Окупација на Јапонија
Empire of Japan (1945–1947) 大日本帝國 Dai Nippon Teikoku Japan (1947–1952) 日本国 Nippon-koku | |
---|---|
1945–1952 | |
Статус | Воена окупација |
Главен град | Токио |
Говорени јазици | јапонски |
Воен командант | |
• 1945–1951 | Даглас МекАртур |
• 1951–1952 | Метју Ридгвеј |
Цар | |
• 1945–1952 | Хирохито |
Историски период | Shōwa period (Студена војна) |
14 август 1945 | |
• Occupation begins | 28 август 1945 |
• Instrument of Surrender signed | 2 септември 1945 |
25 октомври 1945 | |
15 август 1948 | |
9 септември 1948 | |
28 април 1952 | |
Денес дел од | |
|
Предлошка:Историја на Јапонија
Сојузничката окупација на Јапонија на крајот на Втората светска војна го предводел генералот Даглас МекАртур, Врховниот командант на сојузничките сили, со поддршка од Британскиот Комонвелт. За разлика од окупацијата на Германија, на Советскиот Сојуз му било дозволено мало или никакво влијание врз Јапонија. Ова странско присуство означува единствено време во историјата на Јапонија кога територијата била окупирано од странска сила. На инсистирање на МекАртур, царот Хирохито останал на царскиот престол. Воениот кабинет бил заменет со кабинет прифатлив за Сојузниците и посветен на спроведување на условите од Декларацијата во Потсдам, кој, меѓу другото, повикува земјата да стане парламентарна демократија. Под водство на МекАртур, јапонската влада вовела поволни социјални реформи и спровела економски реформи. Јапонскиот устав бил сеопфатно ревидиран и теоретски огромните сили на царот, кои со многу векови биле ограничени со конвенциите што се развивале со текот на времето, станале строго ограничени со закон. Окупацијата завршила со Мировниот договор во Сан Франциско, потпишан на 8 септември 1951 година, а стапил на сила од 28 април 1952 година, по што суверенитетот на Јапонија - со исклучок, до 1972 година, на островите Рјукију - бил целосно обновен.
|