Софиско метро
Софиско метро | |
---|---|
Платформата на станицата Красно Село на денот на отворањето на линијата М3, 26 август 2020 | |
Општо | |
Сопственик | Столична општина |
Место | Софија, Бугарија |
Тип на превоз | метро |
Бр. на линии | 4 |
Бр. на станици | 47 |
Патници дневно | ~450.000[1] |
Седиште | Софија |
Мреж. место | metropolitan.bg |
Сообраќање | |
Почнал | 28 јануари 1998 |
Превозник | „Метрополитен“ ЕАД |
Бр. на возила | 72 |
Технички податоци | |
Долж. на системот | 52 км |
Колосек | 1435 мм |
Напојување | 825 V DC, трета шина 1500 V DC, пантограф |
Просеч. брзина | 39 км/ч |
Макс. брзина | 80 км/ч |
Софиското метро се наоѓа во истоимениот град во Бугарија и има 4 линии. Првата линија на метрото започнува да работи на 28 јануари 1998 година. На 31 август 2012 г. отвора и втора линија со 11 станици и должина 11 километри. Метрото има изградени општо 47 станици со должина од 52 километри.
За првпат, подготовките за изградба на метрото започнале во 1972 година, кога министерскиот совет го одобрил. Првите градежни работи започнале во текот на 1979 година. Но големата економска криза кон крајот на 1980-тите ја прекинала изградбата на проектот. По 1995 година, проектот повторно бил ставен во функција.
Историја
[уреди | уреди извор]Проектирање
[уреди | уреди извор]Началниот план и проектирање на Софиското метро се извршени во крајот на 60-те години на минатион век. Согласно планот треба да бидат изградени 3 метро линии со општа должина од 52 километри и 47 станции.
Генерална схема на метродиаметрите:
- М1: населба Љулин - населба Младост (црвена линија)
- М2: населба Хладилника - населба Надежда/населба Илијанци (сина линија)
- М3: населба Овча Купел - населба Васил Левски (зелена линија)
- М4: населба Љулин - населба Аеродром Софија (жолта линија)
Линии
[уреди | уреди извор]Линија | Икона | Отворена | Моментална должина
(km [mi]) |
Моментални станици | Линија во изградба
(km [mi]) |
Станици во изградба | Планирана должина
(km [mi]) |
Планирани станици |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
M1 | 1998 | 14.8 (48,556.4) | 16 | 0 (0.0) | 1 | 17.7 (58,070.9) | 19[се бара извор] | |
M2 | 2012 | 11.4 (37,401.6) | 13 | 0 (0.0) | 0 | 18 (59,055.1) | 18[се бара извор] | |
M3 | 2020 | 11.8 (38,713.9) | 12 | 9.0 (29,527.6) | 9 | 17.8 (58,399.0) | 18[се бара извор] | |
M4 | 2015 | 26.1 (85,629.9) | 20 | 0 (0.0) | 0 | 26.1 (85,629.9) | 20[се бара извор] | |
Вкупно: | 52 (170,603.7) | 47 | 9.0 (29,527.6) | 10 | 79.6 (261,154.9) | 75[се бара извор] |
Извори
[уреди | уреди извор]
|