Прејди на содржината

Сантјаго Верхини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сантјаго Верхини
Лични податоци
Полно име Сантјаго Верхини[1]
Роден на 3 август 1988(1988-08-03)(37 г.)
Роден во Росарио, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001910000001,91 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2022 (33 г.)
Младинска кариера
Велес Сарсфилд Велес Сарсфилд
Олимпија Олимпија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Олимпија Олимпија 18 (1)
2011Верона Верона 16 (1)
2011-2013 Њуелс Олд Бојс Њуелс Олд Бојс 78 (2)
2013-2014 Естудијантес Естудијантес Л.П. 13 (1)
2014-2016 Сандерленд Сандерленд 42 (0)
2015-2016Хетафе Хетафе 25 (0)
2016-2018 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 36 (0)
2018-2019 Бурсаспор Бурсаспор 8 (0)
2019-2021 Сан Лоренцо Сан Лоренцо 6 (0)
2021Атлетико Тукуман Атлетико Тукуман 20 (1)
Репрезентација
2012-2014 Аргентина Аргентина 3 (0)

Сантјаго Верхини (роден во Росарио, 3 август 1988) — поранешен аргентински фудбалер, играч од одбраната.

Клупска кариерата

[уреди | уреди извор]

Олимпија

[уреди | уреди извор]

Верхини ја започнал својата кариера во Велес Сарсфилд, но никогаш не настапил за првиот тим. Во 2009 година, тој го направи своето професионално деби за парагвајскиот тим Клуб Олимпија, завршувајќи ја својата прва сезона со 14 настапи и еден постигнат гол. Тој потоа направил уште четири настапи во сезоната 2010.

Хелас Верона

[уреди | уреди извор]

Во 2011 година пристигнал во Лега Про клубот, Хелас Верона на заем од Олимпија.[2] На стартот од сезоната Верхини бил стартер и заедно со Лука Чекарели го сочинувале стоперскиот тандем на Хелас. Но со доаѓањето на Андреа Мандорлини на тренерското место тој бил испртен на клупата за резерви, а во некои случаи и на трибините, бидејќи Мандорлини имал повеќе доверба во Доменико Мајета. Во текот на сезоната сепак успеал да постигне еден гол против Басано Виртус на Бентегоди.

Њуел Олд Бојс

[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, тој потпишал за Њуел Олд Бојс и постигнал 2 гола во 78 настапи.

Естудиантес

[уреди | уреди извор]

Верхини потпишал за Естудиантес во 2013 година и направил 13 настапи со еден постигнат гол.

Сандерленд

[уреди | уреди извор]

На 20 јануари 2014 година, Верхини го комплетирал својот договор за заем во Сандерленд во Премиер лигата за остатокот од сезоната 2013-14.[3]

Тој го направи своето првенствено деби на 8 февруари, влегувајќи на местото на Фабио Борини во првото полувреме од натпреварот против Хал Сити откако стартниот стопер Вес Браун заработил црвен картон.[4] Поради суспензијата на Браун, Верхини добил можност да го запише својот прв старт за Сандерленд на 22 февруари при гостувањето на Арсенал, и направил некој груби грешки кој клубот го чинеле убедлив пораз со 4-1.[5] На 2 март, Верхини бил неискористена замена кога Сандерленд го загубил финалето на Лига купот со 3-1 од Манчестер Сити на Вембли.[6]

По неколку натпревари во центарот на одбраната, Гус Појет го преместил Верхини на позиција десен бек поради проблемите со повреди на играчите што играле на таа позиција. Тој значително ги подобрил неговите настапи и му помогнал на Сандерленд да избегне испаѓање и да заврши 14. во Премиер лигата.

На 7 август 2014 година, тој повторно потпишал едно-сезонски заем со Сандерленд за кампањата 2014-15. Сандерленд не можел да потпише постојан договор со него заради тоа што играчот има ко-сопственост договор.[7]

На 18 октомври 2014 година, во поразот со 8-0 пораз од Саутхемптон, Верхини го отворил резултатот во 12 минута со "еден од најпознатите бизарни авто-голови во историјата на Премиер Лигата". Во обидот да ја расчисти топката "испалил" волеј од работ на шеснаесетникот и ја забил топката во десниот горен агол на сопствениот голман Вито Маноне. Менаџерот Гус Појет рекол: "Дури и ако го гледаш 20 пати, нема да знаеш како тоа можеше да се случи".[8]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Верхини го заработил својот прв настап за Аргентина во пријателски натпревар против Бразил на 20 септември 2012 година во кој играле само играчи кој настапуваат во домашните првенства. Тој влегол во натпреварот, како замена за Лисандро Лопес во 73-тата минута, но аргентинците загубиле со 2-1 во Гојанија.[9] Тој се вратил во репрезентацијата на 14 октомври 2014 година, играјќи во победата со 7-0 во пријателски натпревар на гости против Хонгконг.[10]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
20-09-2012ГојанијаБразил Бразил2 – 1Аргентина АргентинаПријателска-влегол во игра 73'
14-10-2014ХонгконгХонгконг Хонгконг0 – 7Аргентина АргентинаПријателска-
12-11-2014ЛондонАргентина Аргентина2 – 1Хрватска ХрватскаПријателска-
Вкупно Настапи 2 Голови 0
  1. „Premier League Clubs submit Squad Lists“ (PDF). Premier League. 4 February 2014. стр. 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-16. Посетено на 9 February 2014.
  2. Ufficiale: Halfredsson e Vergini al Verona Архивирано на 21 август 2014 г. Tggialloblu.it
  3. „Defender Vergini joins“. Sunderland AFC. 20 January 2014.
  4. „Sunderland 0 - 2 Hull“. BBC Sport. 8 February 2014.
  5. Hytner, David (22 February 2014). „Olivier Giroud and Arsenal keep up fight at top by beating Sunderland“. The Guardian.
  6. McNulty, Phil (2 March 2014). „Man City 3-1 Sunderland“. BBC Sport. Посетено на 12 September 2014.
  7. „Vergini returns“. Sunderland AFC. 7 August 2014.
  8. Reddy, Luke (18 October 2014). „Southampton 8 – 0 Sunderland“. BBC Sport. Посетено на 18 October 2014.
  9. „Brazil 2-1 Argentina“. Goal.com. Посетено на 8 August 2014.
  10. „Hong Kong 0-7 Argentina“. BBC Sport. 14 October 2014. Посетено на 18 October 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]