Борба на македонскиот народ против Цариградската патријаршија
Борбата против Цариградската патријаршија започнала во средината на 19 век, таа била водена од страна на населението во Македонија со цел да се отстрани црковната власт на Цариградска патријаршија која со себе го носела погрчувањето. Во текот на овие борби едно од главните барања било да се обнови некогашната Охридска архиепископија, а македонските епархии да потпаднат под нејзина јурисдикција, оваа борба во себе носела и национален карактер бидејќи македонското граѓанство се стремело во македонски општини, наставата да се изведува на македонски народен јазик, а во црквите да се отстрани грчкиот јазик и да се замени со црковно - словенски.
Барања
[уреди | уреди извор]Најстарата пропаганда во Македонија била Грчката пропаганда која во почетокот била предводена од Цариградската патријаршија. Во 50 - тите година на 19 век, незајакнатите македонски општини поединечно почнале да настапуваат пред Патријаршијата со барања со отстранување на грчките владици и нивно заменување со лица од словенско потекло [1]. Со развојот на економската сила на градското население бројот на барањата се зголемиле.
„ | Барањето на словенсите владици било заменето со барање на владици од домашно, македонско потекло [1] | “ |
Барањата во однос на просветата се прошириле. Било барано да се воведе македонскиот јазик наместо во училиштата, а црковно - словенскиот во богослужбата. Бидејќи овие барања не биле исполнети, македонските општини истапиле со порадикални барања, се побарало обнова на Охридската архиепископија.
Меѓутоа овие настапувања и барања не биле единствени, а најрадикалниот чекор кој Македонците го презеле против Патријаршијата е преминувањето во унија со Римокатоличката црква.
Почеток
[уреди | уреди извор]Во 1859 година кукушани со поддршка на францускиот конзул испратиле барање до папата да си ги запазат верските обреди и црковно - словенскиот јазик во црквите, а во замената тие да ја признаат папската власт. Бил постигнат договор по што во Кукуш била формирана првата унијатска општина [2] .
Во северниот дел на Македонија каде грчкото влијание било послабо барањата биле ограничени на барања за поставување на месен владика како и воведување на црковно - словенскиот јазик [3] и македонскиот јазик во наставата [1] . Меѓутоа во Охрид каде традицијата за автохтона црква била особена жива се започнало силна борба и агитација за обнова на Охридската архиепископија [4], во оваа борба посебно се истакнале Димитар Миладинов и Григор Прличев. Славко Димевски истакнува дека:
„ | Ако површно се посматра документацијата во врска со борбата на македонскиот народ за еманципација од Цариградската патријаршија и грцизмот, може да се дојде до погрешен заклучок дека таа исклучиво се водела против владиците како личности. Меѓутоа, ако на таа борба се гледа како процес, веднаш ќе се забележи дека молбите и жалбите на македонскиот народ, што биле упатувани против овој или оној владика по име, всушност било само легално средство да се постигне повисока цел: преку сукцесивно сменување на грчките владици со домородни да се создадат објективни услови за полна еманципација од Патријаршијата и создавање на сопствена црква. Владиците Македонци би го обединиле македонскиот народ на ниво на епархии, би го претставувале пред турските власти и би имале можност во поволен момент да се отцепат од Патријаршијата и да ја обноват Охридската архиепископија [1] | “ |
Во 1859 година Димица напишал една книга на грчки јазик во која го истакнал незаконското укинување на Охридската архиепископија притоа побрал неселението да се откаже од Цариградска патријаршија, да престане да и го плаќа црковниот данок од 3 000 гроша и повикал за обнова на Архиепископијата.
Борбата за обнова на Охридската архиепископија особено била силна во Охрид и охридско бидејќи таму биле силни сеќавањата за една автохтона црква. На чело на овие борби во Охрид застанал учителот Јанаки Стрезов и струшкиот учител Димитар Миладинов. Миладинов иако бил учител во Струга сепак тој успеал да ја добие наклонетоста на охридските еснафи но набргу во 1861 година Миладинов бил наклеветен дека е агент на Русија и дека го повикувала населението на бунт против турската власт, поради тоа бил затворен во Цариград.
По неговото затворање Македонците кој живееле во Цариград се обиделе да влезат во зградата на Патријаршија но биле разбиени дел од нив избегале, а дел биле фатени и протерани на Света Гора, посебно оние кој биле родум од Охрид.
Во јануари 1862 година Димитар и неговиот брат Константин Миладинов кој дошол да го ослободи, а потоа и тој затворен, умреле во затворот во Цариград.
Истовремено борби против Патријаршија започанле во Штип, Велес и Скопје.
Штипјани престанале да го спомнуваат името на својот митрополит во црквите, а се обиделе да ги убедат и Кратовчани да го направат истото. Велешани на својот митрополит му забраниле да го користи грчкиот јазик во богослужбата и му одредиле фиксна плата од 25 000 гроша. Скопските граѓани имале слични барања со дополнување да се прекинат врските со Патријаршија.
