Прејди на содржината

Битка на Дрина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка на Дрина
Дел од Прв дел од Србија во Првата светска војна на Балканскиот фронт во (Првата светска војна)

Споменик на паднатите српски и австроунгарски војници на местото на битката
Датум 6 септември - 4 окромври 1914 година
Место Дрина
Исход Без победник, австроунгарската офанзива била спречена
  • Србите се повлекуваат[1]
  • Австријците формираат силни позиции[1]
Завојувани страни
 Австроунгарија  Србија
 Црна Гора
Команданти и водачи
Австроунгарија Оскар Потиорек
Австроунгарија Либоријус фон Франк
Кралство СрбијаСтепа Степановиќ
Кралство СрбијаПавле Јуришиќ Штурм
Сила
Елементи на Втората и Третата српска армија
Жртви и загуби
приближно 17,000 мртви & повредени приближно 18,500 мртви & повредени

Битка на Дринa или Дринска битка претставува низа на борби кои ги воделе силите на Кралството Србија, со цел да се запрат другите обиди на Австроунгарија да продрат во Србија, во текот на 1914 година. После тешки и крвави рововски борби, српската војска била приморана на повлекување, поради недостаток на храна, воен материјал, а особено артилериска муниција. Повлекувањето на српската војска, повекло со себе и егзодус на месното население, кое се плашело од нови масакри од страна на австроунгарската војска. Во врска со оваа битка е Мачковиот камен. Со завршувањето на битката на Дрина и продорот на Австроунгарците во Србија, отпочнале операции на српската војска кон крајот на 1914 година, која најзначајниот дел е Колубарската битка.

  1. 1,0 1,1 World War I: encyclopedia. S - Z, Vol.4, Ed. Spencer Tucker, (ABC-CLIO, 2005), 366.