Софиско метро
Софиско метро | |
---|---|
![]() | |
Општо | |
Сопственик | Столична општина |
Место | Софија, Бугарија |
Тип на превоз | метро |
Бр. на линии | 4 |
Бр. на станици | 43 |
Патници дневно | ~450.000 [1] |
Извршен директор | Стојан Братоев |
Седиште | 121, Кнез Борис I |
Мреж. место | metropolitan.bg |
Сообраќање | |
Почнал | 1998 |
Превозник | „Метрополитен“ ЕАД |
Бр. на возила | 72 |
Технички податоци | |
Долж. на системот | 48 км |
Колосек | 1435 мм |
Напојување | контактна шина, 825V DC |
Макс. брзина | 90 км/ч |
Софиското метро се наоѓа во истоимениот град во Бугарија и има 4 линии. Првата линија на метрото започнува да работи на 28 јануари 1998 година. На 31 август 2012 г. отвора и втора линија со 11 станици и должина 11 километри. Метрото има изградени општо 43 станици со должина од 48 километри.
Оваа е единственото метро во земјата, кое се финансира од општински и државни пари, како и од средства на Европската унија.
За првпат, подготовките за изградба на метрото започнале во 1972 година, кога министерскиот совет го одобрил. Првите градежни работи започнале во текот на 1979 година. Но големата економска криза кон крајот на 1980-тите ја прекинала изградбата на проектот. По 1995 година, проектот повторно бил ставен во функција.
Историја[уреди | уреди извор]
Проектирање[уреди | уреди извор]
Началниот план и проектирање на Софиското метро се извршени во крајот на 60-те години на минатион век. Согласно планот треба да бидат изградени 3 метро линии со општа должина од 52 километри и 47 станции.
Генерална схема на метродиаметрите:
- Прва линија: населба Љулин - населба Младост (црвена линија)
- Втора линија: населба Хладилника - населба Надежда/населба Илијанци (сина линија)
- Трета линија: населба Овча Купел - населба Васил Левски (зелена линија)
- Четврта линија: населба Љулин - населба Аеродром Софија (жолта линија)