Церска битка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Церска битка (на германски: Schlacht von Cer, на унгарски: Ceri csata), исто така позната и како Јадарска битка[1][2] (на германски: Schlacht von Jadar, на унгарски: Jadar csata) бил воен судир воден меѓу Австроунгарија и Србија во август 1914 година околу планината Цер и неколку села во нејзината непосредна околина, како и во Шабац, во текот на раната фаза на српската кампања во Првата светска војна.

Борбата била дел од првата австроунгарска офанзива на Србија и избила во ноќта на 15 август кога делови од српската Комбинирана дивизија I наишле на австроунгарска извидница залогорена на падините на Церска планина. Борбите кои следеле прераснале во борба за контрола на неколку гратчиња и села во околина на планината, како и за контрола на Шабац. Моралот на австроунгарските трупи на 19 август опаднал и илјади војници се повлекле во Австроунгарија, а многу се удавиле во Дрина бегајќи во паника. Србите на 24 август повторно влегле у Шабац, со што борбата званично завршила. Борбата била борба во средба, од маневарски тип, што значи дека во текот на борбата не се користени ровови, бидејќи ровови во оваа војна се користени за првпат кон крајот на 1914 година по борбата на Марна.

Во текот на десетдневната борба српските загуби изнесувале 3.000 мртви и 15.000 ранети. Австроунгарските загуби биле значително поголеми. Имало 8.000 мртви војници, 30.000 ранети и 4.500 заробени. Српската победа над бројно надмоќниот непријател ја означила првата победа на Сојузниците во Прва светска војна.

Позадина[уреди | уреди извор]

Со австроунгарска инвазија на Србија командувал генералот Оскар Почорек, гувернер на Босна и Херцеговина.

Во Сараево на 28 јуни 1914 година извршен е атентат на надвојводата Франц Фердинанд. Атентатор бил српскиот студент Гаврило Принцип. Атентатот довел до Јулската криза, во текот на која Австроунгарија издала ултиматум на Србија на 23 јули, под обвинение дека атентатот е организиран во Белград. Австроунгарската влада составила неприфатлив ултиматум кон Србија, така што на крајот тој е отфрлен. На Србија војната ѝ е објавена на 28 јули, а Белград е бомбардиран следниот ден. Со овој настан започнала Првата светска војна. Бројот на австроунгарските трупи одредени за инвазија на Србија бил помал од првично планирани 308 000 војници. Големиот дел на Втората аустроунгарска армија е префрлен на Источниот фронт, со што број на преостанатите војници бил сведен на бројка од 200.000 мобилизирани војници. Наспроти нив, Срби можеле да мобилизираат околу 450 000 војници. Главнината на силата која требало да ѝ се спротивстави на австроунгарската војска ја сочинувале Прва, Втора и Трета армија, како и Ужичката војска. Овие сили броеле околу 180 000 војници.[3] За врховен командант на австроунгарските сили во инвазија на Србија бил избран генералот Оскар Почорек, исто така претходно одговорен за обезбедување на Франц Фердинанд, во моментот на атентатот се наоѓал во истиот автомобил. Пред борбата, Почорек предвидел лесна победа, потценувајќи го непријателот, Србите ги нарекувал „одгледувачи на свињи“. Врховен командант на српските сили бил престолонаследникот принц Александар, со началникот на генералштабот војводата Радомир Путник, кој порано командувал со српските сили во Балканските војни. Генералот Петар Бојовиќ командувал со Првата армија, Генералот Степа Степановиќ командувал со Втората армија, а Павле Јуришиќ Штурм со Третата армија.