Кулминација
[уреди | уреди извор]Кон крајот на 60 - тите години на 19 век борбата против Патријаршијата привршувала. Во тој период македонските црковно - училишни општини еднотстранично се откажувале од власта на грчките владици. Во оние области каде било по доминантно присуството на гркоманите, граѓаните ја продолжиле борбата за преземање на општините.
Оние општини кои се отцепиле од Патријаршијата имеле нерешен статус. Турската власт и понатаму ги сметала за патријаршиски, а тие не можеле да имаат свои претставници во меџлисите. Затоа општините во Македонија и тамошното граѓанство било свесно дека црковното прашање ќе се реши само преку создавање на една сопствена автокефална црква која ќе биде призната од другите православни цркви и од Високата Порта. Македонските граѓани не можеле да сметаат на поддршката од Патријаршијата за канонска обнова на Охридската архиепископија и затоа целосно се насочиле кон Високата Порта обидувајќи се да ја добие нејзината наклонетост кон ова прашање. До Портата биле испраќани барања во кој било истакнато дека:
„ | ... како словенски народ, треба да има своја црква, која во 1767 година ја укинал султанот Мустафа III, со што Високата порта ќе исправи една неправда [1][5] | “ |
Еден дел од јужните македонски општини сметале дека таквите барања нема да бидат уважени од страна на Портата и затоа тие се свртеле кон Римокатоличката црква. Според еден од водачите на кукушкото преродбеничко движење Нако Станишев тие преминувале кон унијата затоа што:
„ | Вера без народ не може, а народ без вера може. Ако верата не е добра ќе ја пресечеме и ќе си најдеме друга вера[6] | “ |
Односно дел од населението во Македонија прибегнало кон унијата за да се зачува од погрчувањето кое го носела Патријаршијата [1]. Од друга страна пак населението преку унијата сакала да ја обнови Охридската архиепископија и затоа кога Римокатоличката црква не го исполнила овој услов, населението почнало да се откажува од унијата и папата.
„ | ... унијатството било само средство да се дојде до архиепископ, односно создавање на самостојна црква под покровителство на Римокатоличката црква [1] | “ |
Во 1866 година антифанариотските борби се прошириле и во Неврокопската каза. Најпрво селото Гајтаниново, а потоа и самиот Неврокоп се откажале од Патријаршија.
По смрта на браќата Миладиновици на чело на антигрчкото движење во Охрид застанал Григор Прличев. Тој држел говори пред охриѓани во кој ги нападнал грчките митрополити, напишал една песма за Охридска архиепископија, а успеал да ги убеди и тамошните еснафи да се содаде посебна каса која требало да ја финансира антифанариотската борба. Во 1867 година Охрид и охридско ги прекинале врските со Патријаршија, а во 1869 година се формирала црковно-училишна општина за раководење на црквите и училиштата во Охрид и пошироко. Во почетокот самата оваа оптина себеси се титулирала како Охридска архиепископија.
Во тој период од Патријаршија се откажале и Скопје, Прилеп, Битола и Крушево.
Крај на борбите
[уреди | уреди извор]Високата порта под притисок на руската дипломатија и грофот Игнатиев била подготвена да го реши црковниот спор, кој бил именуван како грчко - бугарска расправија, без да се земат во предвит потребите и барањата на населението од Македонија за автокефална црква, црковниот спор бил решен единствено во полза на Бугарите.
Отука бил подготвен проект за создавање на оделна бугарска црква. Со вмешувањето на Високата порта во црковното прашање тоа излегло од рамките на црковен спор.
Притоа биле понудени два проекта: создавање на бугарска автономна црква надвор од Патријаршијата и прашањето за македонските епархии, дали да останат под Патријаршијата или да влезат во идната бугарска автономна црква. Ваквата поставеност на црковното прашање, кај :
„ | ... македонскиот народ создал збрка околу судбината на Македонија, бидејќи црковното прашање на некој начин се идентификувало со националното прашање. Сите градски слоеви, вклучувајќи го и селанството, не можеле да останат рамнодушни кон таквото решавање на црковното прашање, бидејќи и при евентуално останување под патријаршиската јурисдикција или, пак, присоединување кон Бугарската црква, тоа би значело пропаѓање на борбата на македонскиот народ што со децении ја води за еманципација на црковен план [1] | “ |
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
- ↑ Славко Димевски, Кукушката унија од 1859 ( По повод 100 - годишнината од настанот) ГИНИСК, III, бр. 2, 1960
- ↑ В. Кънчов, Град Скопие, Периодическо списание София, г. XI, 1898
- ↑ Е. Спротстранов, По възраждането на гр. Охрид. Сб. НУНК София, г. XIII, 1896
- ↑ Цариградски вестник, 26 март 1860, бр. 470; 2 април 1860, бр. 472; 7 мај 1860, бр. 482
- ↑ Крум Тошев, Гоце Делчев, София, 1955