Болоњска декларација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Земји-членки на Болоњската зона

Болоњската декларација е заедничка декларација на европските министри за образование, потпишана во Болоња на 19 јуни 1999 година, а се однесува на реформата на системот за високо образование во Европа и претставува темел на Болоњскиот процес. Според оваа декларација реформите и имплементацијата на Болоњскиот процес завршуваат во 2010 година.

Цели на Болоњската декларација и Болоњскиот процес[уреди | уреди извор]

  • Прифаќање на систем на лесно препознатливи и споредливи степени, меѓу другото и со воведување додаток на дипломата, за да се унапреди вработувањето на европските граѓани и меѓународната конкурентност на свропскиот систем на високо образование.
  • Прифаќање на систем темелен врз два главни циклуси, преддипломскиот и дипломскиот. Пристапот кон вториот циклус бара успешно завршен прв циклус на студиите што мора да трае најмалку три години. Степен што е постигнат по првиот циклус треба да одговара на европскиот пазар на трудот со соодветно ниво на квалификација. Вториот циклус ќе води кон магистрирање и/или докторат, како што тоа е случај во многу европски земји.
  • Воведување на кредитен систем (систем на бодови), како што е ЕКТС - Европски кредит трансфер систем или Европски систем за пренос на бодови (англиск: ECTS - European Credit Transfer and Accumulation System), како соодветно средство за унапредување на најшироката размена на студенти. Бодовите можат да се постигнуваат и преку воншколско образование, вклучувајќи го и учењето за време на целиот живот, под услов да ги признае универзитетот кој го прифаќа студентот.
  • Унапредување на подвижноста со надминување на препреките за слободно движење, посебно: на студентите да им се даде можност за учење, да им се овозможи пристап до студиите и релевантните служби; на наставниците, истражувачите и административниот персонал да им се признае и валоризира времете што го поминале во Европа истражувајќи, предавајќи или учејќи, без прејудицирање на нивните статутарни права.
  • Унапредување на европската соработка во осигуравањето на квалитет со цел за развивање споредливи критериуми и методологии.
  • Унапредување на потребната европска димензија во високото образование, посебно во развојот на наставните програми, меѓуинституционалната соработка, шемите на подвижност и интегрирани програми за студирање, обука и истражување.

Коминикеа за Болоњската декларација и Болоњскиот процес[уреди | уреди извор]

При потпишувањето на Болоњската декларација во 1999 година, договорено е на секои две години да се одржуваат министерски конференции на кои ќе се поднесуваат извештаи за примената на Болоњскиот процес, ќе се разменуваат искуства и ќе се изврши потпишување на коминике, што го потпишуваат сите земји кои го прифатиле Болоњскиот процес, а овде влегуваат и земјите од Европа кои не го направиле тоа во 1999 година, а одлучиле да го прифатат Болоњскиот процес. Потпишани се следните коминикеа кои го носат називот на градот во кој се одржале министерските конференции:

2010 година била предвидена за завршување на имплементацијата на Болоњскиот процес.

Земји потписнички[уреди | уреди извор]

Следните земји ја потпишале Болоњската декларација:

Земји кои го прифатиле Болоњскиот процес и ја ратификувале Болоњската декларација[уреди | уреди извор]

Прашко коминике од 2001 година[уреди | уреди извор]

Берлинско коминике од 2003 година[уреди | уреди извор]

Бергенско коминике од 2005 година[уреди | уреди извор]

Лондонско коминике од 2007 година[уреди | уреди извор]

2010 година[уреди | уреди извор]

Земји кои не го потпишале и не го прифатиле Болоњскиот процес[уреди | уреди извор]

Единствени членки на Советот на Европа кои не ја потпишале декларацијата и не го прифатиле Болоњскиот процес се Монако и Сан Марино, а можно е да му се придружат на Болоњскиот процес што се спроведува во Франција и Италија. Друга земја која е во можност да ја потпише декларацијата и да го прифати процесот, а тоа не го сторила до сега, е Белорусија.

Држави и региони чии барања се одбиени[уреди | уреди извор]

  • Киргистан Киргистан - на берлинското коминике сакал да ја потпише декларацијата и да го прифати Болоњскиот процес, но според толкувањата на овој собир бил одбиен затоа што не се наоѓа во Европа. Болоњската декларација, за сега, е договор што го опфаќа само географското пространство на Европа
  • Израел Израел - од истата причина како и Киргистан е отфрлен на берлинското коминике затоа што ен се наоѓа во Европа
  • Северен Кипар не е меѓународно признаена држава, ниту е признаена од страна на потписниците на Болоњскиот процес (освен Турција), па на берлинското коминике Северен Кипар бил одбиен. Но, со оглед дека според уставот на Кипар од 1960 година е дефинирано дека Грчкиот ентитет и Турскиот ентитет имаат одделни образовни системи, одбивањето на барањето се доведува во прашање.
  • Косово (Косово и Метохија) - според сегашната состојба не може да стане потписничка на овој процес, па затоа не се ни разгледувало барање.

Македонија и Болоњскиот процес[уреди | уреди извор]

Република Македонија[1] станува член на Болоњскиот процес во 2003 година, иако промените во високото образование започнале уште во 2000 година, кога Министерството за образование и наука го донело новиот Закон за високото образование. Законот барал универзитетите да го започнат воведувањето на ЕКТС и да го уредат студирањето и наставните програми во согласност со принципите на Болоњскиот процес.

Дотогашниот академски степен за кој се доделувала диплома е трансформиран во т.н. бакалауреат (дипломиран студент) и програмите биле скратени од 4 на околу 3 години. Степенот за кој се доделувал т.н. магистериум се трансформира во магистратура, што се постигнува по 5 години студирање. Студиите по медицина и оние студии што се поврзани со медицина продолжуваат да траат 6, односно 5 години. Степенот на докторат (PhD dr.sc.) останува, но тој може да се добие по 3 години, односно 8 години вкупно студирање: 3 години (дипломиран студент или бакалауреат) + 2 години (магистер) + 3 години (доктор на науки).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Следејќи ја употребата на во Обединетите нации и други меѓународни организации, Македонија во Болоњскиот процес се води под референцата "Поранешна Југословенска Република Македонија" [1]. Видете Спор за името помеѓу Македонија и Грција.