Во текот на Балканските војни 1912—1913, Србија изгубила 36.000 војници и имала околу 55.000 ранети. Од новоосвоените територии дошле многу малку регрути, кои биле употребени за борба против албанските одметници и како резерва во случај на евентуален напад од бугарска страна. Недостасувала артилериска муниција, бидејќи Србија тогаш само што започнала да ја обновува резервата на граните, затоа што претходно ги искористила во Балканските војни. Не можела да обезбеди ниту соодветни обувки за новопридојдените регрути, кои на рапорт доаѓале боси. Проценето е и дека во случај на потполна мобилизација, околу 50.000 српски војници, од опрема не би имале ништо, само шинел и шајкача. На српскатавојска и недостасувале и пушки, бидејќи Кралството Србија не можела да ги произведува, ниту да ги увезе од странство. Од друга страна, Австроунгарска поседувала модерни пушки во изобилство и двојно повеќе митралези. Имала поголеми резерви на муниција, како и многу подобра сообраќајна и индустриска инфраструктура. Меѓутоа, после две Балкански војни српските војници биле поискусни и пообучени од австроунгарските. Без разлика што на регрутација доаѓале со вили и секири, нивниот мотив бил посилен: да се одбрани од Австроунгарија.

За врховен командант на австроунгарските сили во инвазија на Србија бил избран генералот Оскар Почорек, исто така претходно одговорен за обезбедување на Франц Фердинанд, во моментот на атентатот се наоѓал во истиот автомобил. Пред борбата, Поќорек предвидел лесна победа, потценувајќи го непријателот, Србите ги нарекувал „одгледувачи на свињи“. Врховен командант на српските сили бил престолонаследникот принц Александар, со началникот на генералштабот војводата Радомир Путник, кој порано командувал со српските сили во Балканските војни. Генералот Петар Бојовиќ командувал со Првата армија, Генералот Степа Степановиќ командувал со Втората армија, а Павле Јуришиќ Штурм со Третата армија.

Последици[уреди | уреди извор]

До 23 август 1914 година на слободнaта српска територијa не останал ниту еден австроунгарски војник. Генералот на Втората српска армија, Степа Степановиќ добил чин војвода, по неговото успешно командување во битката . Битката има големо влијание врз војниците на австроунгарската војска на Балканот и нивните сили во Црна Гора морале да го напуштат градот Плевља, кој го зазеле на 19 август 1914 година. Успехот на битката привлечкол светско внимание кон Србија и ѝ донеле наклоност во неутралните и сојузнички земји, бидејќи таа битката била првата сојузничка победа врз Централните сили во Првата светска војна. Како последица на тоа, многу странци дошле во Србија кон крајот на 1914 година, нудејќи финансиска, политичка, хуманитарна и воена помош. Статиите во весниците во одбраната на Србија станале почести во британските весници, а земјата била толку ценета што одредени културни групи во Италија го поддржале влезот на Италија во војната на страната на сојузниците, користејќи ја Србија и Црна Гора за пример. За време на Битката кај Јадар и Цер српската Ужичка војска и црногорската Санџачка војска успеале да го спречат пробивот кон Ужице. Поразот на Цер, стравот од српската офанзива и бунтот пречанските Срби, го принудиле Почорек, ѕаповедник на австроунгарските сили во Босна, да премине во дефанзива на сите фронтови. Српската војска, под притисок на Сојузниците, започна неуспешна Сремска операција, додека во исто време на Дрина течела неуспешната австроунгарска офанзива.

Диорама на српскиот фронт 1914

Загуби[уреди | уреди извор]

Споменик на паднатите српски војници на Текери

Борбата била карактеристична по големи загуби на двете страни.[4] Точниот број на анстроунгарските жртви варира. Џордан мисли дека Австроунгарците загубиле околу 37 000 војници, а декаод нив 7 000биле мртви.[5] Миша Глени зборува за цифри од 30 000 ранети аавстроунгарски војници и 6-10 илјади мртви.[4] Хорн пишува дека Аавстроунгарци имале 8 000 мртви и 30 000 ранети, исто така дека загубиле 46 топови, 30 митралези и 140 коли со муниција.[6] Историчарот Дејвид Стивенсон мисли дека 4 500 австроунгарски војници биле заробени.[7]

