Цер (планина)

Координати: 44°36′11″N 19°29′39″E / 44.60306° СГШ; 19.49417° ИГД / 44.60306; 19.49417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Цер
Цер
Цер во лето
Највисока точка
Надм. вис.689 м [1]
Координати44°36′11″N 19°29′39″E / 44.60306° СГШ; 19.49417° ИГД / 44.60306; 19.49417
Друго имеЦер
Географија
Цер на карта

Карта

МестоСрбија
Матичен венецДинариди

Церпланина во северозападниот дел на Србија. Се наоѓа на 35 км од Шабац и 100 км од Белград. Цер лежи на надморска висина од 689 м[2] и е долг околу 15 км.

Одлики[уреди | уреди извор]

Планината го добила своето име по многубројните дрвја цер. Планината е доста пошумена, не е населена, има најмногу бука, даб и габер, а сите се заслужни за свежиот и чист воздух. Околината се одликува со многу зеленило, листопадни дрвја и ниска вегетација.

Цер е богат со боровинки, шумски јагоди, печурки и лековити растенија, а на пролет може да се видат најразновидните бои на ливадско цвеќе.

Легендата за царот Тројан и неговите пет ќерки Косана, Ковиљка, Вида и Сока потекнува од планината Цер, по кои градовите ги добиле имињата Соко Град, Ковиљача, Видин Град и Косана Град (на Цер). Името на петтата ќерка било Драга. На Цер има три многу важни манастири, манастирот Чокешина, манастирот Радовашница и манастирот Петковица. Од овие краишта потекнува и Милош Обилиќ, поточно од селото Милошевац, се верува дека ја изградил манастирската црква (Чокешина) посветена на Рождеството на Пресвета Богородица.

На Цер се водела Церската битка во Првата светска војна, која се водела од 12 до 24 август 1914 година. Започнала ноќта на 15 и 16 август, бидејќи австроунгарската војска претходно ја преминала Дрина со намера да премине во Србија, а од 21 до 24 август бил ослободен Шабац, со што австроунгарската војска дефинитивно ја напуштила Србија.

Почната е постапка за заштита на планината Цер како област со исклучителени одлики од прва категорија.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Planina Cer Архивирано на 17 март 2010 г. Tourist organization of Šabac
  2. Planina Cer Архивирано на 17 март 2010 г., Пристапено на23. 1. 2014.
  3. Ступарушић, Славица (18. 7. 2019.). „Цер под заштитом државе као предео изузетних одлика“. Политика. Посетено на 19. 7. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]