Ватростална, кога освојува медал за шампионска титула со црвено – црните. Истата година освојува медал во купот на Македонија. Во 2000 година за прв пат настапува на ЕП за јуниори во Грција (9-то место) Од 2001 до 2003 Ристовски го брани голот на Вардар Ватростална и во 2002 ја освојува втората шампионска титула во кариерата. Во 2002 година учествува на ЕП во Полска . Ристовски, со одличните одбрани беше еден од најзаслужните што македонската репрезентација стигна до четвртото место, а тој беше избран во идеалната седморка. Истата година беше прогласен и за најдобар млад спортист во Македонија. По две години минати во таборот на црвено - црните решава да замине во клуб каде ќе има поголема минутажа. Во 2003 потпишува двегодишен договор за тогашниот нов ракометен суперлигаш, Металург. По истекот на договорот, Ристовски решава да замине од Македонија, поточно во Шпанија каде потпишува едногодишен договор за тамошниот второлигаш Теукро. Сезоната 2006/2007 прави трансфер во шпанскиот прволигаш Алгесирас, со што станува првиот македонски ракометар кој заиграл во најквалитетната лига во светот, АСОБАЛ. Поради семејни причини во 2007 година Ристовски се враќа во Македонија и потпишува едногодишен договор со клубот Металург каде е еден од најистакнатите играчи и сезоната 2007/ 2008 освојува шампионска титула , трета во кариерата. Договорот го продолжува уште две сезони, 2008 / 2009 го освојува Купот на Македонија.Ристовски е дел од сениорската репрезентација каде забележува значителен успех. Во претквалификациите за пласман на СП 2009 на дуелот со Бугарија (јануари 2007) го постигнува првиот гол во репрезентативниот дрес, а трет во кариерата дотогаш. Вистински подвиг во неговата кариера е одбранетиот седмерец во последната секунда од натпреварот со Португалија и е најзаслужен за пласманот на Македонија во баражот за СП во Хрватска 2009.Одбранетиот седмерец беше само потврда на сите оние „невозможни“ одбрани на Ристовски во текот на целата средба. Во бараж дуелот со Исланд постигнува уште еден гол за репрезентацијата и еден од најзаслужните за пласманот на Македонија на СП 2009. На првенството прикажува извонредни партии. Особено значаен е дуелот со селекцијата на Србија на кој имаше 25 одбрани, а се запиша и во листата на стрелците со погодок од гол на гол. Ристовски има 97 настапи за македонската репрезентација и има постигнато 3 гола. Моментално настапува за тимот на Вардар.