Исто така и бројот на српски загуби варира. Хорн[6] и Џордан[5] се согласуваат дека околу 3 000 српски војници биле мртви, а 15 000 ранети во битката. Глени зборува за цифри од 3 000-5 000 мртви и околу 15 000 ранети.[4] Број на жртвите на двете страни е високата цена која е платена во Првата светска војна.[8] Францускиот новинар Хенри Барби известил: {цитат|Простор помеѓу Цер и реката Јадар каде се водела силната битка не бил ништо друго туку масовната гробница и распаднато месо... Од сенките на шумите се ширела смрадеата, толку гадна што приоѓањето на врвот на Цер било невозможно. Број на мртвите бил толку голем што Вторатаа армија заради настаните на фронтот немала доволно време да ги погреба, туку заминале во нови борби. [9]}}

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стварање Југославије 1790—1918. Просвета. 1989. година
  2. Енциклопедија Југославије ЈЛЗ Загреб 1982. године
  3. Jordan 2008, стр. 20.
  4. 4,0 4,1 4,2 Glenny 2012, стр. 316.
  5. 5,0 5,1 Jordan 2008, стр. 28.
  6. 6,0 6,1 Horne 2005, стр. 7.
  7. Stevenson 2004, стр. 60.
  8. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 143 - 144.
  9. Glenny 2012, стр. 315–316.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Стојанчевић, Владимир (1988). Србија и српски народ за време рата и окупације 1914-1918. године. Лесковац: Народни музеј.
  • Радојевић, Мира; Димић, Љубодраг (2014). Србија у Великом рату 1914-1918: Кратка историја. Београд: Српска књижевна задруга, Београдски форум за свет равноправних.
  • Поповић, Никола Б. (2000). Срби у Првом светском рату 1914—1918. Друштво историчара Јужнобачког и Сремског округа.
  • Glenny, Misha (2012). The Balkans: 1804–2012. London, United Kingdom: Granta Books. ISBN 978-1-77089-273-6.
  • Griffiths, William R. (2003). The Great War. Garden City Park, NY: Square One Publishers, Inc. ISBN 978-0-7570-0158-1.
  • Hall, Richard Cooper (2010). Balkan Breakthrough: The Battle of Dobro Pole 1918. Bloomington, Indiana: Indiana University Press. ISBN 978-0-253-00411-6.
  • Horne, Charles F. (2005). The Great Events of the Great War: Part Two. Kessinger Publishing. ISBN 978-1-4191-3369-5.
  • Jordan, David (2008). The Balkans, Italy & Africa 1914–1918: From Sarajevo to the Piave and Lake Tanganyika. London, United Kingdom: Amber Books Ltd. ISBN 978-1-906626-14-3.
  • Mitrović, Andrej (2007). Serbia's Great War, 1914–1918. London, United Kingdom: Purdue University Press. ISBN 978-1-55753-477-4.
  • Neiberg, Michael S. (2006). Fighting the Great War: A Global History. Cambridge, Mass.: Harvard University Press. ISBN 978-0-674-04139-4.
  • Pavlowitch, Stevan K. (2002). Serbia: The History of an Idea. New York, NY: New York University Press. ISBN 978-0-8147-6708-5.
  • Stevenson, David (2004). Cataclysm: The First World War as Political Tragedy. New York, NY: Basic Books. ISBN 978-0-7867-3885-4.
  • Thomas, Nigel (2001). Armies in the Balkans: 1914–18. Oxford: Osprey Publishing. ISBN 978-1-78096-735-6.
  • Tucker, Spencer C.; Roberts, Priscilla Mary (2005). The Encyclopedia of World War I : A Political, Social, and Military History. Santa Barbara, CA: ABC-CLIO, Inc. стр. 172–173, 604–605. ISBN 978-1-85109-420-2.
  • Поповић, Никола Б. (2000). Срби у Првом светском рату 1914—1918. Нови Сад: Друштво историчара Јужнобачког и Сремског округа.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]