Шумска јагода

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шумската јагода или ѕуница[1] (науч. Fragaria vesca) — повеќегодишно растение што вирее во дивина ширум северната полутопка.

Сите видови на јагода имаат основен хаплоиден број од 7 хромозоми; Fragaria vesca се диплоидни, и со тоа имаат два пара на вакви хромозоми, значи вкупно 14.

Опис[уреди | уреди извор]

Шумската јагода (Fragariavesca) е претставник од фамилијата рози Rosaceaeкоја брои повеќе од 4800 видови растенија. Тие со повеќегодишни растенија, а најзастапени се на Северната полутопка. Шумската јагода е карактеристична по своите троделни назабени листови и белите цветови. Најчесто се размножува вегетативно со столони, а поретко генеративно од семка. Се одликува со силна пријатна арома на плодовите, а исто така наоѓа примена и во традиционалната медицина како лек против стомачни болки.[2]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Се среќава на високопланински пасишта, на рабови од шума како и на отворени терени најчесто на засенчени места.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Постајат низа подвидови и облици:

  • Fragaria vesca подвид americana
  • Fragaria vesca подвид bracteata
    • Fragaria vesca подвид bracteata f. albida
    • Fragaria vesca подвид bracteata f. bracteata
    • Fragaria vesca подвид bracteata f. helleri
  • Fragaria vesca подвид californica
  • Fragaria vesca подвид vesca
    • Fragaria vesca подвид vesca f. alba
    • Fragaria vesca подвид vesca f. roseiflora, препознатлива по светлорозовата нијанса на неговите светчиња
    • Fragaria vesca подвид vesca f. semperflorens

Одгледување и употреба[уреди | уреди извор]

Шумската јагода се одгледувала насекаде во Европа пред да биде во голема мера заменета со градинарската јагода (Fragaria x ananassa и други хибриди), кои даваат многу поголеми плодови. Плодот на шумската јагода е многу посилен по вкус и арома, и сѐ уште се одгледува во мали количества кои се продаваат на гурмани.

За разлика од највеќето комерцијални сорти на јагоди, шумските јагоди ретко пуштаат надворешни коренчиња, и обично се размножуваат со семки или поделба на растението.

Некои сорти на F. vesca даваат зелени, бели или жолти јагоди при зрелост, покрај нормалните црвени јагоди.

F. vesca понекогаш се користи во билната медицина; билниот чај од листовите, стеблата и цветовите на ова растение се мисли дека лечи пролив.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Den Virtuella Floran, шведска страница со добри фотографии од растението (шведски)