Разлика помеѓу преработките на „Бил Клинтон“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 114 бајти ,  пред 1 година
с
Додадена категорија using AWB
с (Додадена категорија using AWB)
}}
 
'''Вилијам Џеферсон „Бил“ Клинтон''' (англ. ''William Jefferson "Bill" Clinton'', родено име: ''Вилијам Џеферсон Блајт III''), бил [[список на претседатели на САД|42. претседател на САД]]. Своето претседателство го започнал по крајот на [[Студената војна]] во 1993. година. Бил еден од најмладите претседатели на САД, и првиот претседател од [[Бејби-бум]] генерацијата на САД. Неговата сопруга, [[Хилари Клинтон]] во моментов (јули 2009) е државен секретар на САД.
 
Бил Клинтон потекнувал од скромно семејство со еден родител. Завршил правен факултет на престижниот универзитет Јеил, а пред да стане политички активен, имал адвокатска канцеларија. На претседателската функција дошол откако претходно бил гувернер на [[Арканзас]]
 
Неговото претседателство го карактеризирале низа социјални мерки, поради што бил омилен кај народот. Во неговото претседателство, САД имале буџетски суфицит и континуиран повеќегодишен економски раст. Поради ова, неговата популарност во текот на целиот мандат била над 50%, а кога ја напуштал функцијата имал популарност од 66%, што е единствен случај во историјата на САД.
 
И покрај својата популарност, бил повикан на одговорност и суден од [[Сенат на САД|Сенатот]] во 1999. поради давање лажна изјава во истрагата против него поради сексуална врска со Моника Левински - волонтерка вработена во [[Белата куќа]]. При гласањето, Сенатот не успеал да постигне двотретинско мнозинство потребно за да го разреши претседателот.
 
Кај нас ќе остане запаметен по тоа што со воена интервенција, а потоа и со преговорите спонзорирани од САД, ставил крај на [[Граѓанската војна во БиХ]] во 1995. со [[Дејтонскиот мировен договор]]. Покрај тоа, негова заслуга е и отворањето на патот за осамостојување на [[Косово]], по бомбардирањето на Србија поради етничкото чистење во 1999. година и воспоставувањето на меѓународен протекторат на Косово.
 
== Наводи ==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Претседатели на САД]]
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Добитници на Претседателскиот медал на слободата]]

Прегледник